Skip to content
Премин Портал: Дома
Епископ Климент - Китки и лулудија Испечати Е-пошта

 

otec.Kliment1a.jpgТукушто вратен од овогодинешното поклоничко патување на црковната делегација во Рим и се уште под импресии на беседата изговорена на гробот на Св. Кирил Солунски, дознав за жестоката официјална реакција на нашиот јужен сосед кој си дозволи да инструментализира и политизира чисто лексичка тема. Немав ниту желба, ниту сила да се впуштам во замката на дневнополитичките баналности и коментари и сакав, час поскоро, наспроти сите бури и фортуни, бродот  да  го вкотвам  во моето тивко зрзеско пристаниште.

Изморен од патувањето имав потреба да стивнам во келијата над бигорната карпа и најмалку што очекував беше посетата на повеќечлена екипа на грчки новинари од телевизијата Алфа, за кои ниту оддалеченоста на манастирот, ниту правливиот земјен пат не беа пречка од Солун да се упатат до Зрзе. Со оглед на големиот интерес за темата со која грчката јавност веќе три дена беше преокупирана, мотивот за нивната прва посета на манастирот беше да добијат изјава за нашата перцепција за беседата на Архиепископот во Рим.

Иако по пречекорувањето на манастирскиот праг, последното нешто што сакав да ми се случи е да бидам интервјуиран, сепак веднаш го надминав чувството. Јазикот и менталитетот на Грците го научив за време на мојот неколкугодишен престој на Света Гора, па токму затоа интервјуто се одвиваше на грчки. Онолку колку што ме служи сеќавањето ќе пренесам фрагменти од разговорот.

„2008-та година УНЕСКО ја посвети на јазиците што се зборуваат во светот, меѓу кои е и македонскиот“. Нашиот Архиепископ по повод светската година на јазиците одбра во својата овогодинешна беседа молитвено да ја сподели својата болка за јазикот на светителот родум од Солун, кој за жал е девастиран токму во пределите на неговата татковина. Беседата на Неговото Блаженство на гробот на Свети Кирил ја доживеав како молитва до борецот со ереста на тројазичниците и молба неговата борба на тој план да продолжи секогаш кога некому се одзема правото на јазик.

„Таму стана збор за јазикот од кој по зборовите на Вашиот Архиепископ не останало камен на камен во Солун и солунско?“, ме прашаа. „Ние во Република Македонија говориме македонски јазик на кој говорат и Вашите државјани кои имаат македонско потекло, сконцентрирани најмногу во леринската, костурската и воденската област во Република Грција. Додека живеев во Грција многумина од нив среќавав на Света Гора и со нив зборував на нашиот мајчин македонски јазик кој не е србизиран бугарски дијалект како што злонамерно тврдат некои грчки лингвисти туку е древен и происходи од основата на јазикот на свети Кирил Солунски“ - одговорив.

„Каде го научивте грчкиот јазик?“ - следеше прашање. „Вашиот јазик го научив на Света Гора. Го учев не од книги бидејќи немаше време за тоа, туку по слух, од уво....“. Помнам дека иако на почетокот бев привлечен од благородните звуци на за мене непознатиот јазик на Елада, не само што не се удавив во неговата длабочина од која бев постојано потопуван, туку по неколку месеци совладувајќи лепеза на зборови се осмелив да прозборам на јазикот на којшто зборуваа отците во Григоријатскиот манастир. Оттогаш за мене грчкиот јазик беше и остана јазикот на Отците.

Како сега се сеќавам, еден ден минувајќи низ градината на манастирот сакајќи да укажам на убавината на цвеќињата за кои се грижеше отецот кој беше градинар, ги пропелтечив следниве грчки зборови: „Ти ореа та лулудија!“(понашено: „што убави цвеќиња“). Очекував одговорот да биде на грчки, но светогорецот ми одговори на архаичен македонски со типично егејски нагласок: „Убави ни се китките“. Моето изненадување беше големо. На прашањето од каде знае да го зборува мојот јазик, тој ми одговори дека тоа е и негов мајчин јазик на кој говореле неговите предци. Со текот на времето ваквите ситуации зачестија, а се менуваа само личностите.

Можеби не им се допаднаа изјавите, но сепак, моето лично доживување за Македонците во Грција грчките новинари го забележаа електронски, со видео и аудио запис, снимајќи  разговор од речиси половина час. Пред да заминат влегоа во црквата, запалија свеќи пред Богородица Пелагонитиса која е прекрасен пример на културолошката симбиоза меѓу византискиот образец и изразноста на словенскиот менталитет. Испраќајќи ги се понадевав дека можеби снимениот прилог ќе придонесе  во топењето на мразот наталожен и натоварен како глечер помеѓу двата соседни народи, кои како да изумеле дека меѓу другото се и браќа по вера.

За жал, многу скоро бев демантиран. Утредента, отворајќи ја интернет страницата на овој грчки телевизиски канал го прочитав следново: „... Во меѓувреме, непосредно после провокацијата на Архиепископ Стефан, кој тврдеше дека Солун припаѓа на територијата на Скопје, неговата десна рака, владиката Климент даде изјава за АЛФА во која зборувајќи за словенскиот јазик, истакна дека тој насилно исчезнал кај Грците во Лерин...“. Прилогот не содржеше никаква изјава, туку само коментар од редакцијата која оценила дека доволно е толку за текстот насловен како „Националистички делириум во Скопје и Австралија“.

Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. Тогаш нашите сонародници во Беломорието лулудјата не само во домовите, туку и во црквите и во училиштата ќе ги викаат онака како што од памтивек ги викале: китки и цвеќиња.


zrze.Kliment.jpg

Посети:1250

 

 

 


Е-пошта

  Коментари (9)
1. Пратено од MENE, на 07-08-2008 09:43
BRAVO OTEC!!! 
KRATKO I JASNO. 
;)
2. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 07-08-2008 12:30
Samo hrabro i so Gospod napred! Vistina ima samo edna zatoa sto i Gospod e samo eden
3. Пратено од N., на 07-08-2008 15:23
Chudna e novinarskata fela, osobeno koga e vo sluzba na politikata!Se ke zgazat, ako im se dozvoli 
:sigh  
 
Gospod da nie napomosh
4. Пратено од ташјан, на 19-08-2008 01:00
Jas sum diplomiran novinar,no no dragi moi braka i sestri ne se site kitki isti duri i ne mirisst site isto, pozdrav i neka BOG e so site vas kaj i da ste:)[B]
5. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 25-08-2008 07:23
Ovaa e svetosta i mudrosta bozija koi i najgolemiye itrini gavolski gi pobeduva.Ne se rusi taka lesno bibliska Makedonija,zosto so nas e svetosta Hristova.Ubavo se potsetil otecot na presveti Kiril I Metodi branejki ja besadata protiv trojazicnosta
6. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 25-10-2008 21:10
bravos Otec Pimen mnogu ubavo kazano
7. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 25-10-2008 21:53
eve vi uste edna potvrda od so sakate da covekougodite ne znaete ni na koj otec mu se obrakate:))))) ne e pimen tina kliment e. i otec se pieue so mala bukva:))))
8. Пратено од Kliment a ne Pimen, на 25-10-2008 22:04
bravost otec Kliment
9. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 25-10-2008 23:08
vladikata kliment iako gi naucil grckite caki kako sto veli gore vo tekstov , sepak ne gi sovladal dovolno i ne razbral deka na grk ne mu se veruva, zasto ke mu gi izvtrat zborovite :sigh

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 27
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Последни коментари

Поуки
Blagosloven Oče! Te mol...
01/12/08 21:58 Повеќе...
Од Nina

За Светата Тајна на Крштевањето или за бањата на повто...
Многу, многу у...
01/12/08 20:47 Повеќе...
Од О.М.О.N.

Во продажба е новото издание на православното списани...
Со "ПРЕМИН" бе...
01/12/08 20:31 Повеќе...
Од O.M.O.N.

Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили...
neka Bog ni prosti i bide...
01/12/08 19:33 Повеќе...
Од karolina

Поуки
PREKRASNI POUKI KOI, DOKO...
01/12/08 17:37 Повеќе...
Од MIHAIL

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

01/12/2008 - понеделник

Светиот маченик Платон;
Светите маченици Роман и Варул;
Божикен пост
(строг пост)

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

Свети Ефрем Сирин - Злоречието и злоречивите


... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе...

+Митрополит Методиј - Постот има подлабоки корени од новогодишните лумпувања


.. Духовната и телесната подготовка, преку пост и молитви, за празнување на Рождеството Христово - Божик кај нас има многу подлабоки корени и повеќевековна традиција отколку таканаречените традиционални новогодишни празнувања ... Повеќе...

Старец Порфириј - Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно