Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Наука, Култура arrow Библиска археологија arrow ИСТРАЖУВАЊА НА ЛОКАЛИТЕТОТ ГРАДИШТЕ, КАЈ НЕГОТИНО
ИСТРАЖУВАЊА НА ЛОКАЛИТЕТОТ ГРАДИШТЕ, КАЈ НЕГОТИНО Испечати Е-пошта

Античката кочија од Антигонеа била од сребро

Тоа покажува дека покојникот почивал во гробот имал висок општествен статус во текот на својот живот, велат археолозите од Неготино

Сребрени токи ги краселе коњите чии скелети лани беа пронајдени на археолошкиот локалитет Градиште кај Неготино. Тоа покажува дека покојникот што почивал во гробот имал висок општествен статус во текот на својот живот, велат археолозите од Неготино. Материјалите во моментот се на испитувања во Скопје, соопшти археологот Кирил Ангеловски, директор на неготинскиот музеј.

Материјалот се чисти, конзервира и се реставрира.

- Украсните токи на коњите биле од сребро. Во почетокот мислевме дека се изработени од помалку скапоцен материјал. Бидејќи беа со наслаги, не можевме да препознаеме од што се изработени. Имаше осум токи, по четири од секоја страна - вели Ангеловски. Археолозите годинава работеа во подградието на Градиште. Масивните бедеми на локалитетот, долги сто метри, на некои места подебели и од два метра, ги наведуваат археолозите да веруваат дека го истражуваат античкиот град Антигонеа, од 3 век пред новата ера. Веројатно е македонскиот град Антигонеа. Сепак во археологијата не може да нагаѓаме. Тоа не може сигурно да се потврди додека не најдеме пишани докази - вели Ангеловски.

Годинава археолозите пронашле многу наоди од метал, керамика, теракотни фигури. Монетите се од 3, 2 и 1 век пред новата ера, односно македонско-хеленистички и раноримски период. Археолозите пронашле и многу лажички, виљушки, ножиња, чија вистинска функција археолозите допрва ќе ја откриваат.- Можеби се медицински прибор, но може да се и занаетчиски алатки - вели Ангеловски.Истражувачите веќе се сигурни дека градот бил центар за изработка на керамика во регионот. Пронашле многу калапи за керамика, особено за изработка на теракотни фигури на божицата Кибела. Од земјата излегле покрупни и поситни делови од дваесетина фигури.Очигледно е дека тука се изработувала керамика, такво е подрачјето, земјата е глинеста. Тоа покажува дека жителите на градот ја користеле тулата како градежен материјал уште во класичниот период, можеби и претходно - објаснува Ангеловски.Целта на ископувањата на Градиште е Неготино да стане атрактивно за развој на културниот туризам. Музејот има голема поддршка и од локалната самоуправа во реализацијата на таа идеја. Според Ангеловски, Градиште е интересен локалитет бидејќи се наоѓал на Виа Игнација, главниот пат во античко време кој од Стоби, преку Антигонеа, Стенае водел кон Вардарски Рид. Во тоа време тоа бил еден од најфреквентните патишта.Археолозите годинава имале на располагање само 120.000 денари. Деновиве ги посетил директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Тој им ветил дополнителна поддршка и инсистирал да се интензивираат ископувањата на масивниот бедем.Разговаравме да го отвориме бедемот, да направиме конзервација на еден дел, за да биде видлив. Мислам дека ќе биде импозантно.

Но, Градиште е сложен локалитет. За да се истражи целосно, треба многу пари, време и работа. Археологијата не е работа на норма - вели Ангеловски. Ископувајќи го бедемот и околу него, археолозите наишле на три културни хоризонти - од најрана фаза, македонски период, преку хеленистичко-македонскиот до раноримски период. Се симнале 3 метри во длабочина, но се' уште не стигнале до здравица (стерилната земја во која веќе нема културни слоеви). Од поинтересните годинашни откритија, археолозите го посочуваат погребувањето во питос (голем глинен сад), од 5 и 4 век пред новата ера. Според пишаните извори, македонскиот крал Антигон Трети Досон (229-221 г. пр. н. е.) ја основал Антигонеа во 222 година пр.н.е. за да ја заштитува северната македонска граница. До тој период границата помеѓу Македонија и Пајонија веројатно била појужно.

Весна Ивановска- Дневник
 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 0
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!