| Свети Теофан Затворник - ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (17) |
|
|
|
Свети Теофан Затворник Вложување во небесната ризница. Богоугоден живот. Мечтаењата на “прогреснивните“ за сеопштото добро на човештвото и нивната лажливост. Многу ми е драго што сте го примиле при срце она што го напишав во минатото писмо и што се сложувате. Треба да се држите токму така. Господ нека Ви помогне!
Ете, тоа сега треба да биде сета наша грижа – да испратиме таму што повеќе влогови. И таа грижа не е тешка, како не уверува Самиот Господ кога вели: Јаремот Мој е благ, и бремето мое е лесно (Мт: 11,30). Ви го објаснував тоа кога стануваше збор за помислите кои Ве вознемириле, да не тагувате оти божем живеете бескорисно ако продолжите така. Целокупното устројство на христијанскиот живот е вакво: верувај во Бога Кому во Троица Му се поклонуваме и Кој не спасува во Господ Исус Христос, со благодатта на Светиот Дух, и примајќи благодатни сили низ Божествените Тајни на светата Црква живеј по заповедите на Евангелието, исполнувајќи се со надеж во душата дека нас Бог, заради тој мал напор, кој и одговара на нашата сила, и заради верата во Господ Спасителот и послушанието кон Него, нема да не лиши од Царството Небесно. Тоа особено го додавам, за да видите во каков дух ние христијаните треба да ги твориме своите дела. Оти некои велат; дејствувај, дејствувај, а други: верувај, верувај. Треба и едното и другото: верата да ја соединуваме со дела и делата со верата. Но сепак, вниманието сега треба да го восредоточиме на исполнувањето на заповедите. Веќе веруваме – и што уште? Извршувај ги заповедите – оти верата без дела е мртва. И фала Му на Бога што Нему Му било угодно вредноста на нашите дела да не ја одредува со нивната широчина и големина, туку со нашето внатрешно расположение во текот на извршувањето на тие дела, и што нас не опкружил со мноштво прилики да делуваме по Неговата волја, така што, ако внимаваме на себе, можеме секој час да совршуваме богоугодни дела. Нема потреба заради тоа да одиме преку морето како “напредни“; доволно е во било кој момент да се свртиме околу себе; ако на нешто го видиш печатот на заповедта изврши ја веднаш во уверение дека во тој момент токму тоа дело, а не некое друго, Самиот Бог го бара од тебе. Потрудете се уште поцврсто да се утврдите во таквата мисла. Штом се утврдите, спокојство почнува да се влива во вашето срце заради убедувањето дека во секој момент Му служите на Господ. Тоа начело е сеопфатно. Дури и кога ќе Ви наредат да ги закрпите чорапите на помладиот брат и Вие тоа го направите заради Господовите заповеди, тоа ќе биде придодадено на збирот на богоугодни дела. Така е со секој чекор, со секој збор, дури и со движење и поглед – се може да се претвори во средство да се чекори според Божјата волја, и сходно на тоа, веднаш да приближи кон крајната цел. Напреднатите го имаат во вид целото човештво и во нешто помала мерка својот народ. Но човештвото или народот не постојат како едно лице, за да може за нив сега да се направи нешто конкретно. Тоа се состои од поединечни луѓе: правејќи нешто за едниот, правиме и за целото човештво Ако секој прави што може за оној кој му е пред очи, тогаш сите луѓе во целина во секој момент би го правеле она што е потребно на сите неволници, и, задоволувајќи ги нивните потреби, би постигнале добро за целото човештво, кое е составено од оние кои имаат и оние кои немаат, од слаби и јаки. А тие во мислите го држат доброто на целото човештво, додека го занемаруваат она што им е пред очите – па излегува дека тие за тоа општо дело немаат можности, а ова поединечно го пропуштаат, ништо не правејќи за главната цел во животот. Во Санкт-Петербург ми опишаа ваков случај. Еден џентлмен на собир на млади активисти на полето на сеопшто добро – тоа било во време на врвот на прогресивниот занос – одржал силна беседа за љубовта кон човештвото и народот. Сите биле одушевени. И се вратил тој дома. Човекот кој служел кај него не ја отворил вратата доволно брзо – тоа веќе не му се допаднало, потоа доволно брзо не ја додал свеќата, потоа печката нешто не била во ред па во собата било студено... На крај, нашиот филантроп не издржал па го искарал својот слуга. Овој нешто одговорил, а нашиот чичко го удрил. Таму се распламтувал со љубов кон човештвото, а тука со еден човек не постапува како треба. Во тој прв прогресивен занос кај нас убавици брзаа да работат во книговрзни работилници мечтаејќи за тоа да одат напред и да работат за доброто на човештвото, а неретко кај куќите ги оставаа своите мајки без кришка леб. Сета несреќа доаѓа од прешироките погледи на свет. Подобро смирено да ги спуштиме очите, да гледаме пред нозете и да разбираме каде кој чекор треба да се направи. Тоа е најисправниот пат. По втор пат Ви го објаснувам истото за да запомните подобро и за тоа да Ве чува од помрачувања на кои прогресивните мечтаења ја наведуваат душата. (Продолжува) Подготви: Б.Ѓ.
Посети:465 Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sogoleno do srz, vo presr... |
| 21/11/08 20:43 Повеќе... |
| Од m |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sila si duci :zzz :zzz ... |
| 21/11/08 20:41 Повеќе... |
| Од m |
| Божествена Литургија во Св. Спас, Скопје (16.11.2008) |
| zal mi e sto ne bev na t... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од johnpaul |
| Мошти на св. Климент патуваат во Бугарија |
| дејствата на ... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од стефан |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 21/11/2008 - петок |
8 Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни; |
![]() |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе... |
![]() ...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |