Skip to content
Премин Портал: Дома
Свети Филарет Московски - За односот кон ближните Испечати Е-пошта

 

sv.filaret.moskovski3.jpgНе би имал смелост да му кажам на ближниот: сакам да ме љубиш, а пак, ми се чини дека не би ни кажал: не сакам да ме љубиш. Во тоа има нешто што одбива, нешто што отуѓува и што на срцето на друг човек може да му нанесе тежок удар.

Корисно е да ги познаваш зборовите на критикувањето оти тие се лек против гордоста и совет секогаш да бидеме внимателни.

Скоро и да нема потреба да го критикуваме човека од своја волја, единствено ако тој самиот не даде повод да му се каже вистината. Тешко е да осудуваш оти во тоа многу лесно се вмешува и самооправдувањето. Покрај тоа, осудата може да  му направи непријатности и на друг, кој ја пренел таа осуда, и затоа најдобро би било да Му се помолиме на Бога, Он да го научи секој од нас да гледа на постапките на ближните со чисти очи, без осуда и сомнеж.

Ако другиот човек не покажува желба за помирување, вие од своја страна покажете мир и не судете строго. Не треба себеси да се подметнуваме под стрели и не е ништо лошо да се употребува штит тогаш кога друг ве напаѓа.

Никогаш не треба да се влегува во препирки, а особено тогаш кога непријателот може да го надзборува оној кој е во право и кога непријателот не се плаши дека ќе биде прекинат, туку се надева дека во случај на нужда, ако веќе не е во можност да покаже дека не е во право, својот соперник може да го победи со грубост и со потсмев.

Праведно е и корисно чашата на трпението да ја полниме со вода на кроткоста и да ја излеваме на огинот на љубомората, за да овој полека гори и не се распламтува и претвора во пожар кој е во состојба да се оттргне од контрола и да ги уништи ѕидовите на љубовта, снисходливоста и смирението.

Мене ми се чини дека непријатели има малку, а многу се оние кои, заради недоразбирање, погрешно ги разбираат другите луѓе и нивните постапки, та заради тоа стануваат недобронамерни.

На навредувањето корисно е да се одговара со кроткост отколку со навредување. Да се потсетиме на вистината дека валканоста не се отстранува со валканост, туку со вода.

Не треба да се плашиш од клевети, туку треба да се биде внимателен од нив. Клеветите не учат на внимателност, а внимателноста прави клеветите да станат немоќни.

Зошто човек самиот себеси се вознемирува со тескобни размислувања за некоја ништовна непријатност? Зошто баш нашиот мир и нашиот спокој би требало да зависат од човечкото размислување? Ако правилно сме постапиле, нека е слава на Бога, а човечкото мислење не може тоа да ни го одземе.

Би требало да ни е потешко да ги осудуваме луѓето, отколку мирно да ги набљудуваме, како што набљудуваме како ветерот ги ниша гранките на дрвата, или како тече реката. Меѓуоа, очигледно е дека на човека му е тешко да гледа без осуда. Што да се прави? Треба постепено да се учиме на тоа најпрвин да се осудиме себеси заради тоа што ги осудуваме ближните, потоа да се воздржуваме од осуда со зборови тогаш кога ќе се покрене помислата на тоа, а потоа и да ја задржиме самата помисла на осуда на другиот. Оној кој доволно се познава и осудува себеси, тој нема време да ги осудува другите.

Немојте упорно да ги избегнувате луѓето оти меѓу нив има и Божји луѓе. Би требало да се трудимо и добрите дела да ги правиме со доза на внимателност, за да не претходи пред нив некое наше мудрување и наша волја. Кога сме во контакт со луѓе од различна вероисповед, би требало слободно и смело да изразуваме убеденост во исправноста на православната вера. Но, кога критикуваме заблуди и заблудени, би требало да покажуваме кроткост, мир, снисходливост и внимателност: овие особини се потребни исто колку и ревноста.

Не претворај ја бурата во ветре на човечките лекомислени зборови. Има клевети кои го носат човека во прогонство, кои фрлаат во беда, темница, и тоа не е лесно. А зар не е полесно клеветата, како ветерот, да провее покрај вашите уши. Влези во домот свој, и не слушај го фиучењето на ветрот.

Во контакт со луѓе кои се неспокојни, корисно е кон нив да се однесуваме што поедноставно, што помирно и што поспокојно, без било каква извештачена блискост, но и без намерно студенило. Ваквото однесување нема да им наштети ниту на оние кои се неспокојни.

Кога се потпираме на Бога, можеме да ги поднесеме несреќите и да го сочуваме својот мир, па макар и да не наидуваме на мир кај оние луѓе кои не опкружуваат. Оти, кажано е: бев мирен со оној кој мрази мир. Нека даде Бог и тие да го засакаат мирот.

Оној кој гледа со сомнеж, тој лесно може да дојде до омраза кон човека. Оној кој сака да има љубов кон ближниот, би требало да гледа чисто и едноставно. Треба да се избегнува лутењето. Гневот не го приближува човека до Божјата правда. Со гневот само може да се пробуди и зголеми раздразнетоста на другиот човек. Само со трпение и мир може човек да се одоброволи. Духовниот закон вели дека треба да му се помогне на ближниот и при тоа да не го навредуваме и повредуваме другиот.

Добро е да ја кажуваме вистината кога обврската, или љубовта кон ближниот тоа го бараат од вас. Но, тоа треба да го правиме така да не го осудуваме ближниот, да не се гордееме и да не се воздигнуваме како некој кој можеби подобро од другите ја познава вистината. Покрај тоа, потребно е да ги знаеме луѓето и настаните, за да не се случи наместо вистина да кажеме укор и наместо мир и кроткост, да направиме непријателство и штета.

Човечкиот збор може да биде остар како меч и тогаш тој ранува и убива, а може да биде и благ како елеј и тогаш тој е како мелем кој исцелува.

Не судете, за да не ви се суди, та и ако ви се чини дека имате причини за осуда, затоа што оној кој Му е близок на Господа може да стои или да паѓа. Уште полошо е ако судите како злонамерен судија. Мислите дека луѓето кажуваат бесмислици, а тие зборуваат за она што и е на корист на душата и за тоа како да се чини добро.

Кога ги осудуваме своите ближни, ние самите себеси си нанесуваме голема рана. Од ова треба да се чуваме и да се искупуваме така што ќе се осудуваме и кориме себеси и ќе се молиме Бог да биде милостив и кон оние кои ние сме ги осудиле, и кон нас кои ги осудивме.

Трудете се срцето и намерите на ближните да ги прифаќате позитивно. Во тој случај ќе бидете поретко во прилика да погрешите, а на вашиот ближен ќе му биде полесно да се поправи.

Како што кажа древниот философ, не треба да се возбудувате ако ве удри магаре.

Подготви: Б.Ѓ.

 Посети:957

 


Е-пошта

  Коментари (14)
1. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 14-06-2008 02:31
Kolku ubava hrana za dusata,lek za gordosta.
2. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 14-06-2008 10:00
Dali e pogresno da se osudi i navredi nekoj koj sto zboruva protiv Boga i pokusuva da sozdade neverie vo mene? Ako e pogresno , prasanjeto e kako da se ostane smiren? 
Se molam ako ima nekoj odgovor na ovie prasanja da mi odgovori.
3. Пратено од Dusanka, на 14-06-2008 15:31
G-ne Dragan,edinstveno preku molitva ke dojdete do smirenost. 
Zaludni vi se razgovorite za Boga so covek,koj govori protiv Nego,za da go opravda svojot nemoralen zivot. 
Spomnete go i nego vo Vasite molitvi. 
Pozdrav
4. Пратено од Антониј, на 14-06-2008 16:09
Живеел некогаш еден многу благочестив човек, познат гостоприемник. Во неговиот дом еднаш дошол некој просјак и молел нешто од него. Тој го примил, измил, облекол и седнале да вечераат. Во текот на вечерата просјакот почнал силно да хули на Бога и на се што е свето, пцуејќи и велејќи дека не може да го трпи Неговото Име. Човекот го примил тоа како навреда врз себе, многу се разгневил и го истерал просјакот од дома. Вечерта, кога се молел, Бог му рекол: Педесет години тој човек Ме пцуеше и Ме навредуваше, а јас секој ден му давав да јаде. Не можеше ли ти за една трпеза да го истрпиш?
5. Пратено од A., на 14-06-2008 18:01
Odlichno Antonij, ovaa pouka ke ja zapomnam,kako merka na mojot odnos kon drugite, a i kako ramka na moeto trpenie vo idnina. 
Blagodaram Antonij.
6. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 14-06-2008 20:07
Brate Antonij te molam kazi mi kao da upotrebuvam Kirilso pismo(font)? odnapred blagodaram
7. Пратено од Билјана, на 15-06-2008 01:36
Не сум брат Антониј, но да се обидам да ти помогнам: со истовремено притискање на алт и шифт. Поздрав :)
8. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 15-06-2008 07:09
Golema blagodarnost do Bratot Antonij i do Sestrata Vo Hrista Dusanka za odlicnite pouki vo vrska so mojata dilema.
9. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 15-06-2008 13:58
Biljana ne saka da prefrli na kirilicen font so alt+shift ako imas nekoj drug nacin pisi mi pozdrav
10. Пратено од пчеличка, на 15-06-2008 16:32
Брате Антониј, те молам кажи ми нешто за молитвата, кога и да се молам ме спопаѓа напад на смеење. Ми имаат кажано дека ме мачи демон, но мислам дека одговорот можеби не е тоа. Те молам, помогни и благослови.
11. Пратено од Грешник+, на 15-06-2008 19:47
Не е наречен лукав без причина.Тој не мачи секогаш а најбесен е кога сме на молитва,тогаш се прави да не одалечи од Бога,а ако сме расеани,лесно може да не насмее,за  
жал :(
12. Пратено од Антониј, на 15-06-2008 20:56
Камо да имав дар на молитва, драга пчеличке...
13. Пратено од Vuk, на 15-06-2008 23:21
Koga se molime pokajno, i so svesnost za sopstvenite grevovi,plachot e sostojbata ,dokolku se molime od se srce. Ova e spored svetite otci.
14. Пратено од Билјана, на 15-06-2008 23:36
Ангел, ќе го отвориш "control panel",а потоа ќе одиш во "regional and language options", таму во "regional options" ќе го одбереш македонскиот јазик и потоа ќе кликнеш "apply". Мислам дека по ова би требало да го имаш кириличниот фонт како втора опција. Се надевам дека ти помогнав. Поздрав :)

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 12
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Богородичен кондак

Св. Никола - с. Љубанци
29.08.2008


Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

05/09/2008 - петок

Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски;
Светиот маченик Луп;
Свети Виктор;

Православен календар за овој месец - МПЦ

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

Поуки од светите отци


Св. Теофан Затворник, : „Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш., ....
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

Беседа


...Та токму на неа се однесуваат и евангелските зборови дека нема поголема љубов од онаа, да се даде животот свој за својот ближен. Ова се зборови излезени од устата на нашиот Спасител Исус Христос...Повеќе...

ЛЕГЕНДА ЗА НЕМАТА ЦРКВА


– „Еве молитва којашто допира до нас!“ – рече Ангелот. Ете зошто лицемерните, формалните молитви не допираат до Бога и не донесуваат плод...
Повеќе...

Епископ Климент- Китки и лулудија


...Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


...„" Не ги земај премногу на себе грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди
...“
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно