Духовност
Поуки од Светите Отци
Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (6)
| Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (6) |
|
|
|
Зарем не ти е доволно, бидејќи создаден по образот на својот Творец, со добро држење можеш да достигнеш рамноангелска чест? Ти си добил умна душа со која размислуваш за Бога, со помислите продирајќи во природата на битијата и собирајќи ги најслатките плодови на мудроста. Тебе ти се покорени и потчинети сите животни и оние кои живеат на копното (било диви или питоми), и оние кои живеат во водата и оние кои летаат по воздухот. Зарем ти не си измислил разни вештини и зарем не си подигнал градови? Зарем не си го измислил и она што ти е неопходно и она што служи за насладување? Зарем твојата словесност не направи брегот да ти биде прооден? Зарем земјата и морето не му служат на твојот живот? Зарем воздухот, небото и мноштвото ѕвезди не ја покажуваат својата хармоничност? Зошто си малодушен? Затоа што немаш коњ со сребрени узди? Но, ти имаш сонце кое непрестано, во текот на целиот ден пред тебе носи светилка. Ти можеби немаш блескаво злато и сребро, но имаш месечина која те осјајува со својата илјада пати посилна светлина. Ти не се возиш во позлатена кола, но имаш нозе како сопствена и природна кола. Зошто ги почитуваш луѓето кои ги наполнале паричниците и на кои им се потребни туѓи нозе за да преминат од едно место на друго? Доколку не спиеш на слонова постела, сепак ја имаш земјата која е многу поскапоцена од слоновата: на неа ти слатко одмараш, имајќи лесен и безгрижен сон. Ако и не лежиш под златен покрив, ти над себе го имаш небото кое блеска со неискажливата убавина на ѕвездите. Меѓутоа, сe кажано сеуште е човечко. А постои и нешто друго, далеку позначајно. За тебе Бог беше меѓу луѓето и за тебе се разделуваат даровите на Светиот Дух. Заради тебе постои уништувањето на смртта, надежта во воскресението, заповедите Божји, кои го усовршуваат твојот живот, искачување кон Бога со помош на заповедите, прекрасното небесно Царство и подготвените венци на правдата, доколку не се оддалечиш од трудот во доблестите. (Продолжува)...
Подготви: Михаила Поповска Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (5) Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (4) Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (3) Св. Василиј Велики -Внимавај на себе (2) Св. Василиј Велики -Внимавај на себе (1)
Посети: 614 Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили... |
| neka Bog ni prosti i bide... |
| 01/12/08 19:33 Повеќе... |
| Од karolina |
| Поуки |
| PREKRASNI POUKI KOI, DOKO... |
| 01/12/08 17:37 Повеќе... |
| Од MIHAIL |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| Thomas Hopko, ne e nitu T... |
| 01/12/08 16:02 Повеќе... |
| Од lelo |
| ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА |
| dino e najdobar od sit... |
| 01/12/08 14:58 Повеќе... |
| Од ana |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| me zbuni komentarot na le... |
| 01/12/08 12:11 Повеќе... |
| Од suska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |