Духовност
Православни Цркви во светот
Цариградскиот Патријарх Вартоломеј и Рускиот Патријарх Алексиј одговорија на новинарските прашања
| Цариградскиот Патријарх Вартоломеј и Рускиот Патријарх Алексиј одговорија на новинарските прашања |
|
|
|
(28.07.2008)
“Благодарение на ова патување имавме можност да сослужуваме со возљубениот собрат Неговата Светост Патријархот Алексиј и со Поглаварите на другите Помесни Православни Цркви’’ – изјави Патријархот Вартоломеј нагласувајќи дека е секогаш полезно да се води ваков дијалог. Според зборовите на Поглаварот на Цариградската Црква, сите ние носиме одговорност за православното единство. Во тој дух поминаа и разговорите во Киево-Печерската Лавра. Патријархот Вартоломеј изрази желба Патријархот Алексиј да биде присутен на средбата на Поглаварите на Помесните Православни Цркви во октомври оваа година во Фанар.
“И јас сум благодарен на Неговата Светост за заедничкото служење на Божествената Литургија, за заедничката трпеза и искрениот разговор што го водевме во митрополијата’’ – изјави Неговата Светост Патријарх Алексиј. Според неговите зборови, на средбата се договорија дека сите проблематични прашања треба да се решаваат по пат на дијалог на делегациите на двете Цркви за да се донесат решенија што ќе одговараат на заедничките црковни интереси.
Потоа пред новинарите излезе претседателот на Одделот за надворешни црковни врски Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил, оценувајќи ја позитивно оставрената средба. Според неговите зборови, најважно е реализацијата на политичките проекти да не влијае на црковниот живот.
Извор: Патриархиа.ру
Извор: МПЦ
Во украинската престолнина се одржа прес-конференција по повод празнувањето на 1020 години од покрстувањето на Русија (29.07.2008)
Митрополитот Кирил го истакна големото значење на одржаните празнични свечености, кои посведочија за единството на вселенското Православие. Одговарајќи на едно од прашањата, архимандритот Кирил рече дека во предвечерието на свеченоста се појавија одредени стравувања во врска со признавањето на автокефалноста на Украинската Црква од страна на Цариградската Патријаршија. После вчерашната средба на претставниците на Цариградската и Руската Православна Црква стана јасно дека Цариградската Патријаршија нема да преземе еднострани дејствија. Се надеваме, рече претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Украинската Православна Црква, дека црковниот раскол во Украина ќе биде надминат, но за автокефалниот статус на Црквата треба да се разговара после обединувањето на украинското Православие. Ова мислење, според зборовите на отец Кирил го дели и Патријархот Вартоломеј. „Идејата за создавањето на една помесна Црква врз основа на неканонски структури претрпе фиаско“, истакна архимандрит Кирил.
Посети: 377
Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили... |
| neka Bog ni prosti i bide... |
| 01/12/08 19:33 Повеќе... |
| Од karolina |
| Поуки |
| PREKRASNI POUKI KOI, DOKO... |
| 01/12/08 17:37 Повеќе... |
| Од MIHAIL |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| Thomas Hopko, ne e nitu T... |
| 01/12/08 16:02 Повеќе... |
| Од lelo |
| ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА |
| dino e najdobar od sit... |
| 01/12/08 14:58 Повеќе... |
| Од ana |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| me zbuni komentarot na le... |
| 01/12/08 12:11 Повеќе... |
| Од suska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |