Дома
| Свечена Академиија во храм на св. Софија во Охрид (04.10.2008) |
|
|
|
Во рамките на свечениот дел на Архиепископиот црковно-народен собор во храмот на св. Софија во Охрид, а по повод 50-годишнината од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ, се одржа свечена Академија. Со пеењето на композицијата „В хиљада седумстотин шездесет и второ лето...“, хорот Св. Климент Охридски од Скопје ја отвори Академијата.
Потоа беше прикажан краткометражен документарен филм: „50 години возобновена Охридска Архиепископија- Македонска православна црква“
„Имајќи ја предвид традицијата во Христовата Црква, уште од најрани времиња, како и мислењето на светите отци, како, на пример, учесниците на IV Вселенски собор, кои, во 17 правило на истиот, предвиделе дека доколку една територија, со свои граници, во текот на соследователни 30 години, независно од другите, го организирала црковниот живот, значи дека на истата треба да и' се признае самостојност. Тоа го препорачуваат скоро сите толкувачи на каноните. Благодарение на длабоката вера, на верата потврдена со дела, со дела на љубовта, ете, растеше и расте Црквата наша Охридска и Македонска, напредуваше полевана од солзи и крв, мачеништва и страданија... За таа Црква, возобновена пред половина век, еве, се собравме да и' се радуваме и на младоста нејзина и, воедно, да се гордееме и на древноста нејзина, „сеќавајќи се", како што вели пророкот, „на она што го направиле нашите татковци", како и на тоа дека „сме Црква на живиот Бог, Кој се вселил во нас и живее во нас - и ние сме народ Божји" (сп: 2 Кор. 7, 16).“
Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан произнесе Јубилејно слово
Првиот Собор се одржал на 4 и 5 март 1945 година во Скопје. На Соборот е утврдена вековната желба на македонскиот народ за возобновување на Охридската архиепископија според 17. и 30. правило на Вселенскиот собор, и според 800-годишното постоење на Охридската архиепископија како Помесна православна црква како дел од Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. На Соборот е утврдено да се изберат епископи од македонскиот народ, како и да се задржи карактерот на Охридската архиепископија како родна црква на македонскиот народ. Утврдено е титулата на поглаварот да биде Охридски архиепископ, црквата Светиклиментова охридска архиепископија, а архиепископот да биде востоличен во Охрид на тронот на охридските архиепископи. Вториот Собор бил одржан од 4 до 6 октомври 1958 година кога е возобновена Охридската архиепископија во лицето и како Македонската православна црква со тогашни три епархии: Скопска, Охридско-битолска и Злетовско-струмичка. На чело на МПЦ на тронот на охридските архиепископи во Охрид во црквата Св. Климент Охридски (Св. Богородица-Перивлепта) на 5 октомври 1958 беше востоличен архиепископот г.г. Доситеј со титула архиепископ охридски и скопски и митрополит македонски, а седиштето на МПЦ е определено во Скопје. На 6 октомври 1958 е донесен Уставот на МПЦ, раководена според каноните, правилата и преданието на Светата православна црква. Третиот Собор бил одржан на 17 јули 1967 година кога е прогласена автокефалноста на Македонската православна црква на чело со архиепископ со титула Архиепископ охридски и македонски. Подоцна се одржани уште неколку архиепископски црковно-народни Собори на МПЦ во 1994, 2004, 2005 година. +++
Посети: 434 Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sogoleno do srz, vo presr... |
| 21/11/08 20:43 Повеќе... |
| Од m |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sila si duci :zzz :zzz ... |
| 21/11/08 20:41 Повеќе... |
| Од m |
| Божествена Литургија во Св. Спас, Скопје (16.11.2008) |
| zal mi e sto ne bev na t... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од johnpaul |
| Мошти на св. Климент патуваат во Бугарија |
| дејствата на ... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од стефан |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 21/11/2008 - петок |
8 Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни; |
![]() |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе... |
![]() ...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |