Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Наука, Култура arrow Историја arrow Четврта светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија по повод 60 години од егзодусот
Четврта светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија по повод 60 години од егзодусот Испечати Е-пошта

Четврта светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија по повод 60 години од егзодусот


Скопје, 15 јули (МИА) - По повод 60-годишнината од егзодусот на 28.000 македонски деца за време на граѓанската војна во Грција од 18 до 21 јули во Скопје ќе се одржи четвртата Светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. 

Како што истакна на денешната прес-конференција претседателот на Организацискиот одбор Георги Ајановски, манифестацијата ќе биде отворена со свечен собир што ќе се одржи в петок во салата „Борис Трајковски“, на кој обраќање, во име на покровителите - Собранието и Владата на Македонија, ќе има претседателот на Парламентот Трајко Вељановски.

Од собирот ќе биде испратена и декларација до меѓународната јавност со барање за остварување на нивните човекови права и слободи. По собирот предвидено е делегации од учесниците да положат цвеќе на споменикот на „Децата бегалци“, на гробот на Гоце Делчев, на борците од НОБ и на споменикот на Крсте Мисирков. Наредниот ден во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи и панихида во спомен на загинатите и починатите учесници во Антифашистичката и во граѓанската војна.  

На собирот се очекува да присуствуваат околу 6.000 учесници од повеќе земји во светот, меѓу кои од Канада, САД, Австралија, од Полска, Чешка, Романија и Унгарија, како и гости од македонските организации од соседна Грција, Албанија и Бугарија. Своето присуство го најавил претседателот на државата Бранко Црвенковски, а покани се упатени и до претставници на меѓународната заедница и особено до амбасадите на земјите кои прифатија деца бегалци.

- На свечениот собир како централна манифестација на средбата сакаме, покрај Македонците со потекло од егејска Макеоднија, да присуствуваат и да се приклучат и граѓаните на Република Македонија за да го изразиме македонското единство и нашата сплотеност кога се водат битки за признавање на нашето историско име кое се негира. Тоа ќе биде израз и на нашата решеност да опстоиме во битката за остварување на одземените човекови права и слободи, рече Ајановски.

Ѓорѓи Доневски од Организацискиот одбор посочи дека наспроти досегашните средби кои главно имаа хуманитарен карактер, оваа ќе има и политичка конотација бидејќи нејзиното одржување се совпаѓа со писмото што премиерот Никола Груевски го испрати до грчките власти за враќање на бегалците и нивните имоти и за решавање на проблемот со правата на македонскто малцинство.  

- Средбата си добива и одреден политички карактер бидејќи за тоа што ние го бараме, а тоа е да ни се врати она што е одземено, сега веќе стои и Владата, односно Република Македонија. Очекуваме наскоро да се донесе и резолуција со која пратениците ќе ја задолжат Владата и нашите министерства да го отпочнат процесот на разрешување на проблемот со бегалците и признавање на малцинството, рече Доневски.

Тој истакна дека покана да присуствува на средбата е упатена и до претставници на Грчката канцеларија за врски во Скопје, со цел, како што рече, лично да се запознаат со тоа што ќе биде кажано на средбата. Покана е упатена и до Грчката комунистичка партија која беше организатор на евакуацијата на децата. 

На новинарско прашање, Доневски ги отфрли како шпекулации информациите дека тие и Владата се организатори на сличен собир и во Лерин. Тој појасни дека на 20 јули во село Овчарани, Леринско, традиционално се одржува панаѓур на кој е можно самоиницијативно да присуствуваат и нивни членови.

По најавената поддршка од Владата, тој потврди дека масовно се зголемува интересот кај децата-бегалци за пријавување за враќање на нивните имоти, за што се поднесени околу 4.000 пријави. Некои оштетени досега ангажирале и грчки адвокати за да ги застапуваат во Грција, но, како што рече, им било сугерирано да не го прават тоа бидејќи тие стравуваат од реакции од грчки националисти. Според него, целта е своите права децата бегалци да ги остварат не преку индивидуални судски процеси, туку по пат на укинување на декретите со кои им се одземени правата.   

Во рамки на четирите дена предвидена е богата програма која вклучува изложба на фотографии од досега одржаните средби на децата бегалци, научен симпозиум во МАНУ со презентација на 15-тина научни трудови посветени на граѓанската војна и на прогонот на децата, изложба на книги со тематика од Егејска Македонија, поетска вечер и промоција на книгата „Песни за Егеј“- антологиска збирка подготвена по повод Светската средба, ликовна изложба во КИЦ „60 години Погром“ на која ќе биде промовирана и монографија со дела на автори од егејскиот дел на Македонија. Учесниците в недела ќе го посетат манастирот во Лешок. Во киното „Милениум“ ќе биде промовиран и документарниот филм „Инконтинуо“, кој е подготвен од сите документарни филмови создадени во периодот меѓу 1948 година и во текот на педесетите години за децата бегалци. ва/паг/13:50

 Друго:

Писмо од Груевски до Караманлис: Очекувам да преземете мерки за исправање на неправдата на етничките Македонци родени во Грција

Посети:383


Е-пошта

  Коментари (2)
1. Пратено од ристо, на 18-07-2008 08:11
И по 2300год.како филип,ние македонците пак ќе работиме за нив-грците. Ќе ги освестуваме,ќе ги демократисуваме,па некако белки ќе станат по демократски и ќе влезат вистински во ЕУ.Бог да ни е на помош за и нив да им помогнеме.
2. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 11-10-2008 02:52
http://www.igenea.com/index.php?content=132&st=287&msg=1#add 
BOG NI POMAGA!BOG E SO NAS MAKEDONCITE KADE I DA SME!

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 2
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Последни коментари

Акатист кон Семоќниот Бог, кога сме во духовно безсили...
neka Bog ni prosti i bide...
01/12/08 19:33 Повеќе...
Од karolina

Поуки
PREKRASNI POUKI KOI, DOKO...
01/12/08 17:37 Повеќе...
Од MIHAIL

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
Thomas Hopko, ne e nitu T...
01/12/08 16:02 Повеќе...
Од lelo

ЕДУКАТИВЕН ВЕБ САЈТ ЗА ДЕЦА
dino e najdobar od sit...
01/12/08 14:58 Повеќе...
Од ana

Тома Хопко - ПРЕИСПИТУВАЊЕ ПРЕД ИСПОВЕД
me zbuni komentarot na le...
01/12/08 12:11 Повеќе...
Од suska

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели