Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Духовен Азбучник arrow Проштално писмо на арх. Софрониј (Сахаров)
Проштално писмо на арх. Софрониј (Сахаров) Испечати Е-пошта

Нека е благословено Името Господово сега и во вечни векови! Господ рече, како Своја заповед: ,,Љубете Ме и во таа љубов чувајте ги заповедите Мои,, (Јн. 14, 23). Преку чувањето на заповедите ние стекнуваме навика, се навикнуваме да живееме во непрестано сеќавање на Христос: на Неговиот живот, на Неговиот пример, на Неговите заповеди. Ве молам, мили браќа и сестри, примете ги лесно и со мир овие зборови, не како мои зборови, туку како одговор на оној призив со кој нас Господ не повикува...

Не мислам дека телесната смрт може за нас да биде разделба. Не! Мојата смрт, по мислењето на лекарите и така е веќе готово нешто. Ми даваат само уште неколку денови... Грешеа до сега, можеби грешат и сега. Нашето дело, нашиот подвиг сега е во тоа да ги превладееме границите на времето и материјата, вештеството на нашето тело за да останеме заедно и после моето заминување. И тоа не затоа што сум јас нешто ,,посебно,,. Јас сум грешен човек. Не ја исполнив заповедта на Живиот Бог, затоа што таа заповед го опфаќа сецелиот свет, и се што постои вон времето и вон просторот. Господ на Тајната Вечера рече: Јас живеам и вие ќе живеете (Јн. 14, 19)...

На нашиот сакан духовен отец Силуан Бог без зборови му се откри во видение на почетокот на монашкиот подвиг. Продолжете да го трпите нашиот неверојатен труд, кој за сите нас е невозможен без Христос. Нашиот пат е да го предадеме животот свој заради животите на другите. И нема поголема љубов од таа кога душата човечка е спремна да умре за доброто на ближниот. Господ рече ,,нема поголема љубов од таквата љубов,, (Јн. 15, 13). Си допуштам така да зборувам бидејќи искажавте спремност да пребивате во зборовите и во соединување на нашиот ум и нашето срце...

Бидете спокојни во своето срце: и кога сум со вас, и кога ќе си одам од вас, нема да се разделиме...

Истрпете го овој живот! Тој е создаден на чуден начин - како во него да нема ништо особено. Но, навистина постои (во него) нешто највозвишено и најголемо - Љубовта на Отецот, Љубовта на Синот, Љубовта на Светиот Дух со нас. Молејќи се за секој од вас по име, јас сум, секако, врзан за секој од вас со оние алки за кои може да се зборува како за алките на Царството Божјо - алките на љубовта вечна и непоколеблива во вековите на вековите. И тоа нас ни е тешко да го прифатиме. Апостолите за тоа зборуваа со многу поголема смелост отколку што ние можеме тоа да си го дозволиме себе. Но и она малку што го постигнавме, сепак, е дејство на Самиот Бог, како што кажуваат и архијереите во службата: ,,И утврди го лозјето Свое, кое го насади десницата Твоја!,,. Јас сум во беззизлезна ситуација - и сам сум нетрпелив, иако својот живот го посветив во служење на другите. Колку само денови и ноќи сум поминал со Бог во молитва! Но, може ли таа молитва воопшто да се нарече молитва, кога таа не е ништо друго освен ,,чкрипење со заби“?

Затоа вам, мили мои браќа и сестри, на крајот од својот пат ви говорам: во љубовта своја кон Христос бидете непоколебливи! Секое недоумие и секое страдање свое поднесувајте го живеејќи во Христос. Многу се патиштата кон ,,Апсолутниот,, во животот на човечкиот род, но нема ништо што би можело да се спореди со Христос. Затоа, не отстапувајте од Христос без оглед на сите тешкотии. Ако Господ ни даде да умреме, ќе умреме со свеста за Неговата љубов која Го одведе на Крст. Се надевам дека во нас вистински ќе дејствуваат зборовите Христови: Јас живеам и вие ќе живеете (Јн. 14, 19).

Секој Христов збор е самата Божествена Вечност. Христос не го давајте за ништо! Тој нека биде единствениот Цар на нашето срце, со Отецот и Светиот Дух. Да се верува во Христос - тоа е реален живот, животот на Самиот Христос. Како што Христос страдаше за секоја твар и за сецелиот свет, така и ние ќе се молиме на Бога. И во тешките моменти да заплачеме со гетсимански плач. И во нас после плачот сличен на гетсиманскиот плач, се случува, кога ќе не допре Духот Вечен да заживееме вистинито. Тогаш почнува нашиот бесмртен живот и тогаш Апсолутниот Бог ни се јавува во сосема поинакво светло. Нашата христијанска вера е крајно совршена и никој да не не одвои од Љубовта Христова, како и Павле што зборуваше (Рим. 8, 39). Сега ги изговорив овие зборови независно од апостолот Павле. Но, гледате, ние зборуваме на ист јазик и за ист живот како Апостолите и сите Светии, сведоци на Божеството Христово...

Го молам Бог да ми даде зборови, и зборовите навираат, и би сакал да го изберам она што е по својата природа Живот Вечен: кога ќе почнеме да страдаме како Христос, за сецелата твар, ние тогаш во Христос и со Христос живееме Живот Вечен.

Ви благодарам што ги ислушавте моите зборови. Заминувам уверен во тоа дека секој од вас Господ го доведе (овде) со Својата рака. И не е лесен нашиот живот. Кој не го знае животот, тој не ја знае болката на Христос. Денес ќе го завршам разговорот со вас со три зборови: предавајќи го својот живот за да живеат други; тешејќи ги сите кои доаѓаат, сироти, кои немаат други утешители во овој свет; и така, служејќи на Бога во (служењето на) Неговите страдални браќа и сестри наши, ќе се соединиме во таа љубов со Самиот Христос засекогаш... Благословот Божји на вас, браќа и сестри мои.

 Подготви: Михаила Поповска

Посети:394

 

 

 


Е-пошта

  Коментари (4)
1. Пратено од m, на 23-07-2008 14:41
neisrpna riznica "Секое недоумие и секое страдање свое поднесувајте го живеејќи во Христос."
2. Пратено од S., на 23-07-2008 21:23
"Христос не го давајте за ништо! Тој нека биде единствениот Цар на нашето срце, со Отецот и Светиот Дух. Да се верува во Христос - тоа е реален живот, животот на Самиот Христос. Како што Христос страдаше за секоја твар и за сецелиот свет, така и ние ќе се молиме на Бога. И во тешките моменти да заплачеме со гетсимански плач. И во нас после плачот сличен на гетсиманскиот плач, се случува, кога ќе не допре Духот Вечен да заживеемe вистинито."Uhhhhh!!!! :sigh
3. Пратено од I ova e dobro, на 24-07-2008 01:35
I ova...Ако Господ ни даде да умреме, ќе умреме со свеста за Неговата љубов која Го одведе на Крст. Се надевам дека во нас вистински ќе дејствуваат зборовите Христови: Јас живеам и вие ќе живеете (Јн. 14, 19).
4. Пратено од m, на 24-07-2008 14:57
"Секој Христов збор е самата Божествена Вечност." :)

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 7
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Богородичен кондак

Св. Никола - с. Љубанци
29.08.2008


Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

05/09/2008 - петок

Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски;
Светиот маченик Луп;
Свети Виктор;

Православен календар за овој месец - МПЦ

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

Поуки од светите отци


Св. Теофан Затворник, : „Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш., ....
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

Беседа


...Та токму на неа се однесуваат и евангелските зборови дека нема поголема љубов од онаа, да се даде животот свој за својот ближен. Ова се зборови излезени од устата на нашиот Спасител Исус Христос...Повеќе...

ЛЕГЕНДА ЗА НЕМАТА ЦРКВА


– „Еве молитва којашто допира до нас!“ – рече Ангелот. Ете зошто лицемерните, формалните молитви не допираат до Бога и не донесуваат плод...
Повеќе...

Епископ Климент- Китки и лулудија


...Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


...„" Не ги земај премногу на себе грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди
...“
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно