Дома
| Црковно-народен собор на Македонската Православна Црква (05.10.2008) |
|
|
Од 3-5 октомври во манастирот на Рождество на Пресвета Богородица во Калишта беше одржан Црковно-народен собор на Македонската Православна Црква. Со соборот претседаваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој одржа воведно слово:
Имено, според Уставот на нашата Света Црква (член 45) Соборот треба да одржува заседанија еднаш годишно, а по укажана потреба да се состанува и на вонредни заседанија. Овојпат се собравме, по двоен повод: и за да ја исполниме уставната норма и да одбележиме значаен Јубилеј - 50 години од одржувањето на Вториот Архиепископски црковно-народен собор. Соборот има исклучително место во поновата историја на Македонската Православна Црква, а своето постоење го потпира врз долгата традиција на Црквата Христова, дури од апостолско време. Соборот, всушност, е собрание на народот Божји, народот избран и повикан да Му служи на Бога. Соборот е израз на Црквата и како институција одговара на структурата на Црквата, која е ерархиско-заеднички организам. Тој е колективен субјект што ја изразува соборната свест на Црквата. По Божја милост се собравме денес овде, во Калишта, на работниот, а вечерва и утре во Охрид на свечениот и богослужбен дел од Соборот. Дадена ни е исклучителна должност, но и обврска. Нам, на шеесетината претставници на сите епархии и институции на Македонската православна црква, кој по функција, кој по избор, со сите членови на Синодот, со претставници на монаштвото, свештенството, Богословијата и Богословскиот факултет, сите заедно да го составиме ова највисоко црковно-управно и законодавно тело. Ако ја прелистаме црковно-народната македонска историја, не ќе најдеме лесно и спокојно време. Нема период во кој мирно живеела нашата Црква и нашиот народ. Што од туѓинци и друговерни, што од војни и завладувања, што од селидби и присилби, од пропаганди и влијанија, како и од меѓусебни делби и поделби, страдал и, за жал, сè уште страда нашиов народ. Црквата наша Охридска и Македонска му била и ќе му биде една од најсилните потпори и најверната чуварка и заштитничка и овде во Татковината и ширум по светот. Треба да сме Му благодарни на Бога, на преголемата Негова милост, што нашата света Црква ја зачува, и покрај сите голготи и распетија. Треба да сме им благодарни на нашите предци, кои низ вековите живееја и починаа под закрилата на нашата Света Црква, што придонесоа нашата Црква да биде и да остане тврдина во која се одвивал севкупниот живот на нашиот народ. Овој годинашен јубилеен Собор, покрај работниот и свечениот дел, сам по себе, има исклучително значење. Тој ни порачува и да размислуваме, по петдецениското самостојно делување на нашата Света Црква, да размислуваме за нејзиниот раст, за нејзината зрелост, за сето она што го направивме како нејзини чеда, како и за она што не го направивме. На внатрешен план, верувам, сте согласни, постигнавме видни резултати. Духовната страна, таа основна димензија во мисијата на Црквата, ја издигнавме колку што можевме, или, подобро речено, колку што ни беше овозможено и колку што времињата дозволуваа... Го чувавме и го чуваме Православието, иако постојано сме изложени на најразлични друговерни мисии и мисионери. Обновивме стари храмови и изградивме многу нови, иако е видлива потребата за уште сакрални градби во поголемите градови: Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Куманово, Кичево и други места, како и меѓу нашите по европските земји. Она од што најмалку треба да бидеме задоволни, иако не по наша вина, е сè уште нерешениот статус на нашата Света Црква. Правиме напори, обидувајќи се на сите можни начини да го актуализираме нашево прашање и пред Вселенската патријаршија и пред другите православни цркви. Нашево неприфаќање не е од канонски и други црковни пречки. Повеќе од јасно е дека македонското црковно и државно прашање, особено прашањето со името, за жал, е најголемата пречка и за признавањето од Цариградската патријаршија. Но, наше е и понатаму да продолжиме да ја чуваме верата, да ја чуваме Црквата. Архиепископскиот црковно-народен собор има исклучителна улога во животот на Црквата. Да потсетам - благодарение на Соборот одржан пред 50 години, го имаме ова што го имаме - возобновена Охридска архиепископија како Македонска православна црква, ја имаме Црквата наша света, а во неа поголемиот дел од македонскиот народ, особено во прекуокеанските земји, имаме домородни архиереи, монаштво и свештенство, со органи, тела и институции. Ја имаме благодатта Божја, Го имаме Бога и Неговите светии. Благодарение на соборјаните од пред 50 години имаме сè што ѝ е потребно на една Света, Соборна и Апостолска Црква. Молејќи се за покој на починатите и добро здравје на живите учесници на Вториот Архиепископски црковно-народен собор, вам, на сегашните членови, ви посакувам добредојде на овој Собор и успешна работа на истиот. Господ, дарителот на сè, нека нè благослови и нека ни дарува сили и мудрост достојно да ја оправдаме дадената доверба, совесно исполнувајќи ја должноста – член на највисокото црковно-управно и законодавно тело на МПЦ. Амин! Ви благодарам за вниманието!"
Р Е З О Л У Ц И Ј А
Посети:764
Е-пошта
|
|||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sogoleno do srz, vo presr... |
| 21/11/08 20:43 Повеќе... |
| Од m |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sila si duci :zzz :zzz ... |
| 21/11/08 20:41 Повеќе... |
| Од m |
| Божествена Литургија во Св. Спас, Скопје (16.11.2008) |
| zal mi e sto ne bev na t... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од johnpaul |
| Мошти на св. Климент патуваат во Бугарија |
| дејствата на ... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од стефан |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 21/11/2008 - петок |
8 Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни; |
![]() |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе... |
![]() ...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |