Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Архива на Вести arrow Вести од овој месец arrow Aко ги заборавиме покојните, ќе заборавиме и на живите
Aко ги заборавиме покојните, ќе заборавиме и на живите Испечати Е-пошта

 stefan.osvet.jpg

Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски

 

ДО УЧЕСНИЦИТЕ
НА СВЕТСКАТА СРЕДБА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ
ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
ВО СКОПЈЕ, ОД 18 ДО 21 ЈУЛИ 2008 ГОДИНА

 

АКО ГИ ЗАБОРАВИМЕ ПОКОЈНИТЕ,
ЌЕ ЗАБОРАВИМЕ И НА ЖИВИТЕ


 Има настани, има годишнини и одбележувања, кои носат и од кои извираат чувства што ја расположуваат душата, што го веселат срцето... Но ова, како и секое собирање на некогашните протерани деца Македончиња од Беломорска Македонија, е собирање за тага заради тагата, е собирање за да продолжат солзите  - солзите недотекливи, е собирање за да не престане лелекот – лелекот неутешлив...

Годинашново собирање на распрснатите по светот Македонци, кое се случува по четврти пат овде во Скопје, престолниот град на Република Македонија, е средба за да го измериме времето од трагичниот настан во 48та, да го измериме времето на тагата, на солзите и плачот, времето кое е сведок дека и тоа самото неможе да биде лек за нашава рана, зашто нема мевлем за болката зададена пред шест децении врз македонската душа.

Возљубени,
 Наоѓајќи се меѓу Македонците во Торонто, со мислите сум и со вас, собраните во Скопје некогашни протерани Македончиња од Беломорието. Со вас сум и во тагата, со вас сум и во молитвата. Македонската православна црква –  духовната Мајка на македонскиот народ, секогаш била, е и ќе биде со својот народ. И овие денови е со вас и со сите кои ги доживеаја и ги живеат македонските голготи и распетија...

Егзодусот од пред 60 години е длабока и неизлечива рана врз македонскиот национален и духовен организам. За жал, оние кои го извршија невиденото злосторство, продолжуваат и денес да копаат по нашите рани. Откако уништија сè што беше таму македонско или ги потсетуваше на нас Македонците, еве, продолжуваат и со неприфаќањето на вековното име на нашата древна Татковина и со негирањето на сè што е наше македонско. И не само таму, туку, еве, посегнуваат и овде, на просторот од Република Македонија, па и насекаде до каде што нè има како Македонци. Нивниот закон на силата, поддржан и од оние кои некогаш учествуваа и во поделбата на Македонија, кое што потоа придонесе многубројни семејства да се преселат во други краеви па сè до Црното Море, тие и денес, пак со „аргументите“ на својата „демократија“ и  со поддршката на истите непријатели на нашата вистина, продолжуваат со тиранијата врз нас и врз сè што е наше македонско. Па, грев ли што сме Македонци, што сме чеда на Македонија?!

Овој собир на Македонците од сите страни на светот нека биде отворено послание и упатен апел до сите мирољубиви и правдољубиви луѓе и народи, до сите институции и организации за права и правдини по светот, за да го слушнат гласот на нас Македонците – онеправдани и прогонети, разделени и раселени, како глас на совеста и достоинството човеково, за, конечно, да ни се даде неотуѓивото право врз своето, правото врз своите родни места и имоти, врз она што, преку прадедовците, ни е дадено од Бога! 

Денес, молејќи се за душите на починатите под теророт на непријателите на Македонија, молејќи се за душите на настраданите од болештините по мајчините прегратки, молејќи се за сите што починаа со копнеж по татковиот дом и со непребол по родната грутка, да се помолиме милостивиот Господ да ги насели нивните души во рајските населби и да ги собере во небесната Македонија!

Да се помолиме за сите што починаа за Македонија или настрадаа само заради тоа што беа Македонци! Да се помолиме за упокоените, но и за живите Македонци! Да се помолиме на Господа, дарителот на сè и изворот на правдата, да ни подари сили и трпение за да издржиме во бранењето на вистината и правдината за Македонија!

Да се помолиме и да ветиме - и пред Господа и пред починатите Македонци, дека никогаш нема да заборавиме до каде е Македонија, дека нема да заборавиме на гробовите на нашите мајки и татковци, дека нема да ги заборавиме коските на нашите дедовци и прадедовци - во Солунско и Кукушко, во Воденско и Леринско, во Серско и Костурско, во Буф и Бапчор, по Меглен и Вичо и по сите наши места и краеви. – Да не заборавиме дека, доколку заборавиме на покојните – ќе заборавиме и на себе, ќе заборавиме и на нас - живите Македонци, да не даде Господ!

Бог да ги прости покојните! - Нам, на живите, нека ни дарува милост и правдина, за да го чуваме и зачуваме споменот и за нив и за Македонија!  

arhiepiskopija.jpg
Посети:413

 


Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 3
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Богородичен кондак

Св. Никола - с. Љубанци
29.08.2008


Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

05/09/2008 - петок

Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски;
Светиот маченик Луп;
Свети Виктор;

Православен календар за овој месец - МПЦ

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

Поуки од светите отци


Св. Теофан Затворник, : „Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш., ....
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

Беседа


...Та токму на неа се однесуваат и евангелските зборови дека нема поголема љубов од онаа, да се даде животот свој за својот ближен. Ова се зборови излезени од устата на нашиот Спасител Исус Христос...Повеќе...

ЛЕГЕНДА ЗА НЕМАТА ЦРКВА


– „Еве молитва којашто допира до нас!“ – рече Ангелот. Ете зошто лицемерните, формалните молитви не допираат до Бога и не донесуваат плод...
Повеќе...

Епископ Климент- Китки и лулудија


...Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


...„" Не ги земај премногу на себе грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди
...“
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно