Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Наука, Култура arrow Библиска археологија arrow НОВИ СОЗНАНИЈА ОД ИСТРАЖУВАЊАТА НА СТАРО СКОПЈЕ
НОВИ СОЗНАНИЈА ОД ИСТРАЖУВАЊАТА НА СТАРО СКОПЈЕ Испечати Е-пошта

Скупи бил населен до средниот век
Како последни фази на живеење околу бедемот археолозите го посочуваат 12 век

Граѓаните на Скупи не го напуштиле својот роден град по катастрофалниот земјотрес во 518 година, што го срамнил со земја не само градот туку и околните населени места. Луѓето во Скупи не живееле само краток период по разорувачката природна катастрофа. Повторно тука пуштиле корени што траеле дури до средниот век. Ова се дел од новите научни сознанија до кои дојдоа археолозите од Музејот на град Скопје, кои речиси половина година вршат археолошки ископувања на бедемот на Скупи. Археологот Ленче Јованова, една од раководителите на археолошките ископувања, вели дека резултатите од истражувањата се разликуваат од тоа што го очекувале. Таа е презадоволна од резултатите.Археолозите годинава, освен просторот околу новооткриената базилика, го истражуваа и бедемот на градот од времето на 4 век. Една од причините е да се одредат границите на споменичната целина на Скупи, за да се одреди просторот што би било прогласен за споменик на културата. Така конечно ќе се знае кое подрачје ќе биде под строг режим на заштита, каде што нема да смее воопшто да се чепка, каде што ќе мора да се вршат заштитни археолошки ископувања за да може подоцна да се одобруваат дозволи за градби.Втората причина е стручниот и професионален предизвик. На бедемите на Скупи досега немало вистински систематски истражувања - објаснува Јованова.

ЅИДОВИ ДЕБЕЛИ 3,6 МЕТРИ

Со истражувања на бедемот на еден град, на индиректен начин се добиваат податоци за историјата на градот, за воено-политичките и општествените збиднувања во империјата во одредени периоди. Археолозите добиваат сознанија за големината на движењата на градот, урбанистичкото и инфраструктурно уредување, за неговата големина и градежните фази. Една од мистериите, која археолозите се обидуваат да ја разрешат, е постоењето на раноримскиот логор, од кој подоцна израснала римската колонија Скупи.Со годинашните истражувања на бедемот од 4 век, откриени се две полукружни кули, од кои едната не е цела зачувана. Не' изненадија ѕидовите на бедемот, кои биле дебели 3,6 метри. Ако требало да се бранат со олку масивен бедем, цивилизациските вредности во Скупи во 4 век биле на многу високо ниво. Во тоа време Скупи бил главен град на римската провинција Дарданија и бил назначен за епископско седиште. Ѕидот сигурно бил висок околу 12 метри. Требало да се издвојат многу пари за да се утврди целиот град. Тие градежни зафати ги финансирала империјата. Значи, на империјата и' било многу важно да го брани Скупи од напади. Тоа е логично, ако се земе предвид дека Скупи е на самата трансферзала на патишта и тука веројатно отседнувала војската, високи државници. Скупи не бил негуван само поради цивилизациското ниво на градот, туку и затоа што градот многу и' враќал на империјата - објаснува Јованова.

КАДЕ Е РАНОРИМСКИОТ ГРАД?

Под бедемот археолозите откриле (многу оштетена) раноримска станбена градба. Според зачуваните декоративни елементи, ѕидови украсени со фрески, делови обложени со мермер, со систем за загревање на ѕидовите, со водоотпорни подови, објектот бил многу луксузен граден, во 2 и 3 век. Овој пронајдок на археолозите им отворил нова дилема - каде се границите на Скупи од раноримскиот период?Очигледно е дека постариот град бил поголем. Раноримскиот град би требало да се шири кон исток, кон центарот на денешно Скопје - вели Јованова. Бедемот од 4 век ја изгубил основната функција кон крајот на 5 век, по жестоките разурнувања на Хуните и Остроготите. Кон крајот на 5 и почетокот на 6 век археолозите лоцирале неколку градби со повеќе градежни интервенции. Жителите на градот го искористиле постариот бедем и на него ги потпирале новите живеалишта и објекти. Археолозите откриле развиена мрежа на објекти, градени во неколку наврати низ целиот 6 век. Постарите биле посолидно градени, од мермер и делкан камен, а подоцнежните биле попримитивни. Тие биле градени по катастрофалниот земјотрес во 518 година.Како последни фази на живеење околу бедемот археолозите го посочуваат 12 век. Тие нашле 10 гроба од раниот среден век, од 10 до 12 век.Јованова вели дека луѓето не ги напуштиле огништата и продолжиле да живеат во Скупи и по големиот земјотрес. Тоа го потврдуваат истражувањата на бедемот, кој денес е прилично уништен - имало многу бројни разградувања од 6 век, во раниот среден век и во модерно време.

Весна Ивановска-Дневник

 

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 2
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Последни коментари

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
Слава на Госп...
02/09/10 22:31 Повеќе...
Од Тони

Царице моја преблага
Mnogu ubav link!
02/09/10 19:49 Повеќе...
Од be_free

СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ЉУБОВ КОН БОГ И МЕЃУСЕБНО
"За монахот ти...
02/09/10 19:15 Повеќе...
Од DA!

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
PREKRASNO!!!
02/09/10 19:08 Повеќе...
Од S.L.

Михаила Поповска - За вистината и лагата
Секоја чест. И...
02/09/10 13:57 Повеќе...
Од Игор К.

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!