Skip to content
Премин Портал: Дома
Сеноќно бдение во манастирот Бигорски (07.07.2008) Испечати Е-пошта

 

 

„Пророку и Претечо на доаѓањето Христово… со твоето славно и чесно раѓање на светот му се проповеда воплотувањето на Синот Божји.“

 

Вака радосно му пее Црквата на најголемиот меѓу пророците, ангел во тело и слуга Божји, испратен во светот да Го најави Спасителот; го слави неговото чудесно раѓање од неплодните Захариј и Елисавета; ликува заради оној, кој со своето играње, уште во утробата на својата мајка, го проповедаше пришествието Христово.

Така и во Бигорското светилиште, овој свет дом на Претечата, братството и сестринството од метохот во Рајчица, заедно со многубројните верници и посетители, торжествено го прослави славното раѓање на својот патрон и молитвеник пред Бога.

Кон молитвеното чувство разбудено од прекрасните византиски напеви, кои светите отци ги создале за достојно да го опеат ова необично раѓање на Крстителот и кон благодатта која се излеваше од бројните мошти изнесени заради поклонение, беше придружена и радоста на верниците заради ретката можност да се поклонат на познатата чудотворна икона на Св. Јован, украсена со цвеќе, која беше поставена пред олтарот.

После сеноќната молитва во раните утрински часови, бдението беше крунисано со Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки, г. Тимотеј.

Благодарни на Бога за обилната благодат што ја излеа на нас, воскликнуваме зедно со Св. Јован Златоуст:  „Благословен е Господ Бог христијански, Кој ги посети и избави луѓето Свои! Нему Му прилега секаква слава, чест и поклонение, сега и во сите векови. Амин!“

 

  

 Беседа на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј

 Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Драги браќа и сестри,

Денешното наше скромно собрание во оваа света обител нè потсетува на ветувањето на нашиот Господ Исус Христос кога им вети на Неговите свети апостоли, а преку нив и на севкупниот човечки род, па така тоа се однесува и на нас, а тоа гласи: „Каде се двајца или тројца собрани во Мое име таму сум и Јас помеѓу нив“. Значи и ние денеска сме на молитва во Негово име и стоиме пред Самиот Христос и преку молитвата Му се обраќаме како вистински верни Негови деца.

Потребата за општење со Бога нѐ довела во овој свет манастир - потребата за молитва. И не само нас денеска, туку и сите верни луѓе ги води во црква, та преку молитвата да разговараат со Бога. Бидејќи молитвата е побожен разговор на човечката душа со Создателот. Значи, кога се молиме нашата душа разговара со Бога.

Ние луѓето во обичниот живот сметаме дека посебно внимание ни е укажано ако ни се даде можност да разговараме со некој голем и зачаен човек. А колкава чест ни се укажува во светиот храм кога во него стоиме пред Самиот Бог, и во молитва разговараме со Него. Заради тоа доаѓањето во светиот храм, за излегување пред Бога христијанинот треба да се подготви што подостојно да влезе во светиот храм, местото каде што престојува Самиот Бог. Нашата надворешност треба да изгледа едноставна, скромна, чиста, нашата слика да покажува умереност, скромност и едноставност, токму онака како што од нас бара Законот евангелски.

Како што нашата надворешност одговара на светињата на храмот, така и нашето духовно суштество треба да го подготвиме за средба и разговор со Бога. Како    да ги извршиме надворешните подготовки тоа скоро сите го знаеме, и со малку труд и   љубов скоро и сите го извршуваме. Многу потешко е да го подготвиме духовниот   човек за таа средба, за молитвеното општење со Бога. Како што земјоделецот кога сака земјата да ја посее со пченица, па мора земјата најпрво да ја очисти од сите нечистотии и да ги отстрани за нивата да може да донесе богат род, така и ние треба и мораме да се очистиме од грев, ако сакаме да ги уживаме плодовите на молитвата. Свети Јован Златоуст нѐ учи „во срцата секогаш да ја имаме непрестајната молитва со нејзините плодови: смиреноста, и кротоста“. Научете се од Мене вели Христос „Јас Сум кроток и смирен по срце и ќе најдете спокој на вашите души“. И уште додава: „Жртва е на Бога дух скрушен и смирен по срцето свое“, бидејќи попријатно и повеќе сакано од Бога нема од кротките и смирените и благородните души.

Ако успееме на таков начин да се подготвиме ќе бидеме спремни преку молитвата да застанеме пред Бога. Во спротивно нема да бидеме подготвени да се молиме, ниту, пак, нашата молитва ќе Му биде угодна на Бога. Имаме еден пример на таква молитва. Еден побожен млад човек наоѓал многу веселба и задоволство во     молитвата, бидејќи од молитвата чувствувал голема утеха. Еднаш паднал во голем грев, и одеднаш не ја чувствувал таа утеха во молитвата. Затоа бил тажен, и во неговата молитва се обратил со овие зборови: „Боже, или Ти не си повеќе Оној добар Бог или пак мојата молитва не Ти се допаѓа“. И веднаш после оваа молитва заспал и имал многу  поучен сон. Му се појавила некоја надземна претстава и му подала прекрасно овошје,   какво што може само да се посака, но тоа овошје било ставено во еден страшно валкан сад, што на човек му е страшно и да погледне, а не пак да земе и да јаде. А таа престава му вели на младиот човек да земе и да јаде од ова прекрасно овошје. Младиот човек со чудење одговорил: „Овошјето е навистина прекрасно и со задоволство би го јадел, но кога ќе го погледнам тој толку валкан сад во кој е ставено овошјето, не можам ни да го гледам те молам, тргни го од пред мене, да не го гледам. Така кажал младиот  човек и добил ваков одговор: „Гледаш таква е и твојата молитва; тоа што принесуваш на Бога е добро, но садот во кој ја принесуваш – твоето срце – валкано е и со грев е извалкано, и сѐ додека не го очистиш садот дотогаш на Бога нема да му се допаѓа ниту твојот дар ниту твојата молитва, кои, сами по себе се прекрасни и скапоцени“.

Додека се подготвуваме за молитва и додека сме на молитва во црква, да имаме секогаш на ум кои сме ние и што молиме, и Кој е Оној Кого Го молиме. Кој моли? Создание кое што има потреба од помош, а не е достојно за своето барање. На Кого со молиме? На Бога господарот на небото и на земјата. Ако сето ова го имаме на ум, ќе

бидеме во состојба да се молиме, и нашата молитва ќе биде угодна на Бога. Молитва     разумна, и принесена со скрушеност и скромност е угодна на Бога. Бидејќи, ако со гнев и нервоза застанеме да се молиме, ќе се најдеме пред Бога нечисти и несакани. Затоа да го скрушиме нашето срце, да ја смириме нашата душа и да се молиме.

Само таква молитва принисена со вера и надеж одговара на тоа на што Господ нѐ упатува: „Сѐ што барате во вашата молитва, верувајте дека ќе ви се даде.“ Нека и нашата молитва - нашето доаѓање во овој свет манастир биде угоден на Бога. Нека молитвите што сме ги упатиле на Бога и на свети Јован Крстител, чие раѓање денеска го прославуваме, нека бидат наша одбрана. Со нашите скромни молитви да добиеме изобилие на духовни дарови од Самиот Господ наш Исус Христос, на Кого нека е слава и благодарнст во сите векови. Амин!

 Известува: јеромонах Доситеј

Извор: МПЦ

Посети: 674

 

 


Е-пошта

  Коментари (6)
1. Пратено од k, на 12-07-2008 07:28
bravo za bigorskite monasi
2. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 12-07-2008 11:38
Sveti Proroce i Pretece Hristov Jovane, moligo Hrista Boga, za nas gresnite da ne pomiluva i spasi.Amin.
3. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 16-07-2008 11:51
PREUBAVO BESE BDENIETO STO BI SAKALA POVTORNO DA SE VRATI SE.SEUSTE JA OSEKAM TAA BLAGODAT I NIKOGAS NEMA DA GO ZABORAVAM OVA BDENIE.TOLKU MNOGU BLAGODAT KOJA IZVIRASE OD MOSTITE I OD CUDOTVORNATA IKONA :roll :)
4. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 23-07-2008 16:52
vakvo nesto ne moze da se opise so zborovi ili da se vidi na slika, moze samo da se dozivee.Na mnogaja leta visoko prepodobni oce Partenie...
5. Пратено од m, на 23-07-2008 20:15
mnogu ubava beseda, poucna
6. Пратено од јасна, на 28-07-2008 16:19
Благодатта во манастирот е неопислива,а исто и позитивноста која ја шири Отец Партениј.Пофалби за сите монаси во Бигорскиот манастир :)

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 16
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Богородичен кондак

Св. Никола - с. Љубанци
29.08.2008


Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

05/09/2008 - петок

Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски;
Светиот маченик Луп;
Свети Виктор;

Православен календар за овој месец - МПЦ

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

Поуки од светите отци


Св. Теофан Затворник, : „Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш., ....
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

Беседа


...Та токму на неа се однесуваат и евангелските зборови дека нема поголема љубов од онаа, да се даде животот свој за својот ближен. Ова се зборови излезени од устата на нашиот Спасител Исус Христос...Повеќе...

ЛЕГЕНДА ЗА НЕМАТА ЦРКВА


– „Еве молитва којашто допира до нас!“ – рече Ангелот. Ете зошто лицемерните, формалните молитви не допираат до Бога и не донесуваат плод...
Повеќе...

Епископ Климент- Китки и лулудија


...Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


...„" Не ги земај премногу на себе грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди
...“
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно