Наука, Култура
Библиска археологија
ЕКСКЛУЗИВЕН НАОД НА СКОПСКИОТ ЛОКАЛИТЕТ
| ЕКСКЛУЗИВЕН НАОД НА СКОПСКИОТ ЛОКАЛИТЕТ |
|
|
|
Скапоцена Венера откриена во Скупи Пронајдената статуа, според материјалот и изработката, односно според вкупната вредност, е иста со експонатите во музејот „Лувр“ во Париз, вели археологот Ончевска-Тодоровска
Статуа на божицата Венера од 3 век, со огромна вредност, пронајдоа завчера археолозите кои работат на ископувањата на локалитетот Скупи, кај скопско Злокуќани. Статуата е во природна величина (висока 170 сантиметри) и според обработката станува збор за оригинал. Според м-р Марина Ончевска-Тодоровска, која раководи со археолошкото ископување во чии рамки е најдена статуата, нејзината вредност е иста со експонатите во музејот „Лувр“ во Париз. Сега таа е пренесена за конзервација, а потоа ќе биде изложена во Музејот на град Скопје. Римската божица на љубовта Срамежливата Венера или Венера Пудика е во природна големина, со голо тело, а со рацете го крие срамниот дел. Според префинето измазнетиот мермер, сигурно е работена во професионален центар во кој работеле врвни вајари - вели Ончевска-Тодоровска.Вредниот наод е откриен при ископувањата на доцноантичкиот хоризонт кога се откриени два објекта: ранохристијанска базилика и бања која според Ончевска-Тодоровска може да биде дел од резиденцијален објект. Токму во бањата е откриена статуата на божицата Венера, која на левата нога има изгравиран делфин, кој го има Срамежливата Венера, кога излегува од вода. Најчесто била поставувана во бањи и во простории со базени.Делфинот на ногата, изработката и материјалот на скулптурата укажуваат на тоа дека Скупи од 1 до 7 век бил град од највисок ранг. Само богати градови може да си дозволат таков луксуз да имаат вака изработена Венера - вели Ончевска-Тодоровска.
Археолозите велат дека скулптурата пронајдена во Скупи е единствена скулптура најдена на локалитетите во Македонија што има сочувана глава, односно е во одлична состојба. Скулптура на божицата Венера е најдена и во Стоби, но без глава и сега е во витрините во музеј во Белград. Божицата Венера била инспирација на многу уметници, како на пример Ботичели (15 век) кој е автор на делото „Раѓањето на Венера“, на Тицијан кој ја нацрта „Венера со огледало“ и други. Градот Скупи е од крајот на 1 век пред нашата ера. Создаден е од воени ветерани по потекло од Италија и од Шпанија кои 25 години биле во римските легии. На локалитетот Скупи во досегашните ископувања откриени се 23.000 предмети. Истражувањата годинава почнаа во март и ќе завршат до крајот на месецот. (Л.Г.Д.) _Дневник Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и Фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
| о. Горан Тасeски - Се е суета и мачнина за душата |
| Mnogu impresiven tekst Ot... |
| 10/09/10 17:09 Повеќе... |
| Од simo |
| И акварелот се спасува од изумирање |
| Кога станува ... |
| 10/09/10 02:19 Повеќе... |
| Од Тони Шулајковски |
| Од Православен календар - Преподобен Пимен Велики (09.09.2... |
| ..."„Ова дете ќ... |
| 10/09/10 01:45 Повеќе... |
| Од a.. |
| о. Горан Тасeски - Се е суета и мачнина за душата |
| Амин |
| 10/09/10 00:01 Повеќе... |
| Од Гоце |
| о. Горан Тасeски - Се е суета и мачнина за душата |
| Prekrasno Otec! Imam cuvs... |
| 09/09/10 21:01 Повеќе... |
| Од Taska |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци