Духовност
Духовен Азбучник
Архимандрит Рафаил (Карелин) - Односи меѓу духовниот отец и духовните чеда (4)
| Архимандрит Рафаил (Карелин) - Односи меѓу духовниот отец и духовните чеда (4) |
|
|
4. Четвртата форма на владеење е – монархија. Ова е најразумниот принцип во односите меѓу духовен отец и неговите чада. Монархија во нејзиното идеално значење бара разумност во управувањето и љубов спрема луѓето. Пред монархот сите се еднакви. Тој претставува највисока власт, но власт којашто не е ограничена со надворешни институции, туку со традиција. Зборот на духовниот отец треба да е неотповиклив, но истовремено и разумен и праведен. Човек кој исполнува заповед на монарх треба да знае дека тој постапува разумно и дека во таа заповед се содржи грижата за неговото богатство. Монархот е единствен владетел, но тој не ги игнорира советите и ги ислушува молбите, упатени до него. Во нашето време духовниот отец треба да постапува со своите чеда разумно и праведно, и на таа основа да бара послушание. Тој може да ги ислуша и да ги исполнува советите и молбите, но последниот збор е негов. При таква форма на односи, не е дозволено расправање, спорење и сл. Може да се побара објаснување за даденото благословение, но духовното чедо не смее самоволно да го менува или да го нарушува. Впрочем, и тука има исклучоци. Монархот треба да се раководи од традицијата, а духовниот отец – од правилата на Црквата. Надвор од црковното Предание и од евангелските заповеди, духовното раководство ја губи силата – монархот се претвора во узурпатор. 5. Деспотизам Овој пристап се разликува од монархискиот во тоа што разбирањето на традицијата, доброто, и злото и сл., се заменуваат со личен диктат. Тука поимите справедливост и право отсуствуваат. Сè зависи од волјата на деспотот. Оваа форма може или да го уништи духовното чедо, или брзо да го исправи. Но, во наше време ова лекарство со силно дејство е несоодветно за слабите организми. Без особена благодат, којашто дејствува во духовниот отец, деспотизмот во духовниот однос просто би го осакатил духвното чедо. Без решеност за послушание од страна на духовното чедо, овој принцип исто така може да предизвика во него протест и да ја уништо желбата и за најмало послушание. Во древните времиња учителите прибегнувале кон средства со силно дејство. Тие давале тешки задачи, кошто речисии и не можеле да бидат исполнети, и кои понекогаш ì противречеле на здравата смисла, а учениците, посветувајќи се на послушност спрема старецот, подготвено ги исполнувале, и мошне брзо духовно напредувале. Преку таквото послушание човекот успешно се борел со демонот на гордоста, кој го потресува целиот свет. Денес нема ниту такви учители, ниту такви послушници. И послушанието во денешно време треба да се дава од страна на учителот со големо расудување и со запазување на принципот на целисходноста и справедливоста. Човековата гордост, минувајќи ги сите фази на болеста, се претворила во воспалена гнојна рана којашто страшно боли при секој допир. Затоа за духовниот отец е нужно трпение и сострадање, но исто така и сила на волјата. Тој, слично на хирург, треба да има лесна, но цврста рака.
Подготви:д-р Драган Михајловиќ
Однос меѓу духовниот отец и духовните чеда (1)
Архимандрит Рафаил (Карелин)- Однос меѓу духовниот отец и духовните чеда (3)
Посети: 712
Е-пошта
|
||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Производство на темјан во манастир Успение на Пресвет... |
| во врска со те... |
| 14/10/08 01:12 Повеќе... |
| Од borjanka |
| Голема молитва - Благодарност кон Бога за даруваната р... |
| I jas se raduvam! :zzz |
| 14/10/08 00:32 Повеќе... |
| Од Tatko |
| Заедничко служење на поглаварите на помесните Правосл... |
| :) |
| 14/10/08 00:13 Повеќе... |
| Од презиме |
| Заедничко служење на поглаварите на помесните Правосл... |
| Da, i mene mi se blue... |
| 14/10/08 00:07 Повеќе... |
| Од Ime i Prezime |
| Заедничко служење на поглаварите на помесните Правосл... |
| посланието е ... |
| 14/10/08 00:02 Повеќе... |
| Од презиме |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 13/10/2008 - понеделник |
Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски; |
Свети Михаил, прв митрополит Киевски; |
![]() |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе... |
![]() ...Според тоа во колкава мера е развиен опитот или предвкусот во тој надисториски егзистенцијален модус разликуваме есхатолошка, митолошка и идеолошка свест. Оваа последнава, како најтесна, не опфаќа никаква есхатологија, ...Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Бог ни го дал овој живот за да имаме време да се подготвиме за оној. Овој е краток, а оној бескраен. Но иако е краток, во неговиот тек човек може да се опскрби за цела вечност. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |