Skip to content
Премин Портал: Дома
Од Православен календар - Преподобен Сергеј Радоњежски Испечати Е-пошта
sv.Sergej.Radonjeski.jpg

Преподобна Ефросинија     08/10/2008

sv.Efrosinija.jpgЌерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, коишто со молитва ја беа испросиле од Бога. Како благочестиви луѓе, тие ја воспитаа во верата Христова. Не сакајќи да стапи во брак младата Ефросинија, за да се скрие од татко ѝ, се преоблече во машка облека и се пријави пред игуменот на еден машки манастир како евнух на царот Теодосиј, под името Измарагд. Игуменот го прими и му го предаде под раководство на духовникот Агипит. Со својот подвиг на пост и молитва Измарагд брзо ги надмина сите монаси во тој манастир. Кога наврши триесет и осум години во тешкиот подвиг, тој манастир го посети Пафнутиј и игуменот го упати кај Измарагд заради молитва и утеха. Измарагд го препозна Пафнутиј, но Пафнутиј не го позна Измарагд. Кога таткото ја исповеда својата тага по изгубената ќерка, Измарагд му рече да не губи надеж, бидејќи уште во овој живот ќе ја види неговата ќерка, а го замоли повторно да дојде кај него по три дена. Кога Пафнутиј дојде повторно, Измарагд лежеше на смртна постела. Тогаш му рече на Пафнутиј: „Јас сум Ефросинија, твојата ќерка, ти си ми татко!“ Таткото долго не можеше да си дојде на себе од страшното изненадување. Тогаш издивна блажената Ефросинија и татко ѝ ја оплакуваше над одарот. Откако ја погреба и самиот стапи во оној манастир и се всели во келијата на неговата упокоена и света ќерка. По десет години подвиг, се упокои во Господ и Свети Пафнутиј.

sv.Sergej.Radonjeski1.jpgПреподобен Сергеј Радоњежски     08/10/2008

Голем подвижник и светлиник на Црквата во Русија. Се роди во 1313 година во Ростов, од побожните родители Кирил и Марија. По смртта на родителите Вартоломеј - така му беше името од Крштението - се замонаши и ја основа обителта на Света Троица во Радоњежските шуми.

Овој тивок и кроток слуга Господов знаеше само за труд и молитва. Заради чистотата на неговото срце се удостои со дар на чудотворство, па со името Христово воскреснуваше мртви.

 Повеќепати му се јави Пресвета Богородица. Кај него доаѓаа кнезови и владици за совет. Тој го благослови кнезот Дмитриј Донски и му ја претскажа победата во војната за ослободување на Русија од Татарите.

Гледаше во човечките срца и во настани на далечина. Неговата обител се наполни со монаси уште за време на неговиот живот и со векови и векови служеше како едно од најглавните притекнувалишта на духовниот живот и за сведоштво на Божјите чуда. Свети Сергеј се упокои во 1391 година. По смртта повеќепати им се јави на различни лица.

 

 

Посети:387

 


Е-пошта

  Коментари (1)
1. Пратено од Z, на 09-10-2008 17:55
Dali bi mozelo da napravite so kliknuvane da moze da se zgolemi ikonata prilozena na tekstot?

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 4
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

21/11/2008 - петок

8 Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни;

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

Свети Ефрем Сирин - Злоречието и злоречивите


... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе...

Митрополит Американско- канадски г. Методиј- Беседа


...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе...

Старец Порфириј - Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против абортусот


...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно