Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Духовен Азбучник arrow ЗА ДУХОВНАТА „ЗГОЕНОСТ“
ЗА ДУХОВНАТА „ЗГОЕНОСТ“ Испечати Е-пошта


Архимадрит Рафаил (Керелин)


cvet.voplavo.jpgШто е тоа нов впечаток? Зошто информацијата којашто се повторува престанува да го задоволува човекот, поради што тој постојано бара нова? Затоа што нов впечаток предизвикува чувство на интересирање, коешто помага човекот да го сконцентрира вниманието на даден предмет или настан. Тоа взаемодејство на човекот со објектот на познанието вклучува во себе емоционални доживувања коишто предизвикуваат чувство на одредено задоволство; при повторување на едни и исти впечатоци, творечкото восприемање ослабнува – тоа како да го завршило своето дело – и тогаш остануваат механизмите на паметењето: запаметување и потсетување. Смисловното дешифрирање на символите исто така ослабнува: семантиката како да се сокрива под лушпата на фонетско-графичката структура на зборот. Како што човекот својата работа ја пренесува на машина, така и творечко-емоционалното паметење ја префрла работата врз зборот на механичкото паметење, во коешто постои нешто зачмаено и умртвено. Секако, ние сме далеку од примитивниот биологизам, но сепак може да се направи одредена паралела, макар и како споредба меѓу процесите во човековото тело и во душата. На човекот му е потребно чувство на глад за да почувствува задоволство од храната, и за неговиот организам да ја прими храната како градивен материјал за телото. Човек со полн желудник го губи природниот апетит спрема храната; а постојано прејадување не дозволува правилна преработка и апсорпција на храната, и таа се акумулира како баластна маснотија. Здрав организам мора да чувствува макар и најмал глад; преситувањето е веќе ненормална состојба. Птиците на своите младенчиња им даваат строго одредено количество храна; ако птицата им дава на малите онолку колку што тие сакаат, тие можат да се разболат и да умрат. Често ѕверовите во заробеништо умирале од тоа што луѓето им давале прекумерни количества храна.  

Духовна храна е – информацијата којашто човекот ја прима; а тука нема никакви ограничувања, не се запазуваат никакви норми, макар што силите и  способностите на душата се далеку од безграничи. Затоа душата станува неспособна правилно да ги усвојува информациите, емоционално и семантички да го восприема словото; тоа станува предмет на механичко паметење, а за творечко паметење таквото неусвоено слово се претвора во згура, во јаловина.

Кај нас поимот здравје не секогаш се користи правилно. Човекот се здебелил, и за него велат дека се поправил; всушност, тој не се поправил, туку само го оптоварил својот организам со излишна тежина. Згоеност е вид болест, при која е нарушена правилна размена на материите, при која страдаат сите внатрешни органи и при која човечкиот живот се скратува за неколку години. И наместо да кажеме: човекот со излишна храна и со мрзливост го упропастил своето здравје, велиме: „Се поправил!“  

Истото се случува и со умот човечки, во кој е пренагласено механичкото паметење. Во Англија, во минатиот век, еден човек, кој имал чудесен дар – да памети огромно количество имформации – ја демонстрирал на сцена својата меморија. Тој ја научил напамет Енциклопедија Британика и можел да ги кажува сите статиии поместени во неа како во мислите да превртува лист по лист. Но, истовремено, кај тој човек било очигледно затапувањето на умствените способности: тој се губел кога требало да оцени некоја непосредна ситуација, или да стапи во контакт со непознат човек. Во такви прилики тој се губел и не можел да води ни најпрост разговор. Психологот Лурје опишува сличен случај. Тој набљудувал еден новинар кој имал феноменално паметење – знаел напамет стотици телефонски броеви и можел, откако ќе прочита весник, да го повтори текстот од збор до збор. Истовремено, тој не можел да се издигне над соопштенијата за улични настани и само се надевал дека во иднина неговиот талент ќе дојде до израз.
Александар Блок опишува една своја средба со момче кај кое љубовта спрема стихови пртеминала во своевидна манија. Во својата меморија тој имал складирано огромен број стихови, но кога на Блок му прочитал неколку свои стихови, тој во нив не видел никаква дарба, туку само препеви на туѓи стихови. Масата на информации како да ги задушила неговите сопствени творечки сили. Тој можел само да се храни со сокови од туѓи корења, како имела којашто се впива во стеблото, но самиот не можел ништо да создаде.

Човек кој насобрал надворешни знаења и којшто не ги преработил, кај нас често се нарекува учен и умен човек. А, всушност, тој ништо не научил и воопшто не станал поумен. Уште повеќе грешат оние коишто, минувајќи часови и часови пред телевизорот, велат: „Ние треба да знаеме што се случува во светот, инаку ќе останеме незнајковци“. Но, тие „телевизиомани“, всушност, не знаат ништо вредно, тие живеат во театар којшто станал нивен дом, тие ја губат способноста за критичко восприемање на добиените информации и, воопшто, ја губат способноста да мислат творечки; на емоционален план, кај нив се губи чувството на љубов и на состадање. Нив им е сервирана рафинирана храна, којашто во поголемо количество го труе организмот; од нив се истиснати човечките чувства. Тие, како да оглувеле, престанале да ги слушаат суптилните звуци на флејтата, и единствено се сепнуваат кога ќе слушнат силен звук на тапан, односно – слики на концентрирани страсти, секс и убиства. И истите  тие луѓе велат: „Ние треба да гледаме телевизија, за да бидеме културни луѓе“. 

Кај св. Дионисиј Ареопагит, како и кај другите свети отци, обраќањето кон Бога е прикажано како пат: во почетокот од надворешното кон себе, а потоа од себе кон Бога. Без отрезнување од стратите и од надворешните впечатоци, без враќањето кон себе, кон своето срце, без спознавањето на самиот себе како личност, без осмислување на својот внатрешен живот, невозможна е етапата на духовниот пат – обраќањето кон Бога со молитва. Светите отци во Синајската теофанија виделе почеток на влегувањето на пророкот Мојсеј во мрак, како образ на одрекување од световните знаења и поимања, како сведошто на тоа дека со своите сили човек не може да Го познае Бога. Таа темнина е – смирение на душата и отфрлање на надворешните знаења. Единствено по таа темнина следува Светлината на Богојавлението и познанието на повисоките, вечни вистини. Темнината го опфаќала свештениот врв на Синај, ноќта претходела на Таворското Преображение – тоа е визуелен образ на оние зборови коишто апостол Петар Му ги рекол на Христос: „...ете, ние оставивме сè, и тргнавме по Тебе“. За да се исполни сад со скапоцено миро, прво треба да се излее сè што се наоѓа во садот. За да ја свртиш, во молитва, својата душа кон Бога, треба да ги скрот страстите, да ги расееш облаците помисли, да го очистиш својот ум не само од гревовното, туку и од непотребното. За да се биде христијанин, треба да се ослободи место во душата за Светиот Дух. Кога домаќин кани на трпеза лице коешто особено го почитува и го сака, тој остава слободно место на масата, и на тоа место никој друг не смее да седне. Ние Го повикуваме Господа, го каниме да дојде при нас, но не оставаме слободно место за Него во душата – таа целата е окупирана и исполнета со земни нешта. Нашата молба: „...дојди и всели се во нас“ се покажува како лажна.

Ние тука говориме за строга контрола над добиените информации не како одобрување на незнаењето, туку како за хиерархија на вредности. Над сè треба да бидат потребите на духот, потоа на душата, а на крај на телото. Кај нас обично таа пирамида е превртена наопаку. Кај луѓе презаситени од животот, погледот е замаглен и изнемоштен; тие како сè да истражиле, но не нашле ништо. Наспроти нив, кај оние коишто водат духовен живот, останува нешто детско и непосредно; за тоа говорат оние коишто имале контакт со нив. Детското – тоа е умеењето да му се восхитуваш на светот, да го воспримеаш секојдневното, она што нè опкружува, како нешто ново. Ако човекот го ограничи потокот на информации, тој како да го продолжува тоа живо чувство на своето детство. Животот на христијаните сè повеќе е скуден, празен и површен. Тие престануваат емотивно да ги доживуваат настаните, заклучени се во ритмот на црковниот живот, ја губат радоста на празниците и покајничкото страдање преку постите. Тие ја исполнуваат својата душа со слики на земни нешта, и со тоа го обоиле својот живот во сива боја.  

Човекот не ја добива силата од тоа колку ќе изеде, туку од тоа што организмот ќе усвои до изеденото – останатото се претвора во јаловина којашто се натрупува во телото на човекот. Информацијата сама по себе не го прави човекот познавач на нештата или мудрец. Всушност, човечкото знаење е – информација преработена преку смисловната и емоционалната маморија. Излишната и неосмислена информација го задушува. Кога скулпторот Фидиј го запрашале како ги создава своите дела, тој одговорил: „Земам парче мермер и од него отстранувам сè што е непотребно“. Затоа преку свесниот филтер на познанието можеме да го стекнеме вистинското знаење; ограничувајќи ја активноста на душата, којашто се претвора во механичко паметење и налеп на страсти – да го откриеме светот на духовното познание, како принципи на вечен живот.

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети:1083 

 


Е-пошта

  Коментари (4)
1. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 16-06-2008 11:58
Slava Bogu prekrasen tekst, taman da pomislam okolu nekoi neshta... i so Bozja pomosh da gi ispravam
2. Пратено од makedonka, на 16-06-2008 15:16
da, taka e. problemot na denesnite lugje 
1. imanje premnogu od se (SUPERMARKETI) 
2. predvremeno ziveenje (predbracna intimnost 
sleduva zaboravanje na drugiot, nezadovolstvo, baranje i nenaogjanje, se namaluva cuvstvoto na blagodarnost za toa sto go imame. Ne slucajno sum i ima se osnovni glagoli vo mnogu jazici. Da mu dademe prednost na bitisuvanjeto a ne na poseduvanjeto, oti nemame nisto sto ne ni e dadeno. Gospod Milostiv ne ne ostava no i ne ne prisiluva. Da se trudime da go barame Nego vo nas. Mili brakja i sestri, ne izostavajte Nedelna liturgija, bez se se moze bez molitva sme mrtvi.
3. Пратено од Јовица Тасевски - Етернијан, на 30-06-2008 14:20
Прекрасен запис што остро ги разобличува заблудите на современиот човек. Имам само мала забелешка за преводот - мислам дека делот од реченицата „но кога на Блок му прочитал неколку свои стихови, тој во нив не видел никаква дарба, туку само препеви на туѓи стихови“ треба точно да гласи: „но кога на Блок прочитал неколку негови стихови, тој во нив не видел никаква дарба, туку само препеви на туѓи стихови“.
4. Пратено од Драган Михајловиќ, на 30-06-2008 20:18
До Јовица Тасевски. 
 
Благодарам за внимателното читање на текстот.  
Еве го оригиналниот пасус: 
 
Александр Блок описывает свою встречу с юношей, у которого любовь к стихам перешла в какую-то манию. В своей памяти он держал огромное количество стихотворений, но когда прочитал Блоку несколько своих стихов, то тот увидел полную бездарность и только перепевы чужих слов. Масса информации как бы придавила его собственные творческие силы. Он мог только питаться соками чужих корней, как омела, впившаяся в ствол, а сам творить не мог ничего. 
 
А еве како треба да биде правилниот превод: 
 
Александар Блок опишува една своја средба со момче кај кое љубовта спрема стихови преминала во своевидна манија. Во својата меморија тоа имало складирано огромен број стихови, но кога на Блок (момчето) му прочитало неколку свои стихови, тој (т.е, Блок) во нив не видел никаква дарба, туку само препеви на туѓи стихови. Масата на информации како да ги задушила неговите сопствени творечки сили. Тоа можело само да се храни со сокови од туѓи корења, како имела којашто се впива во стеблото, но самото не можело ништо да создаде. 
 
Грешката е во механички превод на јуноша = (момче) во среден род, а потоа руската заменка „он“ за јуноша продолжив да ја преведувам како „тој“, наместо „тоа“. 
 
Се извинувам на читателите, а на Јовица - спасибо...

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 5
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Акатист на Покров на Пресвета Богородица

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

13/10/2008 - понеделник

Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски;
Свети Михаил, прв митрополит Киевски;

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

ЗА ОНТОЛОГИЈАТА НА ПРАЗНИЦИТЕ


...Според тоа во колкава мера е развиен опитот или предвкусот во тој надисториски егзистенцијален модус разликуваме есхатолошка, митолошка и идеолошка свест. Оваа последнава, како најтесна, не опфаќа никаква есхатологија, ...Повеќе...

Старец Порфириј- Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

Св.Теофан Затворник - ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО


...Бог ни го дал овој живот за да имаме време да се подготвиме за оној. Овој е краток, а оној бескраен. Но иако е краток, во неговиот тек човек може да се опскрби за цела вечност. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно