
Струмичките археолози, и покрај очекувањата, не добиле попрецизни сознанија од периодот на владеењето на македонскиот цар Самоил, но откриле остатоци од црква, која според фрескодекорацијата, датира од 13. век
На археолошкиот локалитет Цареви Кули кај Струмица постоела култура стара седум илјади години. Доказ за тоа е и неодамна откриената праисториска населба од доцниот енеолит, односно од првата половина на петтиот милениум пред нашата ера.
- Наидовме на елементи од најраниот енеолит на овие простори, како што се откриените женски фигури со големина од 10 до 15 сантиметри. Исто така откривме и една мошне интересна графитна слика на керамика која досега не е откриена на ниту еден локалитет од ваков тип. Вакви слични, но не исти графики, се најдени само во Кочанско и Делчевско, вели Зоран Рујак, раководител на археолошките истражувања на Цареви Кули.
Според археолозите во оваа енеолитска населба се појавуваат упади од подоцнежни периоди како што се македонско-хеленистичкиот, доцноантичкиот и средновековниот, што сведочи дека во и околу тврдината над Струмица имало живот и присуство на разни култури во еден мошне долг временски континуитет, од праисторијата до доцниот среден век.
- Мошне сме задоволни од археолошките истражувања на Цареви Кули. Ова особено се однесува на бедемското платно, на централната и влезните кули, на некрополата, на цистерната и на другите фортификациски објекти. Меѓутоа, иако очекувавме многу, сепак не добивме попрецизни сознанија од периодот на владеењето на македонскиот цар Самоил. Но, затоа пак, пријатно сме изненадени од откритието на остатоци од црква која според фрескодекорацијата датира од 13. век, што го потврдува фактот дека во овој период, покрај Охрид, Струмица била еден од главните христијански центри во Македонија, изјави за МИА Славица Тасева, директор на Заводот и Музеј во Струмица.
Е-пошта
1. Пратено од
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
, на 11-06-2008 16:19 Pred se golemo pozdravuvanje i podrska za rabotata sto se odviva na carevite kuli.Tesko dostapniot teren ,toploto vreme nemoze da ne spreci da ja otkrivame i zbogatuvame nasata istorija. Golem pozdrav do Zoran Rujak,Slavica Taseva i site ostanati arheolozi ,kustosi i rabotnici tamu. |
2. Пратено од ристо, на 11-06-2008 17:39 Сакам да напоменам, доколку се гради а еден ден и ќе се гради, браната “Галиште“ на Црна река би требало наврема да се отпочне со истражување. Оти можно е водата да ки потопи терените кај селото Гуѓаково.Таму има места викани “Градишка Тумба“,“Стара Црква“, “Писаник“ и други.На овие места има наоѓалишта на мермерни остатоци и градби каде мештаните во времето ваделе врчви,опеки и друг материјал. Една местност таму и се викала “Врчвата“ рибарите тоа добро го знаат. |
|
- Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
- Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
- Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
- Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
| |