| Патрони чествувања во Св. Петар и Павле, Crown Point |
|
|
|
Crown Point, USA - На 11, 12 и 13 јули, во храмот посветен на Првоапостолните меѓу апостолите и учителите на вселената, по повод патрониот празник на црквата"Св. Петар и Павле", во Краун Поинт, Индијана, беа одбележани патрони чествувања. Во петокот на 11 јули, беше отслужена празнична Вечерна Богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Американско-Канадски г. Методиј во сослужение на парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Томе Стаматов, протоереј Митко Поповски, ереј Рубинчо Ацевски и ѓакон Стеван Барјактаров. После вечерната Богослужба беше извршено осветување на свештенички садови. Утредента, на самиот празник, беше отслужена Света Архиерејска Литургија. Во поуката, Митрополит Методиј истакна дека треба јасно да ја изразуваме верата како Св. Ап. Петар и со пламена ревност да го проповедаме Евангелието како Св. Ап. Павле. По Литургијата беше направен празничен водосвет, пресечен славскиот колач и беше осветен новиот знак кој е поставен пред самиот храм и кој го прави целиот комплекс уште повелелепен. Вечерта беше приреден свечен банкет на кој учениците од играорната група се претставија со кратка програма. Во неделата, на 13 јули, беше отслужена Света Архиерејска Литургија, а потоа празнувањата продолжија со пикник организиран со богата програма и спортски натпреварувања.
Извор: АКМПЕ Посети:521
Е-пошта
|
|||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Пустинската Заедница и Осаменоста во Градовите (II) |
| 8) |
| 05/09/08 14:38 Повеќе... |
| Од Ocha |
| Пустинската Заедница и Осаменоста во Градовите (II) |
| Spoznajse samiot i ke go ... |
| 05/09/08 14:18 Повеќе... |
| Од josif |
| презвитера Дивна Љубиќ |
| Pochituvani , Bi sakal... |
| 05/09/08 14:07 Повеќе... |
| Од Milan Stankovik |
| Седница на Светиот Синод на МПЦ (19.06.2008) |
| Kje ja zemam knigata ,ina... |
| 05/09/08 13:24 Повеќе... |
| Од D. |
| Пустинската Заедница и Осаменоста во Градовите (II) |
| Prekrasen tekst! |
| 05/09/08 12:08 Повеќе... |
| Од Suki |
| Св. Никола - с. Љубанци
29.08.2008 |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 05/09/2008 - петок |
Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски; |
Светиот маченик Луп; |
Свети Виктор; |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Св. Теофан Затворник, : „Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш., .... Повеќе... |
![]() ... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе... |
![]() ...Та токму на неа се однесуваат и евангелските зборови дека нема поголема љубов од онаа, да се даде животот свој за својот ближен. Ова се зборови излезени од устата на нашиот Спасител Исус Христос...Повеќе... |
![]() – „Еве молитва којашто допира до нас!“ – рече Ангелот. Ете зошто лицемерните, формалните молитви не допираат до Бога и не донесуваат плод... Повеќе... |
![]() ...Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ...„" Не ги земај премногу на себе грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди ...“ Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |