Skip to content
Премин Портал: Дома
Преподобен Сисој Велики Испечати Е-пошта

  19/07/2008

Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука. Пред смртта лицето му заблеска како сонце. Монасите стоеја околу него и ѝ се восхитуваа на оваа појава. А кога светителот ја испушти душата, одајата се исполни со прекрасно благоухание. Се упокои во длабока старост, во 429 година. Ги учеше Св. Сисој монасите: „Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови. Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“. Монах го праша авва Сисој: „Како да Му угодам на Бога и да се спасам?“ Му одоговори светителот: „Ако сакаш да Му угодиш на Бога, излези од светот, оддалечи се од земјата, остави ја тварта, пристапи кон Создателот, соедини се со Него со молитва и со плач и ќе најдеш спокојство и во овој и во оној век“. Монах го запрашал авва Сисој: „Како да го достигнам смирението?“ Му одоговори Светителот: „Кога некој ќе се извежба да го признава секој човек за подобар од себеси, ќе го стекне со тоа смирението“. Амон му се жалел на Сисој дека не може да ги запомни мудрите изреки што ги прочитал и да ги повтори кога разговара со луѓето. Му одговорил светителот: „Тоа не е нужно. Потребно е да се стекне чистота на умот и да се зборува од таа чистота, полагајќи ја надежта во Бога“.

 


Е-пошта

  Коментари (8)
1. Пратено од Антониј, на 19-07-2008 10:56
Еве еден податок за патриотите :) Св. Сисој Велики еднаш, во пустината, го пронашол гробот на Александар Македонски. Кога го видел се ужаснал и рекол: Колку голем човек беше, а сепак сега е само прав и пепел... И го затворил гробот и никому не му го покажал. Нравоучение: Тоа е епилогот на се земно. Како Александар што станал пепел, така и ние, а и Македонија. Барајте пристаниште за своите души во Живиот Бог, а не во земни работи.
2. Пратено од mimi, на 19-07-2008 12:28
Antonij????????
3. Пратено од D., на 19-07-2008 14:05
Sto podrazbiras pod patrioti Antonij :?
4. Пратено од varvara, на 19-07-2008 14:31
shto bi se uzhasnuval sv Sisoj od prav i pepel? sigurno ne se uzhasnal od koskite, a taman rabota ako se uzhasnal od faktot deka i "golemite" lugje se smrtni. 
Prikazna koja moze da im sluzi samo tupavi lugje so spoeni vegji. 
Ne tuku se rasfrlajte so "naravoucenija" lesno zosto ne e sekoj povikan da gi dava.
5. Пратено од тука сум, на 19-07-2008 14:45
Антониј, ти изгледа уште не си чул за Небесна Македонија и за Македонците како Небесен народ? Така што, ниту Александар станал пепел, ниту Македонија ќе стане!!!
6. Пратено од Тука сум, на 19-07-2008 14:48
Ниту пак св. Сисој го пронашол гробот на Александар! Гробот е тука, во Македонија!
7. Пратено од makedonka, на 19-07-2008 16:18
lele kolku vreva, Bog ne gleda na lice, ama sto sme si Makedonci, Makedonci sme, i tocka. Мака ми е за Александар Da staneme nezlobivi kako deca, da ne ne zajde во гнев, и да се радуваме на секој ден оти е дар од СОздателот, да го искористиме за покајание 8) :sigh
8. Пратено од Дрводелец, на 19-07-2008 19:43
Во манастирот Варлаам, на Метеора, постои фреска на која е претставен авва Сисој крај отворениот ковчег со скелетот на Александар. Тоа е алегорија на светската суета: 
 
„Гледајќи те, гробу, ридам од сето срце, 
присетувајќи се на заедничката судба. 
Како, тогаш, и самиот ќе бидам подложен на истиот крај? 
Ах, ах, смрт! Кој може да избега од тебе?” 
 
http://lh4.ggpht.com/_GL4Pu9f4nU0/SFd3UJBEoSI/AAAAAAAADQI/ru4jlfwKi3s/sisoes+b4+tomb+of+alex.jpg

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 4
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Акатист на Покров на Пресвета Богородица

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

„Мама Миа“- во кино Рамстор



Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

13/10/2008 - понеделник

Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски;
Свети Михаил, прв митрополит Киевски;

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

ЗА ОНТОЛОГИЈАТА НА ПРАЗНИЦИТЕ


...Според тоа во колкава мера е развиен опитот или предвкусот во тој надисториски егзистенцијален модус разликуваме есхатолошка, митолошка и идеолошка свест. Оваа последнава, како најтесна, не опфаќа никаква есхатологија, ...Повеќе...

Старец Порфириј- Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

Св.Теофан Затворник - ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО


...Бог ни го дал овој живот за да имаме време да се подготвиме за оној. Овој е краток, а оној бескраен. Но иако е краток, во неговиот тек човек може да се опскрби за цела вечност. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно