Отец Јован за веронауката:
Денес бројни институции кај нас, просветни и други, ги носат имињата на св. Климент, св. Наум, светите браќа Кирил и Методиј, но, за жал, просветната програма е сеуште со атеистичка ориентација, идеолошка, еднострана. Последиците од ваквиот образовен пристап се јасно видливи секојдневно и мислам дека за тоа не треба да зборувам. Дрвото се познава по неговите плодови. Плод на ваквата долгогодишна индоктринација се и реакциите и противењата на одредени луѓе – другари – против воведувањето вероучение во нашиот образовен систем. Аргументите што при тоа ги наведуваат се: дека ќе биле загрозени правата и слободата на децата на атеистите, дека ќе бил загрозен ’научниот поглед кон светот’– Дарвиновата теорија за потеклото на човекот од мајмун, која никој сериозен во светот веќе не ја смета за научна... Јас лично сум уверен дека и по воведувањето на веронауката никој не ќе може да ги натера насила да се откажат од верувањето во своето животинско-мајмунско потекло оние што сакаат така да мислат или во тоа да веруваат. Но сум уверен и во тоа дека секое човечко суштество треба да го ужива правото слободно да го избере својот поглед кон светот, бидејќи самото лишување на човекот од слободата на избор како најголем и единствен дар Божји што човекот го прави суштински различен од сето друго создание, го нарушува достоинството на човекот и го сведува, против негова волја, на неговата биолошка, животинска егзистенција. Да не зборуваме за духовната празнина што ја остава атеистичкото образование во душите на младите поколенија, која, за жал, најчесто се надоместува со мошне опасни пороци: наркоманија, дрога, јога, алкохолизам, сексуален разврат, убиства, празноверие, суеверие (хороскоп, бајаштво, јасновидство), не помислувајќи, притоа, дека всушност на тој начин широко му се отвораат портите на ѓаволот и на неговите слуги. За пример да го земеме хороскопот (астрологијата). Мнозина противници на веронауката и на Христа, секојдневно на своите трпези го изнесуваат омиленото мени - хороскопот. Бидејќи малкумина знаат дека астрологијата–хороскопот, односно определувањето на судбината на човекот според распоредот на ѕвездите е мајсторија на ѓаволот, наоѓам за потребно овде да ја појаснам оваа сплетка на лукавиот. Ѓаволот сака ние луѓето да веруваме дека виновник за нашата судбина, неволји и маки се ѕвездите, а бидејќи ѕвездите се дело Божјо, значи дека виновник за злото во светот е Бог кој ги создал такви ѕвездите. И нашите средства за информирање се преполни со овие демонски вештини. За овие вештини на ѓаволот зборува уште св. Василиј Велики во четвртиот век во неговата книга Шестоднев - за создавањето на светот. Ова ќе го потврдам и со еден пример. Пред неколку дена, кај мене дојде една ученичка да и помогнам да се подготви за писмена работа по француски јазик.. Една од темите и беше да напише на француски:“во кој хороскопски знак е родена, што значи тој знак и како може да и се определи судбината според тој знак??. Значи таа ученичка нема право да знае за Бога, но мора да ги консумира и да се измачува со овие лудории на ѓаволот“. Да не зборуваме за размената на подароци од хороскопските знаци... Свети Климент често зборува и пишува против овие, како што тој ги нарекува, "дела на сотоната".
На крајот уште нешто да кажам за духовната празнина што ја остава едностраното атеистичко образование и воспитување. На ум ми доаѓа царот, пророк и псалмист Давид, еден од најголемите познавачи на човековата душа.
И покрај сето богатство овосветско и задоволства што ги имал и со нив неограничено располагал, тој ја чувствувал духовната жед, како што тој вели, во оваа земја пуста и безводна. Затоа во четириест и првиот псалм тој вели: ‘Како што кошутата жеднее по бистри извори на вода, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе’и додава: ’Душата моја жедува по Бога, живиот Бог’. Оваа духовна жед може да ни ја згасне само воплотениот Логос, Синот Божји - Господ Исус Христос, Кој, поучувајќи еден ден во храмот (на Преполовение), извика со силен глас, велејќи: ’Кој е жеден, нека дојде при Мене и нека пие’.
’Кој верува во Мене, од неговата утроба ќе потечат реки од жива вода’,мислејќи на Светиот Дух што требаше да Го примат оние што ќе поверуват во Него (Јован 7, 37-39). И во разговорот со жената Самарјанка на изворот Јаковов, Господ Исус ја повторува оваа тема за живата вода од која никогаш не се жеднее, мислејќи на благодатта на Светиот Дух. Исус и одговори на жената: ’Секој што пие од оваа вода, изворската, пак ќе ожеднее, а кој пие од водата што ќе му ја дадам јас, нема никогаш да ожедни, таа ќе стане во него извор на вода, што тече во живот вечен’.
Господ и денес стои по раскрсниците, пред портите на училиштата и пред вратите на секоја духовно жедна душа и вика: Кој е жеден, нека дојде при мене и нека пие!(Тропар на Преполовение).
Посети: 479
Е-пошта
1. Пратено од od zhedna dusha, на 21-09-2008 21:51 ...za vashite prekrasni besedi, otec Jovan, ve molam za pochesto prisustvo na sajtot, pozdrav  |
2. Пратено од
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
, на 22-09-2008 13:45 Јас сум државјанин на Република Македонија, Македонец по националност а православен по вероисповед. Редовно плаќам секаков вид даноци и придонеси по разни основи за разни јавни услуги и купени производи, според законот. Од овие средства се финансира и образовниот систем. Нека ми одговори некој правник, економист или социолог, ако го прочита ова, зошто тогаш сум принуден - од системот кој со своите тешко зарабатени пари го поддржувам - моите деца да се образуваат без никаков избор, само и само според Дарвиновата теорија! Не е ли тоа вешто сокриено насилство?! Или, барем превид... не велам предметот Биологија да се исфрли од училиштата, иако тоа би било барање адекватно на одбивањето и критиките на веронауката кои деновиве ги видовме во јавните медиуми. Сакаме европско општество? Европа, се што има, во културна, правна, економска, политичка и социјална смисла, и должи на Црквата. Додадете ја веронауката како изборна во образовниот систем (според вероисповеста и воопшто според онтолошкиот светоглед) инаку ќе се чувствувам обесправен. А се надевам дека ќе има и други кои овака, или слично, размислуваат... |
3. Пратено од Anastasija, на 22-09-2008 15:00 Prekrasna e duhovnata beseda na vo vrska so veronaukata, od strana na nashiot golem teolog Otec Jovan Takovski.Bi sakale pochesto da objavuva svoi teoloshki tekstovi vo vrska so verski prashanja i problemi, na sranicite na Premin Portal.So pocit i pozdrav do Otecot.+++ |
4. Пратено од
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
, на 23-09-2008 15:01 Поздрав до о.Јован и мој предлог до него е да издејствува поширока дебата во врска со ова прашање.Да се направи сериозно истражување(за моралните вредности на петооделенците и нивното сфаќање на доброто и злото) пред учењето на веронаука и по следењето на наставата. Анализата на резултатите ќе покаже дали и колку било полезно нејзиното воведување. |
5. Пратено од
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
, на 24-09-2008 10:17 Navistina bi bila golema steta ako ne distanciraat od ucilistata. Pa neli seto ona sto nie kako drzava go imame i so sto mozeme da se pofalime vo svetot, e nasata vera, nasite hramovi, nasata azbuka, nasite svetiteli!Ni sluzat li za falba? Ako nasite deca ne gi naucime i ne im ostavime amanet da ja neguvaat, pazat i da ja zacvrstuvaat nasata vera, koja uste od apostolsko vreme niknala na nasevo podnebje,ke ostanat gluvi i neuki za verata koja edinstveno taa spasuva. Jas kako roditel se trudam da gi vospitam moite deca vo duhot na Pravoslavieto, no golem del od vremeto tie pominuvaat na uciliste. Zosto se pravat opstrukcii decata zdravo da rastat i umstveno pravilno da se razvivaat i vo ucilisnite klupi? Neli sakame zdrava, vospitana, mirna mladina? Toa edinstveno moze da go dobieme so verskata pouka koja ke dojde kako mevlem na rana. |
|
- Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
- Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
- Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
- Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
| |