Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Полезно и Потребно arrow ПОУКИ НА СВЕТИТЕ (II)
ПОУКИ НА СВЕТИТЕ (II) Испечати Е-пошта

Управување

Нужно е првин да научиме да управуваме со себеси па дури потоа со другите. (Св. Тихон Задонски)

Самооправдување

Како што огинот и водата не можат да бидат заедно, така самооправдувањето и смирението се исклучуваат едно со друго. (Св. Марко Подвижник)

Мечтаење

Не мечтај за непостоечки нешта, туку добро устрој го постоечкото на општа корист. (Св. Василиј Велики)

Страстите како идоли

Оној кој одбива да им се потчини на страстите прави исто како и оној кој одбива да се поклони и ги обожува идолите. (Св. Теофан Затворник)

Срце

Кој Го има Бога во срцето има секое добро, и не може да трпи да чини грев! А кој Го нема Бога во срцето, го има ѓаволот и чини секакво зло и секакви гревови. (Св. Козма Етолски)

Самоудоволување

Престани да си удоволуваш себеси и нема да го мразиш братот свој. (Св. Максим Исповедник)

Поуки и совети

Необразованите и глупавите мислат дека поуките и советите се – смешни,  и не сакаат да им се покоруваат, затоа што тие се огледало на нивната глупост. (Преп. Антониј Велики)

Љубов Божја

Блажен е човекот во кој постои љубов Божја, затоа што во себе Го носи Бога .(Св. Ефрем Сирин)

Време

Разбери го времето. Не очекувај благоустројство во општата состојба на Црквата, туку биди задоволен со тоа што на оние кои посакуваат спасение им е оставена можноста да го остварат. (Старец Исаија)

Храбро исповедање на верата

Плаши се од Господ, сине мој! Да не го изгубиш венецот што ти е приготвен, да не бидеш отфрлен од Христа во најкрајна темница и вечна мака. Стој храбро во верата, и ако е неопходно, со радост трпи ги прогоните и другите неволји, оти со тебе ќе биде Господ... и Светите Маченици и Исповедници со радост ќе гледаат на твојот подвиг. (Св. Антониј Оптински)

(Продолжува)

Подготви: Б.Ѓ.

Посети:1860




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Коментари (1)
1. Пратено од Aleksandra, на 10-07-2008 14:25
Разбери го времето. Не очекувај благоустројство во општата состојба на Црквата... Ова е повеке од доволен одговор за нашето постојано роптање за состојбите во Православниот свет

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 7
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори



ON LINE на Премин Портал
отец Игор Калпаковски
Преглед на разговор од 22.12.2009


ON LINE на Премин Портал
Митрополит Европски г. Пимен
Преглед на разговор од 04.08.2009

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!