Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Ставови arrow Благословот од Христа и светиите
Благословот од Христа и светиите Испечати Е-пошта

Crkva.nok.voda.jpg


И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секаква скверност на телото и на духот, па да твориме дела свети и со страв Божји”2.Кор.7.1. Со какви дела живееме во овој свет, со такви ќе застанеме пред нашиот Христос. Силни беа светителите и со духот и со телото. И нашиот светилник и темелник на нашата црква и народ, светиот Климент, охридскиот чудотворец беше силен со молитвата.Со ревност го учеше народот и им го објаснуваше словото на нашиот народ, учејќи го во што да веруваат, како да се крстат, како да се молат, да ревнуваат кон Христа... И светиот Наум чудотворец беше овде. Тихуваше на другиот крај на езерото во манастирот посветен на Светите Архангели. Целосно му се посвети на небесниот Отец и стана силен темел на монасите до денес.Жарот не беше изгаснат, туку беше разгорен и како семе се посеа на нас, кој што сега расте и се уште ќе се размножува. Манастирите како големо духовно огниште т.е. монасите секојдневно Му принесуваа служба на Бога изговарајќи ја, оној кој што служи, молитвата “Ти благодариме и за оваа служба која што си благоволил да ја примиш од нашите раце, иако пред тебе стојат ...”

Stojance.poklonenie1.jpg


 Чукаат камбаните во недела и го повикуваат народот на Божествена Литургија. Од Плаошник до свети Наум, Од Лесново до Бигорскиот манастир. Од Лешок до манастирот Преображение – Зрзе. Од Вељуса до Хамзали... чукаат и го повикуваат народот и означувајќи го почетокот на светата Литургија. Се принесува Телото и Крвта на нашиот Спасител, Господ Исус Христос за простување на гревовите и за вечен живот. На светиот престол стои свештеникот и се моли за нас, принесувајќи ја бескрвната жртва на возљубениот наш Отец небесен.
 Моштите на свети Климент почиваат на местото каде што самиот тој го одреди и го ископа својот гроб. И светиот Наум почива во својот манастир и се моли за нас пред престолот на Света Троица.

Stojance.poklonenie.jpg

 Бог ни даде радост да се радуваме. Ни ги остави примерите од светиите, па и нивните мошти. Ни остави манастири со монаси кои што постојано се молат за нас и го негуваат тоа топло жариште. Го имаме Христос, мајката Божја, светителите, ја имаме Црквата Света, соборна и апостолска. Од неа подалеку сме како овци надвор од трлото, па доаѓа волкот и..... Црквата плови кон спасението, носена од брановите на морето(непријателите на неа). Се што е дадено од Бога е вечно и благословено. Секој дар доаѓа од Него, Отецот на светлината и на секоја добрина.


 Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги безаконијата мои Псал.50.1.


Да, Господи, помилуј ме!

grob.prolet.jpg

Подготви: Стојанче Андов

 

510


Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 3
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Последни коментари

Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили...
neka Bog ni prosti i bide...
01/12/08 19:33 Повеќе...
Од karolina

Поуки
PREKRASNI POUKI KOI, DOKO...
01/12/08 17:37 Повеќе...
Од MIHAIL

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
Thomas Hopko, ne e nitu T...
01/12/08 16:02 Повеќе...
Од lelo

ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА
dino e najdobar od sit...
01/12/08 14:58 Повеќе...
Од ana

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
me zbuni komentarot na le...
01/12/08 12:11 Повеќе...
Од suska

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели