Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Дома
Црковно-народен собор во Охрид (05.10.2008) Испечати Е-пошта

 crkva.sobor.k4.jpg


Охрид, 5 октомври (МИА) - Членовите на Архиепископиот црковно-народен собор  вчеравечер во манастирискиот комплекс Калишта кај Струга едногласно одлучија точката од дневниот ред која се однесува на предлогот за измени и дополнување на Уставот на МПЦ да се одложи и да се разгледува на следниот црковно-народен собор.

Истовремено од јубилејниот собор на ова највисоко црковно управно и законодавно тело на МПЦ упатен е апел до државниот врв за национално единство и единствен пристап во врска со прашањето околу разговорите за името со цел сите сили да се насочат кон запазување на националиот и духовен идентитет на македонскиот народ.

Со тоа се потврдува ставот од резолуцијата на Архиепископиот црковно-народен собор  од 2005 година за зачувување на уставното име на Македонија.

Членовите на Соборот изразуваат благодарност до Владата за воведување веронаука во редовниот образовен систем како и за долгоочекуваната државна акредитација на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Истовремено, правосвештенството на МПЦ, според текстот на резолуцијата, бара и интензивирање на процесот на денационализација и враќање на имотите на црквите и манастирите на МПЦ.

Архиепископиот црковно-народен собор синоќа одржа Свечена академија по повод 50-годишнината од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ.

Во рамките на Архиепископскиот црковно-народен собор во катедралната црква на Света Софија денеска се одржа Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со сите архиереи на МПЦ.

Извор:  МИА

crkva.sobor.k2.jpg

crkva.sobor.k1.jpg

crkva.sobor.k.jpg 

crkva.sobor.k5.jpg

crkva.sobor.k3.jpg

Посети: 643

 


Е-пошта

  Коментари (3)
1. Пратено од DUCI, на 06-10-2008 17:15
HUBAVO E U KALISHTA AKO MU E TAKVO IMETO? AKO USHTE BOGOSLUZI O.STEFAN SANDZAKOSKI TAMU ,SUPER E!
2. Пратено од Trpe i Stojan, на 07-10-2008 10:40
Ubavo e,a shto ako ne sluzhi??? Nema vekje da bide ubavo??? :roll :roll
3. Пратено од Ахилеј, на 07-10-2008 10:54
На многу, многу години, високопреосветени владици!

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 5
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

22/11/2008 - сабота

Преподобна Матрона Цариградска;

Светите маченици Онисифор и Порфирија;

Преподобен Јован Колов;

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

Свети Ефрем Сирин - Злоречието и злоречивите


... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе...

Митрополит Американско- канадски г. Методиј- Беседа


...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе...

Старец Порфириј - Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против абортусот


...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно