Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Манастири и Цркви arrow Блажен Иперехиј- СОВЕТИ НА ПОДВИЖНИЦИТЕ (IV)
Блажен Иперехиј- СОВЕТИ НА ПОДВИЖНИЦИТЕ (IV) Испечати Е-пошта


 

61. Монахот е обврзан да ги произнесува (само оние) зборови, кои (му приличат) на добриот (маж), и на устата негови (секогаш) треба да бидат зборовите на Севишниот.

62. Нека монахот го прими на себе доброволното гладување за да го смири своето земно тело и да ја вознесе во висиниta својата душа – жителка на Градот Небесен.

63. Монахот треба секогаш да произнесува (само) вистинити зборови, а лагата мора да биде изгонета од неговите усти.

64. Кога монахот ќе чуе жесток збор, нека не возвраќа дрско, туку нека се потчини за да го стиши изливот на (својот) гнев. За награда ќе прими мир и ќе се нарече син на Севишниот, оти (веќе) станал син на Мирот.

65. Монахот кој зборува смиреномудрено, со јасен и пријатен глас, може и од скаменетото срце да измами солзи.

66. Како што лавот предизвикува страв кај дивите магариња, така и монахот, кој е непоколеблив (во својот призив) ги одгонува (од себе) похотните помисли.

67. Монахот кој неправовремено го прекинува својот пост личи на човек кој ги руши темелите на (својот) дом.

68. Виорот на ветрот подига облак на прав во рамницата, а горделивиот монах подига (виор) на гнев во манастирот.

69. Манастирот е за монахот она што е тивкото пристаниште за бродот.

70. Бестрасниот монах, кого не го победуваат стрелите на насладата, (уште) на земјата пројавува подобие на Ангелите (Небесни).

71. Не истрајувај, монаху, во гордоста, за да не потпаднеш во (уште некое) страшно прегрешение.

72. Биди, монаху, подражавател на смиреномудроста (на Апостолот) Павле за да станеш сонаследник (на Царството Небесно) во хорот на Светите.

73. Подражавај го, монаху, цариникот, за да не бидеш осуден заедно со фарисејот.

74. Избери ја, монаху, кроткоста Мојсеева за да го раствориш своето окаменето срце во тивка езерска вода. И потоа, стекнувајќи опит (за тоа) дека кроткоста е (големо) добро, да собереш сила да кажеш: На тивка вода води ме (Пс. 23:2).

75. Не пројавувај се себеси, монаху, како гневливец, и запомни дека ниту еден гневливец на пребива во трпение (и кроткост).

76. Не напуштај го (кроткиот) Авел, придружувајќи му се на горделивиот Каин, за да не те снајде судбината на овој вториот.

77. Познај дека смиреномудрието е благо, и избери го, оти тоа го вознесува (човека) на Небото.

78. Добра награда те очекува тебе, монаху, за смиреномудрието твое (а тоа е) – Царството Небесно. Внимавај да не бидеш лишен од таа награда.

79. Младиот монах треба да се зацврстува во целомудреноста, презирајќи го славољубието. Монахот, оросуван со целомудредност, е виноград возљубен (Иса. 5:7) во Бога.

80. Постот е уздата монахова. Оној кој ќе ја испушти станува како товен коњ кој `ржи по жената на ближниот свој (Јерем. 5:8). Младиот (монах), кој не ги држи (цврсто) тие узди, (може да) греши до исцрпеност.

(Продолжува)

Подготви: Б.Ѓ.

 Посети: 425

 


Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 2
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Последни коментари

Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили...
neka Bog ni prosti i bide...
01/12/08 19:33 Повеќе...
Од karolina

Поуки
PREKRASNI POUKI KOI, DOKO...
01/12/08 17:37 Повеќе...
Од MIHAIL

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
Thomas Hopko, ne e nitu T...
01/12/08 16:02 Повеќе...
Од lelo

ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА
dino e najdobar od sit...
01/12/08 14:58 Повеќе...
Од ana

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
me zbuni komentarot na le...
01/12/08 12:11 Повеќе...
Од suska

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели