Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Поуки од Светите Отци arrow Св. Василиј Велики -Внимавај на себе (2)
Св. Василиј Велики -Внимавај на себе (2) Испечати Е-пошта

sv.vasilij.veliki.jpg

Кажано е: Внимавај  на себе. Бог Кој создаде сe, му даде на секое живо (суштество) инстинкт за заштита на сопствениот состав. Доколку внимателно почнеш да истражуваш, ќе откриеш дека повеќето бесловесни (животни) се отвраќаат од штетното, иако никогаш не учеле. Освен тоа, тие по природна привлечност тежнеат да се насладуваат со она што им е корисно. Нас пак, Бог, Кој не воспитува, ни  ја даде наведената голема заповед за со помош на словесноста да го наоѓаме она што нив им е дадено од природата, она што бесловесните (животни) го прават без надзор, ние да го правиме внимателно и со непрестано надгледување на помислите, за да бидеме верни чувари на инстинктот кој ни  е даден од Бога, за да се тргаме  од гревот како што животните бегат од отровот во храната и да трагаме за правдата како што тие бараат хранливи билки. Затоа, пази на себе за да можеш да го разликуваш штетното од спасителното. Меѓутоа, можно е двојно пазење на себе: со телесните очи да се гледа на видливите предмети или со умната сила на душата да се задлабочува во согледување на бестелесното. Доколку кажеме дека оваа заповед е ограничена само на дејствијата на очите, истиот момент ќе ја признаеме неможноста на нејзиното исполнување. Бидејќи, како може човекот целиот себе да се опфати со очите? Окото не може да го насочи погледот на себе, не достогнува до темето, не го познава ни грбот, ни лицето, ни распоредот на внатрешните (органи) во утробата. Меѓутоа, безбожно е да се тврди дека заповедите на Духот се невозможни. Затоа, ни  преостанува оваа заповед да ја сфатиме во смисла на дејствувањето на умот. Затоа, пази на себе, односно внимавај на себе од сите страни. Твоето душевно око нека биде непоспано за да се сочуваш самиот себе. Ќе поминеш покрај многу замки. Заради тоа внимавај на себе и спаси се како срна од клопка или како птица од замка (При. 6, 5). Срндакот не паѓа во клопки заради острината на својот вид. Тој, и името го добил по својата островидност (срна – има етимолошка врска со островидност). И внимателната птица со леснотијата на своите крилја успева да се воздигне над ловечката лукавост. Пази, значи, во чувањето на самиот себе да не се покажеш полош од бесловесните (животни) и заплетувајќи се во замка, да не станеш плен на ѓаволот, со оглед дека ќе бидеш жив уловен да ја извршуваш неговата волја (2. Тим. 2, 26).

(Продолжува)…

Подготви: Михаила Поповска

Друго:

Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (1) 

 

Посети:687


 


Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 5
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Последни коментари

Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили...
neka Bog ni prosti i bide...
01/12/08 19:33 Повеќе...
Од karolina

Поуки
PREKRASNI POUKI KOI, DOKO...
01/12/08 17:37 Повеќе...
Од MIHAIL

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
Thomas Hopko, ne e nitu T...
01/12/08 16:02 Повеќе...
Од lelo

ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА
dino e najdobar od sit...
01/12/08 14:58 Повеќе...
Од ana

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
me zbuni komentarot na le...
01/12/08 12:11 Повеќе...
Од suska

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели