| Полагањето на ризата на Пресвета Богородица |
|
|
|
Беседа за искушувањето на верата наша Верата наша, браќа се искушува почесто отколку што трската на ветеровите се ниша. Искушувањата се како ветришта : слабата вера ќе ја искорнат, јаката уште повеќе ќе ја зајакнат. Уште искушувањата се како оган, во кој сламата ќе изгори, а златото ќе се очисти. Нашата вера се искушува со човечките умувања и веројатности. Тоа се многу јаки и лути ветрови. Но ние можеме да им одолееме, доколку се придржуваме до зборот Божји и доколку спротивно на умувањата ја истакнуваме науката на верата Христова. Уште нашата вера се искушува со страв и срам: со страв од луѓе, кои ја гонат верата, и срам од луѓето кои горделиво ја презираат верата. И ова се силни ветрови, на кои мораме да одолееме, ако сакаме живи да останем. Како ќе опстоиме? Со стравот од Бога, кој треба во нашите души да е вавек поголем од стравот од луѓето; и срамот од апостолите, светителите и мачениците, кои не се засрамија од својата вера пред царевите, и кнезовите и мудреците од овој свет. Уште нашата вера се искушува со страдање и беда. Тоа е огин, во кој нашата вера или има да изгори како слама или или да се прекали како вжештено злато. На ова искушувае ќе одолеееме, доколку ќе се сеќаваме на Христос распнатиот на крст заради нас, и на толкуте илјади страдалници заради верата, кои со стрпливост се победија и излегоа од огинот злато што низ вековите се свети меѓу ангелите и меѓу луѓето. Уште нашата вера се искушува со смртта, смртта на нашите роднини и пријатели, и со смртта на луѓето воопшто.Тоа е оган лут, во кој многумина ја согореа својата вера. Дали смрта е крај на светот? Не е , верувај; таа е почеток на се; почеток на новиот, прав живот; Верувај во Воскресението Христово, верувај во загробниот живот, и верувај во сеопштото воскресение и Страшниот суд. О Господе благи, утврди ја верата во нас и помилуј не. Тебе слава и благодарност во веки. Амин Извор: Жита на светиите Посети:532 Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Производство на темјан во манастир Успение на Пресвет... |
| во врска со те... |
| 14/10/08 01:12 Повеќе... |
| Од borjanka |
| Голема молитва - Благодарност кон Бога за даруваната р... |
| I jas se raduvam! :zzz |
| 14/10/08 00:32 Повеќе... |
| Од Tatko |
| Заедничко служење на поглаварите на помесните Правосл... |
| :) |
| 14/10/08 00:13 Повеќе... |
| Од презиме |
| Заедничко служење на поглаварите на помесните Правосл... |
| Da, i mene mi se blue... |
| 14/10/08 00:07 Повеќе... |
| Од Ime i Prezime |
| Заедничко служење на поглаварите на помесните Правосл... |
| посланието е ... |
| 14/10/08 00:02 Повеќе... |
| Од презиме |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 13/10/2008 - понеделник |
Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски; |
Свети Михаил, прв митрополит Киевски; |
![]() |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе... |
![]() ...Според тоа во колкава мера е развиен опитот или предвкусот во тој надисториски егзистенцијален модус разликуваме есхатолошка, митолошка и идеолошка свест. Оваа последнава, како најтесна, не опфаќа никаква есхатологија, ...Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Бог ни го дал овој живот за да имаме време да се подготвиме за оној. Овој е краток, а оној бескраен. Но иако е краток, во неговиот тек човек може да се опскрби за цела вечност. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |