Наука, Култура
Библиска археологија
Успешна истражувачка сезона на археолозите
| Успешна истражувачка сезона на археолозите |
|
|
|
Струмица Откриените наоди од досегашните археолошки ископувања на локалитетот Цареви Кули што ги спроведува Завод и музеј Струмица не само што ги надминаа очекувањата на струмичките археолози и ги збогатија активностите на манифестацијата "Струмичко културно лето", туку потврдија и дека на овие простори постоела цивилизација и култура стара околу 7.000 години. Потврда за ова е и откривањето на фрагменти од праисториска населба која, според археолозите, датира дури од првата половина на петтиот милениум пред нашата ера. - Откриените женски фигури со големина од 10 до 15 см, потоа графитната слика на керамика која досега не е откриена на ниту еден археолошки локалитет од ваков тип кај нас, како и некои други елементи од најраниот енеолит, кај археолозите предизвикаа изненадување, но и задоволство бидејќи пронајдените артефакти претставуваат вистинска реткост на балканските простори. Во целата населба се појавуваат упади од македонско-хеленистичкиот, античкиот и средновековниот период, што сведочи дека во и околу тврдината на Струмица имало живот и присуство на разни култури во еден мошне растеглив временски континуитет од праисторијата до доцниот Среден век, вели Славица Тасева, директор на Заводот и Музеј во Струмица. Според Зоран Рујак, раководител на археолошките истражувања на локалитетот Цареви Кули, струмичките археолози биле изненадени и од откривањето остатоци од црква на овој локалитет која според фреско-декорацијата датира од 13 век. Ова, бездруго, го потврдува фактот дека во овој период Струмица била еден од главните христијански центри во Македонија.
Македонија/миа МКД: Вредно археолошкло откритие на локалитетот Плаошник во Охрид Охрид, 24 јули (МИА) - При последните ископувања спроведени деновиве на археолошкиот локалитет Плаошник во Охрид откриен е гроб на покојничка од висок општествен ранг од железното време. Се проценува дека откритието датира од осмиот - седмиот век пред нашата ера и станува збор за оставнина на Енгеланите, кои во тоа време ја населувале западна Македонија. Гробницата се разликува од сличните откритија пронајдени на археолошките локалитети во источниот дел на Македонија по бројноста на зачуваните артефакти. Телото на покојничката било закопано со бронзена лентеста дијадема поставена на главата на починатата, потоа бронзен појас со трилисни украсни додатоци, масивни бронзени белегзии и други украси. аб/паг/10:46
Тетово Постари наоди, после август
Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и Фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
| Михаила Поповска - За вистината и лагата |
| Секоја чест. И... |
| 02/09/10 13:57 Повеќе... |
| Од Игор К. |
| Божествена Литургија во манастирот Успение на Пресвет... |
| Po molitvite na Presveta ... |
| 02/09/10 13:35 Повеќе... |
| Од GoceV |
| На празникот Успение на Пресвета Богородица, Загреб (30.... |
| Брадата е нај... |
| 02/09/10 11:57 Повеќе... |
| Од i |
| На празникот Успение на Пресвета Богородица, Загреб (30.... |
| Abe Aleksandar, kako ti t... |
| 02/09/10 09:18 Повеќе... |
| Од Do Aleksandar |
| На празникот Успение на Пресвета Богородица, Загреб (30.... |
| A be pop bez brada i bez ... |
| 02/09/10 07:42 Повеќе... |
| Од aleksandar |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци