| 3 годишнина од хиротонијата на Митрополит Европски г. Пимен |
|
|
Страница 1 од 2 “Сака ли некој епископство, тој сака добра работа”(1.Тим.3,1)
По Божја промисла, пред три години, а во чест на Соборот на сите македонски светители, во древната катедрална црква Света Софија во Охрид, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со сите архиереи на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, и во присуство на многубројно свештенство и верен народ, изврши хиротонија во епископски чин на новоизбраниот Епископ Полјански, денес Митрополи Европски г. Пимен.
„...Ви благодарам вам што од разни страни притекнавте со различноста на вашите личности во возраст, пол, евокација, националност, да го збогатите овој собор. Ви благодарам затоа што гледајќи ве, уште еднаш ми се потврдува вистината дека епископството треба да се подразбира онака како што го подразбирал и Светиот апостол Павле кога рекол: секому бев сè та некако да го придобијам. Токму овие зборови на Светиот апостол ми го даваа оној елан сиве овие години да се трудам и овие зборови во дело да ги спроведам. Верувам дека плод на тоа е и оваа доверба што ми ја дава Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, а и вашата доверба што денес ја потврдивте со вашето присуство тука. Ви благодарам Вам, браќа архиереи, за дадената доверба и јас да се причислам кон Вас, нашите архипастири.
На мојот духовен отец митрополитот Наум, а од утре и сотрудник на нивата Христова, затоа што духовно ме роди, благодарност и ветување дека нашата взаемна доверба и соработка ќе продолжат и ќе дадат плод на почвата на МПЦ, затоа што таа почва е натопена со крвта на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици по чии молитви го добивме и негуваме дарот на соборноста.
Благодарност до Вас, Ваше Блаженство, под чие будно око духовно растевме сиве овие години и затоа што најдовме место во вашата визија за посовршен пастирски развој на нашата помесна Црква и во нејзиниот вонреден удел во јакнењето на единството на севкупното Православие.
Прошка од вас мои најблиски, на кои со моето заминување во манастир ви нанесов болка. Болка и тага, кои со време знам дека се претворија во радост. Ништо не е случајно во Бога. Бог одредил на тој начин и вие да се восовршувате во растот Христов. Затоа денес сите заедно, со нас архиереите, свештенството, во Христа ѓаконството и целиот овој верен народ, од благодарност за сè, да му вознесеме Нему слава, чест и поклонение, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин.“ ( 02. 10. 2005 г.)
Господ Исус Христос, по молитвите на св. Пимен Велики, Соборот на сите македонски светители , по молитвите на светите Климент и Наум, светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт и светиот маченик Зосим Пустиник, чиј спомен денес го празнуваме, нека Ви дарува уште многу години архиерејско служење во нашата света Црква. На многаја лета, Високопреосветен владико!
Наречение на новоизбраниот Епископ Полјански г. Пимен (01.10.2005) Посети: 1049
Е-пошта
|
||||||||||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sogoleno do srz, vo presr... |
| 21/11/08 20:43 Повеќе... |
| Од m |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| sila si duci :zzz :zzz ... |
| 21/11/08 20:41 Повеќе... |
| Од m |
| Божествена Литургија во Св. Спас, Скопје (16.11.2008) |
| zal mi e sto ne bev na t... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од johnpaul |
| Мошти на св. Климент патуваат во Бугарија |
| дејствата на ... |
| 21/11/08 20:30 Повеќе... |
| Од стефан |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 21/11/2008 - петок |
8 Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни; |
![]() |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе... |
![]() ...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |