Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Наука, Култура arrow Библиска археологија arrow Црква од 6 век во тетовскиот „Стар манастир“
Црква од 6 век во тетовскиот „Стар манастир“ Испечати Е-пошта

 

„Стар манастир“ се смета за еден од најстарите сакрални објекти за кого први записи се пронајдени во 1326 година

ТЕТОВО - На локалитетот Лешочко Кале започнуваат археолошки истражувања на стар манастирски комплекс од пред повеќе векови. Истрагите што ги иницираше Музејот на тетовски крај, а се реализираат преку Националниот конзерваторски центар, финансирани од Министерството за култура, се насочуваат кон објекти што во 14 век претставувале епископски центар, но истовремено црквата „Св. Атанасиј“ која се' уште опстојува, ќе се утврдува дали била градена на стар црковен објект од 6 век. Подготовките за почеток на археолошките истражувања веќе се завршени, па според најавите од Националниот конзерваторски центар наскоро ќе започнат. Годинава се планирани сондажни истражувања кои ќе траат околу еден месец. Во наредни фази кои според проектот би се одвивале од наредната година, ќе се пристапи кон конзервација. На овој комплекс забележани биле и поранешни истражувања во два-три наврати, а тогашните и сегашните наоди ќе послужат за поставување сонди до самата здравица, заради заштита и создавање услови на некогаш подигнатите објекти.

 

Со организираните археолошки истражувања ќе се стави крај и на беснеењето на дивите копачи од кои една група откриени минатата година, им беше судено и им беа изречени затворски казни.

Манастирскиот комплекс „Стар манастир“ се смета за еден од најстарите сакрални објекти за кого први записи се пронајдени во 1326 година. Јеромонахот Јоаникиј како единствен ктитор најнапред ја подигнал манастирската црква со пари, што ги обезбедил продавајќи го целиот имот на својот татко. Црквата била подигната на стари темели и градба од шестиот век, што е потврдено со пронаосот, на кој на десниот ѕид до неодамна биле видливи фреските. Во двориштето Јоаникиј изградил и конаци, келии и други објекти, а манастирот „Св. Атанасиј“ останал седиште на Полошката епископија како управен, духовен и културен центар на 14 век под јурисдикција на Охридската архиепископија. Создадени биле услови за живот на монаси и членови на манастирското братство, но и како место каде се школувале свештеници. Манастирскиот комплекс под разни влијанија неколку пати бил разурнуван, а најмногу последици имал во наездата на турските башибозуци во 1689 година. Први ископини биле вршени во 1927 година, кога биле откриени остатоци од разурнатата црква, три саркофази од кои еден бил на јеромонахот Јоаникиј, осамен гроб, две гробници и други објекти.

Од фрескоживописот очигледни биле делови на свети маченици, свети војници како и фреската насловена како „Угостувањето на праведниот Аврам“, но и делумни истраги биле вршени во 1981 година.Меѓутоа, очигледно е дека целиот простор бил оставен и запуштен, објектите оштетувани и од луѓе, но и од забот на времето, а свое влијание извршиле и дивите копачи кои во потрага по закопаното благо, нанеле огромни штети на просторот. (Г.Е.)Утрински весник




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 0
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Последни коментари

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
Слава на Госп...
02/09/10 22:31 Повеќе...
Од Тони

Царице моја преблага
Mnogu ubav link!
02/09/10 19:49 Повеќе...
Од be_free

СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ЉУБОВ КОН БОГ И МЕЃУСЕБНО
"За монахот ти...
02/09/10 19:15 Повеќе...
Од DA!

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
PREKRASNO!!!
02/09/10 19:08 Повеќе...
Од S.L.

Михаила Поповска - За вистината и лагата
Секоја чест. И...
02/09/10 13:57 Повеќе...
Од Игор К.

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!