Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Архива на Вести arrow Вести од овој месец arrow Трибина за изградба на црква во центарот на Скопје
Трибина за изградба на црква во центарот на Скопје Испечати Е-пошта

tribina.crkva1.jpg


tribina.crkva.jpg

Скопје, 23 јули (МИА) - Во организација на Прогресивниот млад синдикат, во Културниот центар „Точка“ денеска се одржа трибина посветена на идејата на Владата да возобнови црква на плоштадот „Македонија“ во Скопје, на која присуствуваа нејзини приврзаници, неистомисленици,  но и верници на Македонската православна црква.

tribina.crkva3.jpg

Трибината, на тема „Парцела Б5 - популизмот во служба на кичот“, се претвори во дискусија за начинот на водењето на државната, од една, и градската власт, од друга страна.

tribina.crkva8.jpg

Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски, кој беше еден од говорниците на трибината, изјави дека градските власти не биле известени за одлуката на Владата и за тоа што сакаат да прават. Според него, ингеренциите на градот Скопје се ставени на маргините и оти „Мал Ринг се претвора во политички ринг“. Костовски рече дека е христијанин и оти нема ништо против градење цркви, но оти за црквата „Константин и Елена“ нема маркица и законот не е испочитуван.

 tribina.crkva4.jpg

 tribina.crkva6.jpg tribina.crkva7.jpg

tribina.crkva5.jpg

Љубица Кондријанова, конзерватор од Заводот за заштита на споменици изјави дека станува збор за возобновување на црква што веќе постоела во Скопје, во која таа била крстена пред 52 години, потенцирајќи дека белезите на Скопје треба да се зачуваат. - Едно е немање и барање ингеренции, а друго возобновување на црква, рече Кондријанова, потсетувајќи го Костовски на тоа дека таа била една од оние што ја застапувале идејата за обновување на градската кафеана „Кермес“, во чија реализација тој лично е инволвиран. Таа потсети на фактот дека никој не реагираше така кога во Скопје беа урнати повеќе стари објекти, на чие место се изградени нови згради.

Организаторот образложи дека трибината не била организирана за тоа да се одговори на прашањето дали треба да има црква, ниту да се направи притисок врз црквата, туку да се слушнат мислењата на експертите.

Поради жестоко спротивставените мислења на организаторите и  дел од присутните граѓани трибината беше прекината.

tribina.crkva2.jpg

 

 Извадоци од дискусиите:

 

Друго:

ИРЕНА МИШЕВА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Скопјани ќе се гордеат со црквата на плоштадот

Пари од градот нема да се одлеат за изградба на црквата, тие ќе си останат во градската каса и ќе може да се планираат за решавање комунални и инфраструктурни проблеми, вели претседателката Мишева

 

Плановите за изградба на црква на плоштадот Македонија во центарот на Скопје предизвикаа лавина најразлични коментари во јавноста. Скопскиот градоначалник Трифун Костовски остро се спротивставува на изградбата на верскиот објект и најавува дека пред Уставниот суд ќе ги оспори измените на детаљниот урбанистички план со кои се зацртува маркичка за црквата, а кои ги донесе Општина Центар.Од друга страна, претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, вели дека мнозинството градски советници ја поддржуваат идејата за црква на плоштадот.

Сакам да истакнам дека навистина не ми е јасно и не можам да ја разберам негативната енергија што се појави околу ова прашање. Во изминативе денови бевме сведоци на многу полемики и коментари за ДУП за Мал ринг, а се спомнуваат определени забелешки за спроведување на меѓународен или државен јавен конкурс. Но, треба да се знае дека тоа не е во согласност со текстуалниот дел на ГУП на Град Скопје, во кој стои дека подносителот на планот е должен да спроведе конкурс за промени од поголем обем. Со други зборови, промени во урбанистичкиот концепт што опфаќаат значителен дел од површините на урбаниот опфат, а во овој случај се работи за промени во многу мал обем поради што не е потребно спроведување таков конкурс.Во текстуалниот дел од ГУП наведено е дека како општа карактеристика на идниот просторен развој меѓу другите е и дооформување на главните градски плоштади според нивната историска концепција со објекти од градско и државно значење од што произлегува дека планираниот објект- црквата ги задоволува утврдените параметри од Генералниот урбанистички план. Владата донесе одлука со консензус, со која го задолжи Министерство за култура за отпочнување постапка. Знаете дека Министерството за култура објави меѓународен конкурс за идејно-архитектонско решение на кој имаше 18 пријави. Од страна на стручно жири во кое покрај наши видни архитекти имаше архитекти и од странство, и согласно со црковните-архитектонски барања беше доделена 3-та награда.Не е прекршено апсолутно ништо ниту во постапката која се водеше и од страна на Министерството за култура и во согласност со сите законски правила и прописи.

* Како ги коментирате ставовите на
градоначалникот Костовски?

- Градоначалникот Костовски има право на свое мислење и свој став. Аргументите се најсилна алатка во демократијата. Понекогаш поинакво мислење е пат кон успешна приказна, но тоа е придобивка и доблест во демократијата се додека е конструктивно. Верувам дека аргументите ќе победат, зошто сите ние живееме, работиме и се движиме во овој град и сакаме да го направиме поубав, посреден и да прилега на вистинска метропола.

* Неопходна ли е изградбата на црква. Не е ли попотребно со тие пари да се решат хроничните комунални и инфраструктурни проблеми во Скопје?

- Пари од градот нема да се одлеат за изградба на црквата, тие ќе си останат во градската каса и ќе може да се планираат за решавање комунални и инфраструктурни проблеми. Скопје со изградбата на црквата ќе има уште еден капитален објект, за кој нема да се трошат градски пари. Туку напротив, кога зборуваме за изградба, тоа секогаш е позитивно за градот, затоа што со изградба на капитални објекти се внесуваат дополнителни средства во градската каса.

* Дали е вообичаено да се градат вакви објекти на главни градски плоштади и дали тоа е во согласност со традицијата на православните земји?

- Нема град во Европа кој на плоштадите нема цркви или, пак, катедрали. Тоа е одлика на секоја метропола, на секој град без разлика дали е мал или, пак, е главен град на некоја земја.

Има само една разлика од искуствата помеѓу другите и нас, а тоа е што секаде промотори и најзаинтересирани за изградба на капитални дела се локалните власти, особено кога се работи за централно градско подрачје. Кај нас е обратно, централната власт е таа што иницира и гради, а ние како локална власт сме многу инертни и пасивни.Централниот дел од Скопје е потонат во едно сивило и бездушност, плоштадот нема содржина за да ги привлекува жителите и посетителите. Токму затоа, убедена сум дека кога ќе се изгради црквата, музејот, театарот, градската куќа, кои се капитални објекти со различни намени, ќе им побудат интерес на жителите. Ќе се заживее плоштадот Македонија, а скопјани ќе имаат со што да се гордеат, затоа што ќе имаат и што да покажат на нивните пријатели, посетители, гости, туристи.

* Каков е Вашиот став за постапката за донесување на измените на ДУП од Општина Центар, станува ли збор за (не)усогласеност со ГУП?

- ДУП е под ингеренција на општините. Така е и во овој случај. ДУП „Мал ринг“ е во надлежност на општината, а не на градот. Планот за Мал ринг е донесен на седница на Совет на општина Центар и е донесен во законска процедура.

* Ќе има ли измени на ГУП?

- Да, на последната седница на Совет на Град Скопје донесовме одлука за измена на ГУП за град Скопје, која веќе е отпочната. Тука сакам да потенцирам дека согласно со Законот за територијалната организација од 2005 година, градот Скопје има и законска обврска да го отпочне целиот овој процес. Тоа се наметнува од фактот дека територијално Град Скопје со Законот од 2005 година не е во исти територијални рамки, па така имаме општини што припаѓаат на град Скопје, но воопшто не се зацртани во ГУП кој е од 2002 година. Градот промената на ГУП требаше да ја почне многу порано. Советот на Град Скопје уште на почетокот на мандатот донесе една одлука и поминаа речиси две години досега кога и конечно го финализиравме со ваква одлука.Тука морам да потенцирам дека и покрај законската обврска која ја имавме, ние немаше ништо да отпочнеме доколку централната власт не ни помогна со финансиски средства за ГУП.

Марјан Блажевски-Дневник

Посети: 691

 


Е-пошта

  Коментари (8)
1. Пратено од m, на 23-07-2008 21:25
se potsekjam na tekstovite na arhimandritot rafail vo vrska so odnosot megju duhovniot otec i duhovnoto cedo... izgleda demokratijata e najlosoto i najlaznoto ureduvanje, ne mozeme da gi vrednuvame sudovite na nekompetentnite, bez razlika sto tie najmnogu grakaat, ova e proces i niz toa ke mineme, vo podem se izgradbite na crkvi i toa treba da se prifati kako beleg na vremeto, nema mesto za kontraargumenti, crkvata treba se obnovi i tocka, ako veke drzime do nekakov identitet, samoto pokrenuvanje na inicijativata e dovolen argument za. a naslovot na tribinata e daelku od demokratski, Gospod na pomos
2. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 24-07-2008 00:46
Браво за верниците кои отидоа на „трибината“. Доста беше од ДИКАТАТУРАТА на либералниот фашизам.
3. Пратено од marjan_mk, на 24-07-2008 02:55
А зошто нема ни еден свештеник помеѓу присутните на трибината?!?!
4. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 25-07-2008 06:20
Kolku sto gledam jas, polno beshe svestenici.
5. Пратено од trezven, на 25-07-2008 11:46
Na svestenicite ne im e mestoto na tribini.Ne barajte go toa od niv, za niv bitkata ja vodi GOSPOD.SLAVA NA VECHNIOT!
6. Пратено од Tocka, на 26-07-2008 02:28
Objavete go soopstenieto od kabinetot na g. Kostovski. 
Ke vidite deka g.-din Gradonacalnik, decidno objasnuva deka toj ne e protivnik na izgradba na crkvata. Se sprotivstavuva na krsenjeto na zakonot.
7. Пратено од Еве, на 26-07-2008 04:54
РЕАКЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ 
Градоначалникот не е против црквата  
Кабинетот на градоначалникот Трифун Костовски преку соопштение реагира на дискусиите од трибината посветена на идејата на Владата да возобнови црква на плоштадот Македонија и на обвинувањата дека тој е против таквиот проект. - Ги отфрламе обвинувањата дека Град Скопје и градоначалникот Костовски се против изградба на верски објекти. Сите забелешки и реакции од градската управа, кои беа изнесени во јавноста, се однесуваа на непочитувањето на Генералниот урбанистички план при носење на Деталниот урбанистички план од општина Центар - се вели во соопштението од Кабинетот на градоначалникот Костовски
8. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 01-08-2008 19:05
Zosto tolku razmisluvame za izgradba crkva na plostadot vo Skopje pa Makedonija e pravoslavna zemja i zosto da ne go velicame i slavime Boga vo poveke crkvi.Koga muslimanite gradat dzamii vo Makedonia i gledaat sto poveke da izgradat i sto poveke da si go velicaat Alah pa ne znam sto mu ja dumate tolku za da se izgradi edna crkva.Kako sakate Makedonija da e pravoslavna ako nema crkvi ili dokolku ne sakate da izgradite neka stane Makedonija muslimanska a ne da si ostane pravoslavna,pa togas na sekoj metar ke gledate dzamija ,a ne crkva.

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 5
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Богородичен кондак

Св. Никола - с. Љубанци
29.08.2008


Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

05/09/2008 - петок

Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски;
Светиот маченик Луп;
Свети Виктор;

Православен календар за овој месец - МПЦ

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

Поуки од светите отци


Св. Теофан Затворник, : „Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш., ....
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

Беседа


...Та токму на неа се однесуваат и евангелските зборови дека нема поголема љубов од онаа, да се даде животот свој за својот ближен. Ова се зборови излезени од устата на нашиот Спасител Исус Христос...Повеќе...

ЛЕГЕНДА ЗА НЕМАТА ЦРКВА


– „Еве молитва којашто допира до нас!“ – рече Ангелот. Ете зошто лицемерните, формалните молитви не допираат до Бога и не донесуваат плод...
Повеќе...

Епископ Климент- Китки и лулудија


...Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


...„" Не ги земај премногу на себе грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди
...“
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно