Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Дома
Од Православен календар - Преподобен Киријак Отшелник Испечати Е-пошта

   Житие

  12/10/2008

sv.Kirjak.Otselnik.jpgРоден е во Коринт од родителите Јован и Евдокија. Татко му беше презвитер, а месниот епископ Петар му беше роднина. Во раната младост епископот го постави за чтец на соборната црква. Читајќи го Светото Писмо младиот Киријак ѝ се восхитуваше на Божјата Промисла којашто ги прослави сите вистински слуги на живиот Бог и го устрои спасението на човечкиот род. Во неговата осумнаесетта година желбата за духовен живот го одведе во Ерусалим. Таму тој стапи во манастирот на некој Божји човек Евсторгиј, којшто му даде почетни упатства за монашки живот. Потоа отиде кај Св. Ефтимиј, кој го проѕре како иден духовен великан, го облече во схима и го прати на Јордан кај Св. Герасим, каде што Св. Киријак помина девет години.

По смртта на Св. Герасим повторно се врати во манастирот на Св. Ефтимиј, во кој остана во безмолвие десет години. Потоа постојано го менуваше местото на подвигот, бегајќи од човечка слава. Се подвизуваше и во обителта на Св. Харитон, каде што најпосле и го заврши својот пат на земјата, а наврши сто и девет години. Прославениот подвижник и чудотворец Св. Киријак беше крупен и силен во телото и таков остана до длабока старост и покрај тешкиот пост и бдеењето.

Во пустината понекогаш со години се хранеше само со сурово зелје. Ревнуваше многу за православната вера изобличувајќи ги ересите, особено Оригеновата ерес. За себе зборуваше дека како монах сонцето никогаш не го видело да јаде ниту да се гневи на некого. Според уставот на Св. Киријак монасите јадеа само еднаш дневно, и тоа после залезот на сонцето. Беше големо светило, столб на Православието, гордост на монасите, моќен исцелител на болните и благ утешител на тажните. Во полза на мнозина поживеа долго и се пресели во вечната радост на својот Господ во 557 година. ( Од Православен календар на МПЦ )

 

 

 


Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 2
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

21/11/2008 - петок

8 Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни;

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

Свети Ефрем Сирин - Злоречието и злоречивите


... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе...

Митрополит Американско- канадски г. Методиј- Беседа


...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе...

Старец Порфириј - Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против абортусот


...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно