Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Дома
Едиција „Библиски настани“ - трет дел Испечати Е-пошта

Излезе од печат третиот број од илустрираната едиција „Библиски Настани“, со работен наслов Големото Бегство,
во кој е обработен првиот дел од расказот за пророкот Мојсеј.
 
-

Предговор на стрипот за Мојсеј       

 

Во расказот за Мојсеј е опишан неговиот живот, од раѓањето, посвојувањето во дворот на фараонот, промислата Божја за избавување на Израилот преку раката на Мојсеја, и конечното излегување на избраниот народ и нивното патување кон ветената земја. Централен настан во овие поглавја е повикот Божји за богослужба. Имено, уште за време на големиот глад во времето на патријархот Јосиф, кој беше поставен за управник на земјата египетска, избраниот народ – Израилот, беше принуден да ја напушти својата земја и да се насели во земјата египетска. Но поминаа многу генерации, и на престолот дојдоа владетели, кои воопшто не го познаваа патријархот Јосиф и неговите добри дела. Па така, тие од избраниот народ направија свои робови и слуги, кои ги работеа најтешките работи во египетската земја. Единственото нешто што го добиваше Израилот во ропство беше храната и пиењето, но за сметка, пак, на тоа слободата му беше целосно одземена. Бог, Кој се грижи за сите свои созданија, особено за Својот избран народ, му заповеда на Мојсеја да го изведе Израилот од ропството на египетскиот фараон, и да ги одведе да му принесат жртва на Бога во пустината, односно, да Му служат на Бога. Но ова не беше ни најмалку лесно, затоа што фараонот имаше жестоко срце и не сакаше да ги ослободи робовите. Многу несреќи го снајдоа фараонот и египетската земја: затруени води, напад од скакулци и други инсекти, кои им пакостеа на посевите, помор на добитокот, страшни болести кај луѓето, па дури и смрт на сите првородени, меѓу кои и синот на фараонот. Дури по овој настан фараонот реши да го пушти Израилот за да изврши служба на Бога. Но и откако ги пушти, тој се покаја за тоа и ја испрати својата војска за да ги врати назад робовите. Но Бог, Кој постојано одеше пред нив, не го остави Својот народ, па со Својата силна десница ги погуби сите непријатели на Израилот.

 Овој историски настан има и своја духовна смисла и толкување. Избраниот народ се сите верни православни христијани кои живеат и веруваат православно и кои се нарекуваат Нов Израил. Фараонот е ѓаволот, кој со јадење, пиење и комфорен живот ги прави луѓето негови слуги и робови. Како што во тоа време Бог го повикал Својот народ на богослужба, така и денес светата православна Црква нè повикува сите нас да отидеме и да Му служиме на Бога. Но за жал сите ние се врзуваме за материјални задоволства, па не можеме да одвоиме време за служба на Бога. За да ја излечи таа нездрава и душепогубна приврзаност, Бог честопати ни испраќа разни болести, несреќи, уништување на нашите посеви, помор на добитокот, смртни опасности или пак смрт на некој наш близок, сè со цел да се отрезниме и да ì се вратиме на нашата Мајка Црква – светата православна Црква. И навистина така се случува. Голем број луѓе, кои откако преживеале некаква несреќа или пак имале смртен случај, поверувале и почнуваат да доаѓаат редовно во Црква и да живеат и веруваат православно. Но не треба да чекаме да ни се случуваат несреќи па за да почнеме да одиме редовно во црква, туку да одиме редовно, секоја недела, секој празник, кога во храмовите се служи Божествена Литургија, и да Му благодариме на Бога за сè што ни дал, и за доброто и за лошото. И тогаш Бог ќе го благослови нашиот живот и труд и ќе ни дава многу добрини, но и трпение во маките, та да можеме со радост да доаѓаме и да Му благодариме за сè. Од седум дена во седмицата Бог избрал само еден ден за Нему да Му го посветиме, а и тој ден Бог не го бара цел за Себе, туку благословил да има богослужба во црква која трае околу два часа. Ако не можеме да бидеме во црква два часа, тогаш да одиме барем еден час – за време на Божествената Литургија. Но ако и еден час во седмицата не можеме да Му посветиме на Бога, тогаш какви христијани сме ние? Со што сме заслужиле да се наречеме избран народ Божји, кога не сакаме ниту еден час од цела седмица да Му го посветиме на Бога?

 Потребна е храброст и цврста одлука во срцето, но треба исто така да бидеме свесни дека, кога човек ќе одлучи да Му служи на Бога, ѓаволот ќе го крене сиот пекол против таквиот. Но со Божја помош, како што ќе видиме и во стрипот, ќе ги победиме сите искушенија и препреки од ѓаволот. Наше е да одлучиме и да не се плашиме. Да поитаме во црква уште наредната недела или празник, да појдеме на Божествена Литургија и да Му благодариме на Бога за сè и тогаш ќе ја видиме и доживееме грижата Божја за нас, како за Свои возљубени чеда.

 Благословот Господов да дојде на вас и да ви ги просветли вашите срца и да ви помогне од срце да Му служите на Бога, та да станеме Негови вистински чеда, Негов избран народ.

 

- Митрополит повардарски г. Агатангел


 

 

Едицијата „Библиски Настани“ содржи 14 изданија, кои се печатат во тираж од 10.000 броја, а излегуваат од печат во определен временски интервал.

Извор:Повардарска епархија

Посети: 489

 

 


Е-пошта

  Коментари (5)
1. Пратено од dora, на 03-10-2008 23:41
МНОГУ ДОБРО,КАЈ МОЖИ ДА СЕ КУПИ?
2. Пратено од R., на 04-10-2008 00:24
Повардарската епархија во градовите:  
Велес - Соборен храм „Св. вмч. Пантелејмон“, „Успение на Пресвета Богородица“, „Св. Спас“ ;  
Кавадарци - Соборен храм „Св. Димитрија“  
Неготино - Соборен храм „Св. Атанасиј“  
Гевгелија - Соборен храм „Св. Кирил и Методиј“,  
како и во сите цркви и манастири низ Повардарската епархија.
3. Пратено од ема, на 04-10-2008 11:48
а во Охрид кај може да го најдеме?
4. Пратено од ревност, на 04-10-2008 14:50
Се чудиме зошто има толку делби и поделби меѓу христијаните па и фундаментализам дури и во правослвието.Тоа е така оти не го следиме Господ Исус Христос.Избран народ во стариот завет беше Израил.Со доаѓањето на Бога на земјата сега нема избран народ туку секој кој ќе поверува во Господ Исус ќе се спаси.И господ не ни донесе ваква или онаква вера,туку Вера во Синот Божји кој беше и син човечки. 
Католиците мислат оти тие се вистинслите,протестантските велат тие се вистинските,а децата ќе ги учите ние сме вистинските и евети поделби и небогоугодна вера и ке се чидиме зошто Бог не не благословува и немаме успех.Бог да ни е на помош,тешко,тешко,на сите кои не се вразумиле.
5. Пратено од ревност, на 04-10-2008 14:52
Пс.Дури и литературата се издава по епархии,нема да има секаде каде што има божји народ и божји храм.

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 3
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

21/11/2008 - петок

8 Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни;

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

Свети Ефрем Сирин - Злоречието и злоречивите


... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе...

Митрополит Американско- канадски г. Методиј- Беседа


...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе...

Старец Порфириј - Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против абортусот


...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно