Skip to content
Премин Портал: Дома
Црковно-народен собор на Македонската Православна Црква (05.10.2008) Испечати Е-пошта

Од 3-5 октомври во манастирот на Рождество на Пресвета Богородица во Калишта беше одржан Црковно-народен собор на Македонската Православна Црква. Со соборот претседаваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој одржа воведно слово:


„Еве, под закрилата на Пресвета Богородица – заштитничката на овој крај и по молитвите на свети Климент Охридски, - патронот на нашата Света Црква, како членови на Архиепископскиот црковно-народен собор, највисокото црковно управно и законодавно тело на Македонската Православна Црква, се собравме на дводневен Собор, кој има работен и свечен дел.

Имено, според Уставот на нашата Света Црква (член 45) Соборот треба да одржува заседанија еднаш годишно, а по укажана потреба да се состанува и на вонредни заседанија. Овојпат се собравме, по двоен повод: и за да ја исполниме уставната норма и да одбележиме значаен Јубилеј - 50 години од одржувањето на Вториот Архиепископски црковно-народен собор.

Соборот има исклучително место во поновата историја на Македонската Православна Црква, а своето постоење го потпира врз долгата традиција на Црквата Христова, дури од апостолско време.

Соборот, всушност, е собрание на народот Божји, народот избран и повикан да Му служи на Бога. Соборот е израз на Црквата и како институција одговара на структурата на Црквата, која е ерархиско-заеднички организам. Тој е колективен субјект што ја изразува соборната свест на Црквата.

По Божја милост се собравме денес овде, во Калишта, на работниот, а вечерва и утре во Охрид на свечениот и богослужбен дел од Соборот. Дадена ни е исклучителна должност, но и обврска. Нам, на шеесетината претставници на сите епархии и институции на Македонската православна црква, кој по функција, кој по избор, со сите членови на Синодот, со претставници на монаштвото, свештенството, Богословијата и Богословскиот факултет, сите заедно да го составиме ова највисоко црковно-управно и законодавно тело.

Ако ја прелистаме црковно-народната македонска историја, не ќе најдеме лесно и спокојно време. Нема период во кој мирно живеела нашата Црква и нашиот народ. Што од туѓинци и друговерни, што од војни и завладувања, што од селидби и присилби, од пропаганди и влијанија, како и од меѓусебни делби и поделби, страдал и, за жал, сè уште страда нашиов народ. Црквата наша Охридска и Македонска му била и ќе му биде една од најсилните потпори и најверната чуварка и заштитничка и овде во Татковината и ширум по светот.

Треба да сме Му благодарни на Бога, на преголемата Негова милост, што нашата света Црква ја зачува, и покрај сите голготи и распетија. Треба да сме им благодарни на нашите предци, кои низ вековите живееја и починаа под закрилата на нашата Света Црква, што придонесоа нашата Црква да биде и да остане тврдина во која се одвивал севкупниот живот на нашиот народ.

Овој годинашен јубилеен Собор, покрај работниот и свечениот дел, сам по себе, има исклучително значење. Тој ни порачува и да размислуваме, по петдецениското самостојно делување на нашата Света Црква, да размислуваме за нејзиниот раст, за нејзината зрелост, за сето она што го направивме како нејзини чеда, како и за она што не го направивме.

На внатрешен план, верувам, сте согласни, постигнавме видни резултати. Духовната страна, таа основна димензија во мисијата на Црквата, ја издигнавме колку што можевме, или, подобро речено, колку што ни беше овозможено и колку што времињата дозволуваа... Го чувавме и го чуваме Православието, иако постојано сме изложени  на најразлични друговерни мисии и мисионери. Обновивме стари храмови и изградивме многу нови, иако е видлива потребата за уште сакрални градби во поголемите градови: Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Куманово, Кичево и други места, како и меѓу нашите по европските земји.

Она од што најмалку треба да бидеме задоволни, иако не по наша вина, е сè уште нерешениот статус на нашата Света Црква. Правиме напори, обидувајќи се на сите можни начини да го актуализираме нашево прашање и пред Вселенската патријаршија и пред другите православни цркви. Нашево неприфаќање не е од канонски и други црковни пречки. Повеќе од јасно е дека македонското црковно и државно прашање, особено прашањето со името, за жал, е најголемата пречка и за признавањето од Цариградската патријаршија. Но, наше е и понатаму да продолжиме да ја чуваме верата, да ја чуваме Црквата.

Архиепископскиот црковно-народен собор има исклучителна улога во животот на Црквата. Да потсетам - благодарение на Соборот одржан пред 50 години, го имаме ова што го имаме - возобновена Охридска архиепископија како Македонска православна црква, ја имаме Црквата наша света, а во неа поголемиот дел од македонскиот народ, особено во прекуокеанските земји, имаме домородни архиереи, монаштво и свештенство, со органи, тела и институции. Ја имаме благодатта Божја, Го имаме Бога и Неговите светии. Благодарение на соборјаните од пред 50 години имаме сè што ѝ е потребно на една Света, Соборна и Апостолска Црква.

Молејќи се за покој на починатите и добро здравје на живите учесници на Вториот Архиепископски црковно-народен собор, вам, на сегашните членови, ви посакувам добредојде на овој Собор и успешна работа на истиот.

Господ, дарителот на сè, нека нè благослови и нека ни дарува сили и мудрост достојно да ја оправдаме дадената доверба, совесно исполнувајќи ја должноста – член на највисокото црковно-управно и законодавно тело на МПЦ. Амин!

Ви благодарам за вниманието!"

 

Р Е З О Л У Ц И Ј А
од јубилејниот Црковно-народен собор
3-5 октомври 2008


Оваа година, во овие значајни денови за Македонската православна црква и македонскиот народ, кога го прославуваме 50-годишниот јубилеј, се радуваат сите верни чеда на нашата света Црква, а со нив на небесата и душите на учесниците на Вториот Црковно-народен Собор од 1958 година. Но, се радуваат и оние, кои повеќе децении пред нив се стремеле и работеле на тоа, да се запази споменот на древната Охридска архиепископија и во погоден момент, истата повторно да се возобнови.
Што, всушност, значеше Одлуката на Соборот - да се возобнови Охридската Архиепископија како Македонска православна црква? Пред сè, таа Одлука претставуваше манифестирање на приврзаноста на нашиот благочестив народ кон православната вера во Едниот Троичен Бог, но и израз на национално самоопределување.
Ние, духовните наследници на возобновителите на древната Охридска архиепископија како Македонска православна црква, инспирирани од нивната визија и самопрегор, го продолжуваме од нив започнатото дело, грижејќи се за сегашноста и бдеејќи над иднината на Македонската православна црква.  
Во работниот дел на АЦНС беа разгледани состојбите и достигнувањата на Македонската православна црква во изминатиот период. Согледувајќи ги истите, членовите на Соборот изразуваат благодарност до Владата на Република Македонија за воведување на веронаука во редовниот образовен систем во Република Македонија, како и благодарност за добивањето на долгоочекуваната државна акредитација на ПБФ „Свети Климент Охридски“ Скопје.
Воедно, се побара и интензивирање на процесот на денационализација и враќање на имотите на црквите и манастирите на Македонската православна црква.
По истечениот успешен мандат на досегашниот потпретседател на АЦНС д-р Светислав Маџаров од Охрид, а согласно Уставот на МПЦ, со мандат од четири години, за нов потпретседател на АЦНС е избран господин Славе Трајковски од Мисисага - Канада.
Во работна и конструктивна атмосфера, а за запазување на празнично-јубилејниот карактер на Соборот, членовите на АЦНС едногласно одлучија точката 10 од Дневниот ред, предвидена за овој Црковно-народен собор, која се однесува на предлогот за измени и дополнување на Уставот на МПЦ, да се одложи и да биде внесена на дневниот ред за следниот Црковно-народен собор.
Истовремено, членовите на АЦНС упатуваат апел за национално единство и искрен и молитвен повик до државниот врв за еднообразен пристап, во овој исклучително комплексен и полн со предизвици период за нашата Татковина, поврзан со прашањето околу разговорите за името на Република Македонија, при што АЦНС препорачува да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовен идентитет на македонскиот народ, останувајќи на ставот од Резолуцијата на АЦНС од 2005 година да се зачува уставното име на Република Македонија.


Манастир Св. Богородица – Калишта
4 октомври 2008

Посети:765

 


Е-пошта

  Коментари (3)
1. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 06-10-2008 17:07
zasto nikoj ne saka da mi kaza sto e toa ljubov?
2. Пратено од DUCI, на 06-10-2008 17:11
IMALI NESTO PAMETNO DA NI PRENESETE OD TOJ SOBOR,POSHTO(ZASHTO)NA SLIKA GLEDAM NAJVEROJATNO GOVOREL VLADIKATA METODIJ?!DA CUEME NESTO POLEZNO! CAO!
3. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 06-10-2008 20:48
PREUBAV NAS MANASTIR! 
ZRACI SO DUHOVNA UBAVINA KOJA SO BOZJA POMOS NI POMAGA KOGA KE GO POSETIME DA  
PRODOLZIME DA SI JA SAKAME NASATA SVETA VERA I DA SE SPROTIVSTAVUVAME NA SITE PREMREZIJA I ISKUSENIJA KOI NI SE ISPRECUVAAT NA PATOT. 
BEVME I KE OSTANEME SILNI DA SE SPROTIVSTAVIME I DA IM DOKAZEME NA SITE DEKA KE OSTANEME DOSTOJNI NA NASITE PREDCI KOI VO MNOGU POTESKI USLOVI USPEAJA DA NI GO SOCUVAAT OVA STO GO IMAME DENES. 
STO SME NIE BEZ NASATA VERA? 
NIKOJ I NISTO.RASTENIE BEZ KOREN OSUDENO DA OVENE. 
BIDETE SILNI NASI VLADICI I SOCUVAJTE GO ONA STO GO IMAME DA IMA STO DA OSTANE ZA NASITE NAREDNI POKOLENIJA.AMIN.

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 10
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

21/11/2008 - петок

8 Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни;

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

Свети Ефрем Сирин - Злоречието и злоречивите


... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе...

Митрополит Американско- канадски г. Методиј- Беседа


...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе...

Старец Порфириј - Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против абортусот


...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно