| Во посета на Сан Франциско – градот на Св. Јован Шангајски |
|
|
|
Долго време во себе носев желба да отидам на едно свето место за кое сум слушала и читала прекрасни работи. Едно место кое го осветиле моштите на голем Божји праведник, неуморен подвижник и голем чудотворец. Еден град, кого го возљубив заради прекрасниот Светител кој почива во него – Светиот Јован Шангајски. А Бог Кој гледа што е во нашите срца и ги знае сите наши намери и скриени желби, повторно ја покажа својата неизмерна благодат кон мене. Со радост им кажував на моите пријатели – заминувам за Сан Франциско, кај Свети Јован Шангајски! ...Полека пристапувам кон прекрасниот Катедрален храм посветен на Пресветата Богомајка – „Радост на сите ожалостени“,
На крај, повторно со стравопочит се поклонувам и застанувајќи отстрана до кивотот, го очекувам почетокот на Светата Литургија. ...Во Сан Франциско останав неколку дена во текот на кои имав прилика да посетувам Богослужби секој ден – навечер имаше Вечерни и утрени Богослужби, (во Саботата спроти недела Бдение), а наутро часови и Света Литургија. Гледав секогаш на Богослужбите да стојам блиску до Светителот, така чувствував посебна благодат и духовна радост. Исто, на левата страна од храмот имаше честици од моштите на голем број други Светители, па понекогаш се молев и покрај овие Светињи. Храмот навистина беше преполн со благодат.
Крај моштите на Св.Јован редовно се одржуваа Молебени по барање на верниците, кои заедно со Свештениците еднодушно му пееа на Светителот: „Моли Бога о нас, Свјатитељу оче Иоане...“. И јас бев удостоена да земам учество во неколку такви Молебени при што беа прочитани од Свештениците сите имиња што ги принесов за здравје и исцеление. Инаку, бев среќна да разберам и дека под Катедралата постои уште едно свето место – мала црквичка во која сеуште се Богослужи, а каде што претходно почивале моштите на Св.Јован, пред да бидат пренесени во катедралата во 1994 година. Таму сеуште стои ковчегот во кој почивал Светителот. Кога отидов, немаше никој и повторно можев во мир да се помолам. Над ковчегот беше поставена митрата на Светиот владика, која со почит ја целивав.
Уште едно свето место кое одејќи во Сан Франциско имав за цел да го посетам беше Манастирската Црквичка Св.Тихон, која е недалеку од Катедралата и во која се наоѓа келијата во која живеел и се подвизувал Светиот Јован!
Имав слушано дека јеромонахот (сега Архимандрит) о.Теодосиј кој живее таму обично е премногу зафатен и не секогаш има време да прима посетители, но се надевав во Господа дека ќе успеам да отидам и во ова свето место. И слава Му на Бога, не само што отидов, туку отецот имаше доволно време да ме прими и се да ми покаже и поопширно објасни. Најпрво ми ја покажа црквичката и поединечно сите икони во неа, од кои многу имаа честици од моштите на Светителите насликани на нив (Св.Тихон, Св.Пантелејмон и многу други). Ми покажа и неколку икони кои претходно биле потполно темни, а со тек на време се беа чудесно осветлиле и можеа да се видат ликовите на нив. О.Теодосиј со восхит му го препишуваше тоа чудо на Господа.
Потоа ми ги покажа останатите простории каде што видов многу предмети зачувани од времето кога тука живеел Светителот. Со нетрпение очекував да ја посетам келијата на Св. Јован. Веднаш кога влегов во неа ја видов огромната икона на Светителот и пред неа поставената свеќа и вазна со свежи цвеќиња, а во непосредна близина – скромна жолта фотелја, која, како што претходно знаев, светителот не само што ја користел додека работел и творел, туку ја имал и место кревет. Всушност, тој и никогаш не спиел – само по малку се одмарал во неа. Таков голем подвижник бил Светиот Јован!
Отец Теодосиј ме охрабри слободно да разгледам се, покажувајќи ми ги книгите што Светителот ги користел, иконите на ѕидот како и оние до и на работната маса кои сам Св.Јован ги беше поставил и на кои им се молел, слики на нему драги луѓе, неговите наочари, кадилникот... Потоа ја запали свеќата пред големата икона и ми даде Акатист посветен на Св.Јован ако сакам да го прочитам и во мир да се помолам додека тој не отиде да заврши некои обврски.
Околу половина час можев во мир да се молам, да ги разгледам и допрам предметите што Светителот ги користел, да седнам на фотелјата во која тој седел!(што му се препорачува на секој посетител, заради стекнување духовна благодат и помош од Светиот). Колкава духовна радост чувствував во овие мигови! Колку силно се чувствуваше присуството на Светителот и неговата благодат! Навистина не може да се опише! Кога о.Теодосиј се врати, отслужи Молебен за мене во келијата на Св.Јован и заедно се помоливме за сите роднини, пријатели и браќа и сестри во Христа.
На крај, отецот ми подари икончиња и медаљони со ликот на Светителот, како и неколку шишенца со свето масло кое постојано гори во кандилата поставени над нетлените мошти на Св.Јован. Маслото има чудотворна и исцелителна сила – ова мнозина го кажуваат а и јас го потврдувам! Само треба секој што се помазува да го прави тоа со вера и да не се откажува ако веднаш не добие помош. Понекогаш потребно е прво да се испита нашата вера. Но ако продолжи да се моли и помазува верувајќи во помошта на Св.Јован, сигурно ќе добие исцеление (се разбира ако е тоа во согласност со светата Божја Волја).
...Привршува Светата Литургија, а јас стојам крај светиот кивот и не можам да се наситам од благодатта која зрачи од него. Но, времето на мојот лет наближува и време е да се поклонам за последен пат на Светиот чудотворец. Знам дека ќе помине извесно време додека повторно не се укаже прилика да отидам во Сан Франциско, но, сепак, којзнае? Чудни се патиштата Господови. Заминувам, а со себе понесувам дел од благодатта која изобилно извираше од светиот Јован. И знам дека имам еден голем молитвеник на моја страна, еден силен застапник кој се моли на Бога за мене и за целиот свет.
Корисни информации за оние што би сакале да се поклонат на моштите на Св.Јован Шангајски:
Адреса на Катедралниот храм каде што почиваат моштите:
Clergy:
Archpriest Sergei Kotar (415) 751-4623
Protodeacon Nicholas Triantafillidis (650) 871-8624
Адреса на Црквата Свети Тихон (каде што живеел Св.Јован)
Книги кои ги препорачувам:
Свети оче Јоване Шангајски, моли Го Бога за сите нас! Извор: http://www.mpc-svpetka.com/ (Духовни патеписи) Посети:3006
Е-пошта
|
||||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и Фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
| СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ЉУБОВ КОН БОГ И МЕЃУСЕБНО |
| "За монахот ти... |
| 02/09/10 19:15 Повеќе... |
| Од DA! |
| Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010) |
| PREKRASNO!!! |
| 02/09/10 19:08 Повеќе... |
| Од S.L. |
| Михаила Поповска - За вистината и лагата |
| Секоја чест. И... |
| 02/09/10 13:57 Повеќе... |
| Од Игор К. |
| Божествена Литургија во манастирот Успение на Пресвет... |
| Po molitvite na Presveta ... |
| 02/09/10 13:35 Повеќе... |
| Од GoceV |
| На празникот Успение на Пресвета Богородица, Загреб (30.... |
| Брадата е нај... |
| 02/09/10 11:57 Повеќе... |
| Од i |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци