Духовност
Одговори на современи проблеми
Школско богословие
| Школско богословие |
|
|
|
Од друга страна, тоа слово му се обраќа кон човекот и очекува од него определена усилба. Библијата е – пат, и за оној што не оди по него, таа е неразбирлива. Секако, тоа пред сè треба да биде усилба на духовен живот, усилба на подвиг. Но, освен тоа, потребна е и усилба на умот. Според зборовите на Владимир Лоски, руски богослов од 20 век, „ако современиот човек сака да ја протолкува Библијата, тој мора да има храброст да мисли, зашто не може неказнето да се преправа дека е дете; одбивајќи да ја разбереме длабочината, ние, по сила на јазикот со кој се користиме, ја разбираме само површината, што не нè води кон детски восхит спрема на древниот автор, туку кон инфантилност“.
Или, според јасната формулација на философот Лев Карсавин – „наивните претстави за Бога не влегуваат во содржината на верата“.
Обидувајќи се да одговори на прашањето што подразбирал Мојсеј под „почетокот“ во кој бил создаден светот, блажениот Августин вели:
Во христијанска претстава, Библијата е целосна книга. Таа не е зборник книги, туку една книга, обединета со едно „лице“ – со Христос. Стариот Завет говори за очекувањето на Искупителот. Евангелието – за Неговиот живот. Корпусот на апостолските текстови, вклучувајќи ја и Апокалипсата, говори за новите судбини на Неговиот народ, за Неговата Црква. Самата Библија е патеводител, „педагок кон Христос“. Таа води кон Бога, кон Омега – и смислата на патеводителот се определува имено од смислата на неговата крајна точка, неговата цел. И, напротив, смислата на првите раскази во Библијата ќе биде темна, ако во нив не го видиме подготвувањето за Евангелието. Таа смисла ќе биде уште поискривена, ако во Библијата гледаме само „Еврејски фолклор“. Според зборовите на англискиот поет Т.С. Елиот, оној кој Библијата ја нарекува споменик на културата, всушност ја смета за споменик на могилата на христијанството.
Библискиот пророк не е – футуролог. Тој не ја созерцува иднината, туку волјата Божја. За обично претскажување луѓето сметаат дека идните настани се причина за искажувањата на пророкот, дека тие се отсликуваат во неговата свест и, како последица на таквото свое дејстување, ги раѓаат неговите таинствени зборови. Меѓутоа, во Библијата е обратно: тука претскажувањето е причината за идните настани. Така е претскажано – и така и ќе биде. Зошто? Затоа што Бог е – верен. Така самиот Тој говори за Себе (Повторени закони 7:9). И ако Тој поради Својата љубво ги создал луѓето од небитие – Неговата верност нема да отстапи од нив и со тек на времето. „И до вашата старост Јас ќе бидам Истиот, до вашите бели коси ќе ве носам“ (Исаија 7:4). Кажаното и откриеното од Бога не може а да не се исполни – затоа што е тоа волја на Неменливиот Творец. Така, пророк е оној кој ја познава и ја открива волјата Божја, односно оној кој ја гледа смислата на настаните. И во таа смисла, може да се пророкува не само за минатото, туку и за сегашноста. Мојсеј пророкува за минатото. Мојсеј ја бара Божјата волја во минатото, го опишува создавањето од гледна точка на неговата поврзаност со Бога, а не ја бара природната историја. Предмет на неговто опишување е тајната на постанокот на космосот и местото на човекот во него.
Еден од најважните детали во ова раскажување е следниов: „ И виде Бог дека е многу добро сè она што го беше создал.“ (Битие 1:31). Се работи за тоа дека без тоа сведоштво за Шестодневот не може да се разбере суштината на Евангелието: „Зошто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син...“ (Јован 3:16). Значи, светот е толку реален, а човекот толку вреден, што ја заслужуваат Божјата љубов и грижа. И ако цената платена за зачувување на светот и на човекот е толку висока – распнување на Синот Божји – тогаш какво било происходењето на светот и зошто тој е толку скапоцен во очите на Апсолутот? За да се разбере спасението на светот, треба да се има на ум дека тој не Му е туѓ на Бога. Шестодневот дава оправдување на космосот (космодицеја): да се биде поинаков од Бога – не е грев. Да се биде материјален – не е грев или порок. За голем број философски и религиозни системи настанокот на материјалниот свет, свет многуобразен и внатрешно расчленет – е последица на нечие паѓање. За Библијата тој свет е, напротив, слободен дар на Творецот. И затоа дојдениот Спасител може да каже дека не дошол да ги ослободи душите од ропството на незнаењето и од соблазнувањето од матреријалниот свет, туку „целиот човек да го направи здрав“ (Јован 7:23). Изворот на злото и на смртта во светот не е материјата. „Жалоста не излегува од земјата, ниту злото никнува од нивата“ (Јов 5:6). За Платон тои озвор е телото – „темница на душата", а за апостол Павле, верен на Мојсеевата традиција, телото е – храм на духот (1 Коринтјаните 6:9). И ете, се покажува дека самото тело човеково е слепено со рацете на Творецот (Битие 2:7). Така Шестодневот на Мојсеј дава фон неопходен за разбирање на Евангелието. Подготви: д-р Драган Михајловиќ Посети:679
Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили... |
| neka Bog ni prosti i bide... |
| 01/12/08 19:33 Повеќе... |
| Од karolina |
| Поуки |
| PREKRASNI POUKI KOI, DOKO... |
| 01/12/08 17:37 Повеќе... |
| Од MIHAIL |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| Thomas Hopko, ne e nitu T... |
| 01/12/08 16:02 Повеќе... |
| Од lelo |
| ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА |
| dino e najdobar od sit... |
| 01/12/08 14:58 Повеќе... |
| Од ana |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| me zbuni komentarot na le... |
| 01/12/08 12:11 Повеќе... |
| Од suska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |