Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Друго arrow Островот Голем град на Преспанското Езеро - отворен за посетители (17.08.2008)
Островот Голем град на Преспанското Езеро - отворен за посетители (17.08.2008) Испечати Е-пошта

stargrad7.jpg


stargrad1.jpg

  Единствениот остров во Република Македонија, островот Голем град на Преспанското Езеро од 14 август е отворен за организирање туристички посети.

 

stargrad.jpg

stargrad2.jpg

Јули 2008 г.- храм на  Св. Илија, Голем град

Бидејќи станува збор за подрачје што е под строга заштита со закон, односно таму е дозволен пристап исклучиво за научни истражувања, идните туристички посети ќе бидат организирани со туристички водичи од Националниот парк „Галичица“  во чии рамки спаѓа Голем град. 

stargrad5.jpg

Островот се наоѓа на два километри по воден пат од селото Коњско. Тој се издига на височина од 30 метри над езерото и е со површина од 18 хектари. Островот сега е ненаселен со луѓе, но е дом на многу ендемични растенија, ретки птици и повеќе различни заедници на животни. На островот има и голем број остатоци и објекти различни временски и историски периоди кои говорат дека тој не бил отсекогаш ненаселен. На островот на релативно мала површина сконцентрирани се голем број културни историски споменици  и природни вредности.

stargrad4.jpg

Како што истакна директорот на Националниот парк „Галичица“  Зоран Ангеловски денеска на островот ќе биде ставена во употреба посебна патека што води до сите тие локалитети, со поставени информативни табли на македонски и англиски јазик, како и пристапен мост со оглед на тоа што се работи за тешко пристапен терен. Ангеловски истакна дека патеката е уредена токму со цел за да се ограничи движењето на посетителите, односно за да нема неконтролирано движење по островот кое е под постојана заштита и обезбедување од вработените во Националниот парк „Галичица“.

Посетите  на островот ќе бидат слободни за туристичка понуда, но мора да бидат претходно најавувани и предводени од обучени и лиценцирани туристички водичи од Националниот парк.

stargrad6.jpg

На островот Голем град има девет вредни археолошки наоѓалишта со остатоци од објекти изградени од четвртиот до 19 век, како и две локации посочени како места со посебна природна вредност.

На островот постоела населба од времето на четвртиот век пред нашата ера што опстојувала до шестти век од нашата ера. Од градби на островот има остатоци од куќи од хелинистичкиот период, како и три куќи од римската епоха кои вода за пиење обезбедувале од посебна изградена цистерна во нивна непосредна близина.

Во античка епоха населбата му припаѓала на македонското племе Орести. Од античкиот период се откриени погребувања од четврти век пред нашата ера до први век пред нашата ера, како и од четврти век до седми век од новата ера.

Во средновековието островот претставувал мананстирски комплекс во чиј состав имало повеќе цркви (Свети Петар, Свети Димитрија, ...).

Во комплексот биле погребувани монаси, но и жители од околните населби на копното кои биле духовно врзани со верскиот живот. Погребувањата на островот се вршеле до 15 век, а монашкиот живот се обновувал и до средината на 20 век. аб/сст/9:23

Извор:МИА

Фотографии: Андреј, Скопје

stargrad3.jpg

 Посети:365

 


Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 1
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Последни коментари

Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили...
neka Bog ni prosti i bide...
01/12/08 19:33 Повеќе...
Од karolina

Поуки
PREKRASNI POUKI KOI, DOKO...
01/12/08 17:37 Повеќе...
Од MIHAIL

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
Thomas Hopko, ne e nitu T...
01/12/08 16:02 Повеќе...
Од lelo

ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА
dino e najdobar od sit...
01/12/08 14:58 Повеќе...
Од ana

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
me zbuni komentarot na le...
01/12/08 12:11 Повеќе...
Од suska

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели