| Островот Голем град на Преспанското Езеро - отворен за посетители (17.08.2008) |
|
|
|
Единствениот остров во Република Македонија, островот Голем град на Преспанското Езеро од 14 август е отворен за организирање туристички посети.
Јули 2008 г.- храм на Св. Илија, Голем град Бидејќи станува збор за подрачје што е под строга заштита со закон, односно таму е дозволен пристап исклучиво за научни истражувања, идните туристички посети ќе бидат организирани со туристички водичи од Националниот парк „Галичица“ во чии рамки спаѓа Голем град.
Островот се наоѓа на два километри по воден пат од селото Коњско. Тој се издига на височина од 30 метри над езерото и е со површина од 18 хектари. Островот сега е ненаселен со луѓе, но е дом на многу ендемични растенија, ретки птици и повеќе различни заедници на животни. На островот има и голем број остатоци и објекти различни временски и историски периоди кои говорат дека тој не бил отсекогаш ненаселен. На островот на релативно мала површина сконцентрирани се голем број културни историски споменици и природни вредности.
Како што истакна директорот на Националниот парк „Галичица“ Зоран Ангеловски денеска на островот ќе биде ставена во употреба посебна патека што води до сите тие локалитети, со поставени информативни табли на македонски и англиски јазик, како и пристапен мост со оглед на тоа што се работи за тешко пристапен терен. Ангеловски истакна дека патеката е уредена токму со цел за да се ограничи движењето на посетителите, односно за да нема неконтролирано движење по островот кое е под постојана заштита и обезбедување од вработените во Националниот парк „Галичица“. Посетите на островот ќе бидат слободни за туристичка понуда, но мора да бидат претходно најавувани и предводени од обучени и лиценцирани туристички водичи од Националниот парк.
На островот Голем град има девет вредни археолошки наоѓалишта со остатоци од објекти изградени од четвртиот до 19 век, како и две локации посочени како места со посебна природна вредност. На островот постоела населба од времето на четвртиот век пред нашата ера што опстојувала до шестти век од нашата ера. Од градби на островот има остатоци од куќи од хелинистичкиот период, како и три куќи од римската епоха кои вода за пиење обезбедувале од посебна изградена цистерна во нивна непосредна близина. Во античка епоха населбата му припаѓала на македонското племе Орести. Од античкиот период се откриени погребувања од четврти век пред нашата ера до први век пред нашата ера, како и од четврти век до седми век од новата ера. Во средновековието островот претставувал мананстирски комплекс во чиј состав имало повеќе цркви (Свети Петар, Свети Димитрија, ...). Во комплексот биле погребувани монаси, но и жители од околните населби на копното кои биле духовно врзани со верскиот живот. Погребувањата на островот се вршеле до 15 век, а монашкиот живот се обновувал и до средината на 20 век. аб/сст/9:23
Извор:МИА Фотографии: Андреј, Скопје
Посети:1000 Е-пошта
|
|||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили... |
| neka Bog ni prosti i bide... |
| 01/12/08 19:33 Повеќе... |
| Од karolina |
| Поуки |
| PREKRASNI POUKI KOI, DOKO... |
| 01/12/08 17:37 Повеќе... |
| Од MIHAIL |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| Thomas Hopko, ne e nitu T... |
| 01/12/08 16:02 Повеќе... |
| Од lelo |
| ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА |
| dino e najdobar od sit... |
| 01/12/08 14:58 Повеќе... |
| Од ana |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| me zbuni komentarot na le... |
| 01/12/08 12:11 Повеќе... |
| Од suska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 01/12/2008 - понеделник |
Светиот маченик Платон; |
Светите маченици Роман и Варул; |
Божикен пост(строг пост) |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе... |
![]() .. Духовната и телесната подготовка, преку пост и молитви, за празнување на Рождеството Христово - Божик кај нас има многу подлабоки корени и повеќевековна традиција отколку таканаречените традиционални новогодишни празнувања ... Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |