Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Наука, Култура arrow Друго arrow Рекламирањето на латиница скапо ќе се казнува
Рекламирањето на латиница скапо ќе се казнува Испечати Е-пошта

Собранието на Република Македонија  изгласа  

Изгор казни за неправилен македонски јазик

Најмалку 2.500 евра ќе плати секој издавач, медиум, општина, фирма што ќе објави нелекториран текст


Рекламирањето на латиница скапо ќе се казнува

Скапо ќе плати секој што во иднина преку медиум ќе опише некој „божанствен крузинг“, ќе огласи место за „адвертајзинг менаџер“ или ќе отвори „beauty studio“. Најмалку 2.500 евра ќе биде глобата за секое прекршување на Законот за употребата на македонскиот јазик. За секој нелекториран текст што ќе го објават правни лица, како издавачи, фирми, медиуми, општини, институции ќе следува глоба од 2.500 до 3.000 евра. Тоа стои во измените на Законот за употребата на македонскиот јазик, а кои деновиве ги изгласа Собранието на РМ. Според дополнувањата, одделно ќе се казнуваат и одговорните лица што дозволиле да се објави нелекториран текст и тоа со казна од 700 до 900 евра. Со новите одредби речиси десетпати се зголемени долните прагови од казните предвидени за отстапување од правилната употреба на јазикот. Досега, за правни лица тие се движеа од 10.000 до 200.000 денари, а за одговорните лица беа предвидени казни од 1.000 до 35.000 денари. Сепак, ретко кој во минатите години кај нас беше казнет за неправилна употреба на јазикот. Поддржувачите на измените во Законот сега веруваат дека висината на глобите ќе помогне да се сочува нормата на македонскиот јазик во јавната употреба.

ВИСОКИ КАЗНИ ЗА ПОВИСОКА СВЕСТ

Лилјана Поповска,водач наДОМи претседателка на Организацискиот одбор на манифестацијата Година на македонскиот јазик, верува дека македонскиот јазик ќе почне да се употребува правилно. Казните не се популарна мерка за да се развива свест за употреба на еден јазик, но сепак, во нашиот случај тие се неопходни за да се воспостави ред во настанатиот хаос што ни го уништува јазикот. Секој што ќе ја прекршува нормата ќе биде соодветно казнет. Македонскиот јазик беше речиси заборавен 16-17 години во Република Македонија. Иако постоеше закон за негова употреба, тој речиси и да не се применуваше. Токму затоа пред една година беше иницирана и Годината на македонскиот јазик, со што успеавме многу работи да поправиме во полето на јазикот - вели Поповска.

Најзадоволни од воведените измени се лингвистите од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кои со години укажуваат дека јазикот ни се уништува, зашто не се почитуваат правилата. Оттаму негодуваат што фирми, медиуми, јавни личности во минатите години неказнето го прекршуваа јазикот, користејќи зборови и изрази од англискиот јазик и од јазиците на земјите во нашето соседство.

- Од донесувањето на Законот за употребата на македонскиот јазик изминаа повеќе од десет години. Но, секако состојбите укажуваат дека не можеме да бидеме задоволни од неговото почитување. Многу списанија и телевизиски куќи се без вработен лектор, најголем број од имињата на трговските објекти, рекламите, излозите не се на кирилско писмо, сведоци сме на нелекторирани книги и прилози во весници, лоши преводи на филмските програми. Сето тоа добива загрижувачки обем. Дали зголемените казни ќе ја зголемат свеста за почитување на законот и на свеста за сопствениот јазик и идентитет, ќе покаже времето - вели Лилјана Макаријоска, директорка на Институтот.

ЦЕЛИ ОПШТИНИ НЕ ЗБОРУВААТ МАКЕДОНСКИ

Макаријоска додава дека е загрижувачки што во некои општини во земјава не се користи македонскиот јазик, иако неговата употреба таму е законски утврдена. Загрижува и тенденцијата пројавена во некои од единиците на локалната самоуправа за избегнување на употребата на македонскиот јазик утврдена со закон. Не ни е познато дали воопшто досега надлежните судови изрекле казни за прекршување на овој закон - вели Макаријоска.Надлежно за спроведување на Законот за употребата на македонскиот јазик и за измените во него е Министерството за култура во чии рамки работат Советот за македонски јазик и инспекциските служби. Сепак, од ресорното министерство се' уште не знаеја кога и како ќе ги применат новите одредби од Законот. Велат дека стратегија за тоа ќе нема се' додека не биде назначен нов министер за култура. Немаа одговор ниту дали ќе ги казнуваат и одговорните во одделни општини во кои се избегнува употребата на македонскиот јазик.

Наесен нов том од Толковниот речник

Нов, четврти том од Толковниот речник на македонскиот јазик ќе биде објавен наесен, најавуваат од Институтот за македонски јазик. На 600 страници ќе има повеќе илјади термини од нашиот јазик што почнуваат на буквата П. Толковните речници се водачи во правилната употреба на јазикот, но кај нас објавувањето се' уште се одвива бавно, зашто како што велат од Институтот, паричната поддршка за неговата подготовка е недоволна.- Се надеваме дека во иднина ќе има повеќе разбирање за финансирањето на проектите од национален интерес. Афирмирањето на македонскиот јазик, во услови на постојано негирање, е влог за сегашноста и за иднината - велат од Институтот.

Тоше Огњанов- Дневник
 


Е-пошта

  Коментари (4)
1. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 19-07-2008 02:00
Добро утро на некој ако е буден ,ме немаше извесно но како и да е не сум пропуштила многу.Како и да е законот е стварно народски кажано закон мене ми се допаѓа .Голема подршка од мене .
2. Пратено од B., на 19-07-2008 02:17
 
Ne bidi tolku sigurna... 8)
3. Пратено од Антониј, на 19-07-2008 10:49
Алилуја и браво за Владата. Конечно нешто добро и паметно во Државава. Си го заборавивме јазикот!
4. Пратено од Мајкл, на 21-08-2008 13:32
Да видам да профункционира на пластичарската улица па да поверувам!!!

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 1
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Акатист на Покров на Пресвета Богородица

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

13/10/2008 - понеделник

Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски;
Свети Михаил, прв митрополит Киевски;

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

ЗА ОНТОЛОГИЈАТА НА ПРАЗНИЦИТЕ


...Според тоа во колкава мера е развиен опитот или предвкусот во тој надисториски егзистенцијален модус разликуваме есхатолошка, митолошка и идеолошка свест. Оваа последнава, како најтесна, не опфаќа никаква есхатологија, ...Повеќе...

Старец Порфириј- Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

Св.Теофан Затворник - ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО


...Бог ни го дал овој живот за да имаме време да се подготвиме за оној. Овој е краток, а оној бескраен. Но иако е краток, во неговиот тек човек може да се опскрби за цела вечност. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно