Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Поуки од Светите Отци arrow Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (4)
Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (4) Испечати Е-пошта


sv.vasilij.veliki.jpgаповедта ВНИМАВАЈ НА СЕБЕ е корисна и за болните, но погодна е и за здравите. Лекарите ги советуваат болните да внимаваат на себе и да не запоставуваат ништо од тоа што му служи на исцелението. На истиот начин и Словото, Исцелителот на нашите души, со мала помош (советот на изреката) ја исцелува нашата душа која страда од гревот. Затоа, внимавај на себе, за помошта од исцелението да биде согласна со мерата на прегрешението. Твојот грев е голем и тежок? Неопходна ти е долга исповед, горчливи солзи, постојано бдеење, непрекинат пост. Твојот грев е лесен и поднеслив? Нека и покајанието се изедначи со него. Само внимавај на себе за да ги запознаеш и здравјето и болеста на душата. Бидејќи, многумина после прекумерно невнимание паднале во големи и неизлечиви болести, не знаејќи дури ни дека се болни. Голема е ползата од оваа заповед и на здравите кои се утврдиле за дејствување. Бидејќи, како што ги исцелува болните, таа ги усовршува и здравите. Секако, кој ќе се научи на таа изрека е служител на некое од делата што н& ги пропишува Евангелието. Во големиот дом, во оваа Црква “нема само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глинени” (2. Тим. 3, 15), има свои ловци, патници, градител, домостроители, земјоделци, пастири, борци, војници. На сите нив им прилега оваа изрека: таа на секој му наложува точност во делата и грижа за произволението. Ако си ловец, испратен од Господ, кој вели: “Јас ќе испратам многу ловци да ги ловат по секоја гора” (Ер. 16, 16), грижливо внимавај на себе, пленот да не ти избега, па Господ да ги приведе оние кои подивеле од зло, кои треба првенствено да ги уловиш со зборот на вистината. Ако си патник, сличен на оној што се моли: “Чекорите мои управи ги” (Пс. 118, 133), внимавај на себе и не завртувај ни лево не десно, туку чекори по царскиот пат. Градителот, и тој, со надеж нека го положи темелот на својата вера, кој е Исус Христос. Домостроителот, нека набљудува како ѕида за да не користи дрва, сено и слама, туку злато, сребро и скапоцени камења (1. Кор. 3, 12). Пастиру, пази се да не пропуштиш некоја должност која ти е наложена од пастирскиот повик. Какви, имено, должности? Да се обрати заблуденото, да се превие ранетото, да се исцели болното. Земјоделецу, ископај ја бесплодната смоква и придодај & с# што ќе ја потпомогне нејзината плодност (сп. Лк. 13, 8). Војнику, биди сострадалник во Евангелието (2. Тим. 2, 3) и војувај добра војна (1. Тим. 1, 18) против духовите на злобата (Еф. 6, 12), против телесните страсти, земајќи го сеоружјето Божјо (Еф. 6, 13) и не плеткајќи се во работите на обичниот живот за да му угодиш на војводата (2. Тим. 2, 4). Борецу, внимавај на себе да не го престапиш некој од подвижничките закони, зашто никој не добива венец ако не се бори по правилата (2. Тим. 2, 5). Подражавај го Павле и трчајќи, и борејќи се и тепајќи се (1 Кор. 9, 26). И самиот, како добар борец, имај непоколеблив поглед на душата. Штити и со рацете покривај ги чувствителните места и немој да ги симнуваш очите од противникот. На патот стреми се кон она што е пред тебе (сп. Фил. 3, 13) и трчај да добиеш (награда) (1. Кор. 9, 24). Во борбата војувај со невидливите (непријатели). Изреката бара во животот да бидеш токму таков, а не малаксан и поспан, треба да стоиш трзвеноумно и будно.

(продолжува)…

Подготви: Михаила Поповска

Посети:573

 


Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 6
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Последни коментари

Што е тоа грев и кои се основни гревови (6)
Bravo mistik.:eek Pezijav...
21/11/08 00:58 Повеќе...
Од Voskre

Излезе од печат „Говорот на молитвата“ од Софија Гран...
karolina ova e do tebe na...
20/11/08 22:37 Повеќе...
Од dragi

ЗОШТО НИ Е (ИТНО) ПОТРЕБНА ВЕРОНАУКА
До Iva. По под...
20/11/08 21:37 Повеќе...
Од Драган Михајловиќ

Вечерва, 18.11.2008. во 20ч.- ПРОМОЦИЈА на најнова книга на Ми...
Важи Дуци! :)
20/11/08 21:21 Повеќе...
Од K.

ИВАН С. ТУРГЕЊЕВ - ЖИВИ МОШТИ
Sekoj treba da si go nosi...
20/11/08 19:44 Повеќе...
Од D.

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели