Духовност
Прашања до духовникот
Љубете ги пријателите свои!!!
| Љубете ги пријателите свои!!! |
|
|
|
Владика Николај Велимировиќ (Извадоци)
Како ќе Го види Бог во моите зборови оној, кој не може да го види во природата и животот?
… … …излегувам со предлог, со молба, навистина со молба, сите ние да побараме потпирач за себе и за своите нешта во Бога, единствено во Бога. Не е тоа заради Бога туку заради нас. И повторувам: не е тоа заради Бога, туку заради нас самите. Бидејќи Бог ќе биде подеднакво голем, и кога би го величале и кога би го понижувале. Бог ќе биде светол, па колку и да фрламе темнина на Неговото име. Бог ќе постои, па и цела земја низ сите усти на своите созданија и низ сите вулкански кратери да вришти: те нема Боже! Бог ќе постои, светол и голем како и денес, и тогаш, кога зраците сончеви залудно ќе бараат макар и само еден жив човек на земјата, и кога наместо живи ќе ги милуваат само гробовите на мртвите. Ние не ги сакаме своите непријатели. Зарем тоа не е очигледно, без докажување? Ние ги сакаме само оние кои не љубат, и им позајмуваме само на оние кои можат да ни вратат, и им правиме добро само на оние кои може двојно да ни се оддолжат. Ние се сакаме себе и пријателите свои. Ние ги љубиме своите ближни, своите најближни, во буквална смисла. Нашите далечни далеку се од нашата љубов. Нашето срце се лепи за она што се лепат и нашите очи. Нашите очи се патеводител и на нашето срце. Ние само мислиме дека се сакаме себе и пријателите свои. Ние во тоа и се лажеме; затоа што себичноста ја нарекуваме љубов кон себе, и љубикањето љубов кон своите пријатели. Во самата реалност ние не се сакаме ни себе ни своите пријатели, исто онака како ни своите непријатели. Бидејќи во она што ние го нарекуваме љубов ги нема најдобрите елементи на љубовта. А најдобрите елементи на љубовта се: познанието, почитувањето и жртвувањето. Во нашата љубов кон себе нема ни познание, ни почитување, ни жртвување. Во нашата љубов кон пријателите наши исто така нема трага од тоа. Нашата љубов се состои само од своите ниски елементи. Нашата љубов кон себе и своите не е ништо друго освен засилена и расипана во исто време инстинктивна животинска љубов. А она што љубовта човечка ја прави повозвишена и посветла од љубовта на питомите и дивите животни, тоа е познанието, почитувањето и жртвувањето.
Познанието на себе и своите пријатели е прв елемент на возвишената и светла божествена љубов. Човекот кој за себе многу размислувал и кој себе многу се искушувал, може да дојде до познание на самиот себе. Но треба да се биде многу претпазлив во тоа испитување на самиот себе. Од најмала грешка во самопознанието може да дојде до лажен заклучок, а од лажниот заклучок и до лажна љубов кон самиот себе. Потребна е навика за расчленување, анализирање. Зашто од правилна анализа на себе, човекот ќе дојде и до правилна синтеза. Секоја неправилност во проценката на себе си, се осветува повеќе од колку на квадрат. ... Најважни прашања, на кои младиот човек мора правилно да одговори, за да се познае себе, па и целиот иден живот да му биде правилен и здрав, се:
Друго прашање се наметнува на секој човек:
Мноштвото луѓе не ја оценуваат правилно својата големина, па живеат во оптичка измама. Мноштвото се гледа себе во многу поголеми размери од што е. Живеејќи во една прелест таквите луѓе прават се, и другите да ги опрелестат. Ако тоа не им тргне од рака - тие се чувствуваат како несреќни витези, кои се појавиле не во свое време и не во свое друштво. Како да е потребно сите луѓе да бидат големи и генијални! Како на Бог за неговата историска драма да не му се потребни исто така и мали луѓе! Како светот да може да постои без говедари и ковачи и чистачи на улици! ... За жал многу се меѓу нас оние кои целиот свој век не ја сознаваат својата мисија. … Мноштво трпи Бог единствено од милосрдие, спремајќи и испраќајќи други пратеници за истата мисија, која била наменета за оние во кои пропаднала. ... многу, премногу има такви, кои не знаат ни кој се, ни колкави се, ни за што се, а кои зборуваат за љубов кон себе. Многу се, премногу се оние, кои себе не се нашле, а себе се засакале. Тие го сакаат своето вообразување, а не себе. Илузијата им е слатка, неа ја сакаат, а не себе. Многу се оние, кои прават лонци, а мислат дека се вајари. Многу се оние, кои станале државници, а требало да бидат трговци. Сите тие зборуваат за љубовта кон своите непријатели, додека сеуште ни себе не се сакаат, бидејќи не се познале себе, нити го нашле најдобриот себе. Нивната љубов е лажна, бидејќи се однесува на лагата во нив, а не на вистината. Кога лончарот го сака вајарот во себе, неговата љубов кон себе е лага. А кој се љуби себе лажно, тој лажно ги љуби и своите пријатели. А чија љубов кон себе и кон пријателите е лага, неговата љубов кон непријателите е два пати поголема лага.
… Со познанието треба да дојде и почитувањето, другиот главен елемент на достојната љубов.
Така и љубовта кон пријателите, ако не е основана на почитување, како и познание, брзо се претвара во презир и одвратност. ... Третиот елемент на возвишената и светла љубов е жртвувањето. Љубовта е олтар на кој секогаш треба да се врши жртвопринесување. Љубовта е божество кое бара постојано пред лицето негово да гори жртва, па да се гледа во светлината. Вистинската љубов, божествената љубов, се однесува секогаш на она што е најдобро во човекот. Ако јас го сакам своето вообразување, мојата љубов е лага. ... А ако јас ја сакам лагата, јас морам неа да и ја жртвувам вистината, зашто и лажната љубов бара жртви. Оној кој ја сака својата суета, и го жртвува неа паметот; и кој го сака своето тело, му ја жртвува душата, и кој ги сака парите им ја жртвува честа. И обратно: кој го сака разумот, ја жртвува суетата, и кој ја сака душата, и го жртвува телото, и кој ја сака честа, ги жртвува парите. И љубовта кон пријателите скапа е. Јас зборувам за вистинска, божествена љубов. Да му се помага на пријателот во добро и да се бара негова помош за добро, - само тоа се нарекува вистинска љубов. Јас го сакам пријателот не за да ми ласка во моите слабости и да ме затрупува и да ги оправдува моите грешки, но за да ме поправа во злото и да ме поддржува во доброто. Таквото пријателство е чистилиште, во кое човекот се чисти од грубите и ниски навики и склоности. Пријателството повеќе и е потребно на душата отколку на телото. ... Пријателството секогаш е живототворен здив на ангел кој не прати во животот, кој не подигнува кога паѓаме и не надахнува кога ќе обессилиме.
Каква љубов кон пријателите еден човек нуди, таква и ќе најде од пријателите. Секој има онаков пријател каков заслужува. Според каквоста и големината на жртвата се наоѓаат и пријателите. Јас морам да се откажам од се ниско, за да можам да го имам за пријател оној, чија душевна висина ја љубам. И морам да се откажам од себичноста љубејќи несебичен пријател. И морам да се откажам од грубоста љубејќи племенит пријател. Пријатели се нарекуваат често привремено и оние, кои од длабочината на душата се презираат. ... Ах, тие пријателства! Често значат завеса над пеколот. Се спријателуваат луѓето често од кукавичлук; ... често од суета; често од страв... често од досада. Тоа е привремено и пресметливо пријателство, - најголемиот гнас, кој на земјата расте и најголемиот срам човечки.
Дали е тогаш чудно што луѓето не ги сакаат своите непријатели, кога, ете, ни пријателите свои сеуштен е умеат да ги љубат? ... Како ќе се сака далечниот кога не се сака ближниот? ... Љубов кон непријателите нема да има се додека не ја има меѓу пријателите. А меѓу пријателите нема да ја има се додека таа не се изгради на взаемно познание, почитување и жртвување. Подготви: Михаила Поповска
Посети: 931 Е-пошта
|
|||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили... |
| neka Bog ni prosti i bide... |
| 01/12/08 19:33 Повеќе... |
| Од karolina |
| Поуки |
| PREKRASNI POUKI KOI, DOKO... |
| 01/12/08 17:37 Повеќе... |
| Од MIHAIL |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| Thomas Hopko, ne e nitu T... |
| 01/12/08 16:02 Повеќе... |
| Од lelo |
| ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА |
| dino e najdobar od sit... |
| 01/12/08 14:58 Повеќе... |
| Од ana |
| Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД |
| me zbuni komentarot na le... |
| 01/12/08 12:11 Повеќе... |
| Од suska |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |