| Aко ги заборавиме покојните, ќе заборавиме и на живите |
|
|
|
Стефан,
ДО УЧЕСНИЦИТЕ
АКО ГИ ЗАБОРАВИМЕ ПОКОЈНИТЕ,
Годинашново собирање на распрснатите по светот Македонци, кое се случува по четврти пат овде во Скопје, престолниот град на Република Македонија, е средба за да го измериме времето од трагичниот настан во 48та, да го измериме времето на тагата, на солзите и плачот, времето кое е сведок дека и тоа самото неможе да биде лек за нашава рана, зашто нема мевлем за болката зададена пред шест децении врз македонската душа.
Возљубени, Егзодусот од пред 60 години е длабока и неизлечива рана врз македонскиот национален и духовен организам. За жал, оние кои го извршија невиденото злосторство, продолжуваат и денес да копаат по нашите рани. Откако уништија сè што беше таму македонско или ги потсетуваше на нас Македонците, еве, продолжуваат и со неприфаќањето на вековното име на нашата древна Татковина и со негирањето на сè што е наше македонско. И не само таму, туку, еве, посегнуваат и овде, на просторот од Република Македонија, па и насекаде до каде што нè има како Македонци. Нивниот закон на силата, поддржан и од оние кои некогаш учествуваа и во поделбата на Македонија, кое што потоа придонесе многубројни семејства да се преселат во други краеви па сè до Црното Море, тие и денес, пак со „аргументите“ на својата „демократија“ и со поддршката на истите непријатели на нашата вистина, продолжуваат со тиранијата врз нас и врз сè што е наше македонско. Па, грев ли што сме Македонци, што сме чеда на Македонија?! Овој собир на Македонците од сите страни на светот нека биде отворено послание и упатен апел до сите мирољубиви и правдољубиви луѓе и народи, до сите институции и организации за права и правдини по светот, за да го слушнат гласот на нас Македонците – онеправдани и прогонети, разделени и раселени, како глас на совеста и достоинството човеково, за, конечно, да ни се даде неотуѓивото право врз своето, правото врз своите родни места и имоти, врз она што, преку прадедовците, ни е дадено од Бога! Денес, молејќи се за душите на починатите под теророт на непријателите на Македонија, молејќи се за душите на настраданите од болештините по мајчините прегратки, молејќи се за сите што починаа со копнеж по татковиот дом и со непребол по родната грутка, да се помолиме милостивиот Господ да ги насели нивните души во рајските населби и да ги собере во небесната Македонија! Да се помолиме за сите што починаа за Македонија или настрадаа само заради тоа што беа Македонци! Да се помолиме за упокоените, но и за живите Македонци! Да се помолиме на Господа, дарителот на сè и изворот на правдата, да ни подари сили и трпение за да издржиме во бранењето на вистината и правдината за Македонија! Да се помолиме и да ветиме - и пред Господа и пред починатите Македонци, дека никогаш нема да заборавиме до каде е Македонија, дека нема да заборавиме на гробовите на нашите мајки и татковци, дека нема да ги заборавиме коските на нашите дедовци и прадедовци - во Солунско и Кукушко, во Воденско и Леринско, во Серско и Костурско, во Буф и Бапчор, по Меглен и Вичо и по сите наши места и краеви. – Да не заборавиме дека, доколку заборавиме на покојните – ќе заборавиме и на себе, ќе заборавиме и на нас - живите Македонци, да не даде Господ! Бог да ги прости покојните! - Нам, на живите, нека ни дарува милост и правдина, за да го чуваме и зачуваме споменот и за нив и за Македонија!
Посети:492
Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Производство на темјан во манастир Успение на Пресвет... |
| во врска со те... |
| 14/10/08 01:12 Повеќе... |
| Од borjanka |
| Голема молитва - Благодарност кон Бога за даруваната р... |
| I jas se raduvam! :zzz |
| 14/10/08 00:32 Повеќе... |
| Од Tatko |
| Заедничко служење на поглаварите на помесните Правосл... |
| :) |
| 14/10/08 00:13 Повеќе... |
| Од презиме |
| Заедничко служење на поглаварите на помесните Правосл... |
| Da, i mene mi se blue... |
| 14/10/08 00:07 Повеќе... |
| Од Ime i Prezime |
| Заедничко служење на поглаварите на помесните Правосл... |
| посланието е ... |
| 14/10/08 00:02 Повеќе... |
| Од презиме |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 13/10/2008 - понеделник |
Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски; |
Свети Михаил, прв митрополит Киевски; |
![]() |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе... |
![]() ...Според тоа во колкава мера е развиен опитот или предвкусот во тој надисториски егзистенцијален модус разликуваме есхатолошка, митолошка и идеолошка свест. Оваа последнава, како најтесна, не опфаќа никаква есхатологија, ...Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Бог ни го дал овој живот за да имаме време да се подготвиме за оној. Овој е краток, а оној бескраен. Но иако е краток, во неговиот тек човек може да се опскрби за цела вечност. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |