Духовност
Духовен Азбучник
Што е тоа грев и кои се основни гревови (10) - СТОМАКОУГОДУВАЊЕ
| Што е тоа грев и кои се основни гревови (10) - СТОМАКОУГОДУВАЊЕ |
|
|
|
Архимандрит Лазар Витаниски СТОМАКОУГОДУВАЊЕ
На разни луѓе им е потребна различна количина храна за одржување на физичката сила - тоа зависи од возраста, од телесната конституција, од здравствената состојба, од тежината на работата што ја извршува човекот. Во самата храна нема никаков грев зашто таа е Божји дар. Гревот се состои во односот кон неа како кон сакана цел, се поклонуваат пред неа и сладострасно го доживуваат чувството на вкус, разговорот на оваа тема, во тежнеењето што повеќе пари да се потрошат на нови и раскошни јадења. ПИЈАНСТВОТО
Тешка страст што е тесно поврзана со прејадувањето е пијанството. Секој знае колку несреќа донесува оваа страст насекаде. За тоа колку пијанството е погубно за здравјето, за психата, за односите со блиските луѓе - за тоа многу зборуваа и оние што веруваат и оние што не веруваат во Бога. Несреќата е во тоа што човекот што пие тешко може да избегне повод за пиење и да се оттргне од алкохолот зашто без пиење во друштвото не минува ниту еден настан - ни мал, ни голем, ни радосен, ни тажен. Притоа сите сметаат дека им е должност да внимаваат на тоа ближниот да пие, зашто се плашат дека без тоа нема да биде „расположен". Така е и сега, и меѓу верниците, дотолку повеќе што за секој христијанин виното е посебна суистанција, како лебот и маслото што се осветени зашто често се користат во богослуженијата; чистото црвено вино и посебно подготвениот леб - просфората служат за извршување на светата тајна Евхаристија. Заради тоа, на христијанските празници секогаш има вино и не е грев ако човек малку се напие за да се подигне празничното расположение, но во наше време луѓето станаа толку слаби, толку не се воздржуваат, така што на празничната трпеза скоро секогаш некој се опива. Порано дури и по манастирскиот устав на монасите им било дозволено да се напијат до две чаши на трпезата, но треба да го имаме на ум тоа дека луѓето тогаш биле многу посилни и повоздржливи и дека виното на нив немало такво дејство. Во наше време треба да се биде крајно внимателен, и кога човекот знае Дека има слабост кон пиењето треба однапред многу строго да се иодготви иа тоа, или воопшто да не се допре до пијалак, или да почитува точна мера. Сега често се пие вино и за време на постот, што претставува очигледно нарушување на постот зашто во црковните типици јасно е напишано кога во постот може да се употребува вино, а тоа е само во случај на некој празник.
(Продолжува) Извадок од книгата: ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј
Друго: БОГОХУЛСТВО И ЗАКОЛНУВАЊЕ ВО БОГА Што е тоа грев и кои се основни гревови (3) СВЕТА ТАЈНА ПОКАЈАНИЕ И ИСПОВЕД (2)
Посети: 703
Е-пошта
|
|||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| SIROK SOKAK=SIROK PAT |
| 21/11/08 15:15 Повеќе... |
| Од M16TIK |
| Несоборливиот аргумент на господинот Иларион |
| Ц, немам мисио... |
| 21/11/08 15:03 Повеќе... |
| Од Б. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| pozdrav do o.Gavril i od ... |
| 21/11/08 14:55 Повеќе... |
| Од sofija |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Ova pokazuva deka zetvata... |
| 21/11/08 12:47 Повеќе... |
| Од p.h. |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |