Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Наука, Култура arrow Библиска археологија arrow Уникатни византиски нотни записи откриени на црковни локалитети во Мала Преспа
Уникатни византиски нотни записи откриени на црковни локалитети во Мала Преспа Испечати Е-пошта

 


Охрид, 9 јуни (МИА) - Археолози и конзерватори од музеите од Охрид и Струга при ископувања спроведени на локалитети во Долна Преспа  во близина на селото Тугенец откриле уникатни записи на византиско нотно писмо.

Гоце Ангелечин - Жура, советник и конзерватор од Музејот во Охрид во изјавата дадена за Радио Охрид појасни дека при теренски истражувања спроведени во април на локалитети  во регионот на Мала Преспа во близина на пештерска црква се откриени византиски нотни записи, во музикологијата познати како „невми“.

Според Жура, станува збор за раритетен епиграфски споменик пишуван на византиско нотно писмо невми, единствен за охридско преспанскиот и пошироко за балканскиот регион.

Тој потсети дека ова црковно пеење е познато и потекнува од времето на Светите Климент и Наум, оттаму што во нивните житија тие наведуваат дека своите ученици ги учеле на „псламопение“ односно црковно пеење. аб/ев/18:15


Откриени византиски нотни записи во Долна Преспа 
 
Археолози од музеите на Охрид и во Струга при ископувања во Долна Преспа кај селото Тугенец открија уникатни записи на византиско нотно писмо, во музикологијата познати како „невми“. Невмите се средновековно нотно писмо, кое му претходи на сегашното нотно бележење на музиката.
- Ова е раритетен епиграфски споменик, пишуван на византиското нотно писмо невми, единствен за охридско-преспанскиот и пошироко за балканскиот регион - вели Гоце Ангеличин-Жура, советник и конзерватор од Музејот во Охрид.
Тој потсети дека црковното пеење според невмите е познато и потекнува од времето на светите Климент и Наум. Во нивните житија тие наведуваат дека своите ученици ги учеле на „псалмопение“, односно црковно пеење.
Пеењето и компонирањето псалми или „псалмоподобни пјеснопјенија“ биле составен дел од просветителската дејност на Климент Охридски.
- Во рамките на Климентовата школа имало музичка активност, а поновите истражувања укажуваат и на фактот дека постоела и музичка писменост, адаптирана на потребите и можностите на Климентовата школа. Овие претпоставки се базираат на анализата на музичките текстови во зачуваните ракописи за кои се смета дека се оригинално создадени во Климентовата школа - вели проф. д-р Сотир Голабовски, музиколог и медиевист.
Овој ракопис е уште еден дел од мозаикот на богатото македонско музичко наследство, смета музикологот Марко Коловски.
- Ова е уште една потврда дека на почвата на Македонија низ вековите, во историјата, се случувале исклучително значајни процеси. За некои од нив знаеме дека извршиле исклучително влијание врз развојот на светската култура и на цивилизациите, воопшто, како што се појавата и ширењето на писменоста, на пример. Нашите медиевисти работат на овдешното музичко наследство и допрва ќе го утврдуваат неговото вистинско значење. Не сум прецизно запознаен со откритието, но верувам дека тоа ќе биде уште еден дел од мозаикот на богатото македонско музичко минато, за кое нашите истражувачи Драгослав Ортаков, Сотир Голабовски и Јане Коџабашија дадоа исклучително драгоцени сознанија. Се надевам дека низ натамошните истражувања на откриениот ракопис ќе се потврди уште еднаш дека на почвата на Македонија било жариштето од кое се ширеле цивилизациските идеи - вели Коловски.


Најстарите музички ракописи се од 10 век

Најстарите македонски музички ракописи датираат од 10 век. Овие ракописи се составен дел од Охридската збирка, која содржи 14 музички ракописи датирани од 10 до 14 век.
- Од овие манускрипти во кои се наоѓаат голем број црковни напеви, забележани со невматска нотација, добиваме најдрагоцени податоци за македонската црковна музика. Во нив е закопано големо културно богатство, кое допрва треба да се истражи - вели Сотир Голабовски во книгата „Традиционална и експериментална македонска музика“ во која се интегрирани неговите истражувања за црковната и световната музика.

Ангелина Димоска - Нова Македонија




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 5
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Последни коментари

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
Слава на Госп...
02/09/10 22:31 Повеќе...
Од Тони

Царице моја преблага
Mnogu ubav link!
02/09/10 19:49 Повеќе...
Од be_free

СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ЉУБОВ КОН БОГ И МЕЃУСЕБНО
"За монахот ти...
02/09/10 19:15 Повеќе...
Од DA!

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
PREKRASNO!!!
02/09/10 19:08 Повеќе...
Од S.L.

Михаила Поповска - За вистината и лагата
Секоја чест. И...
02/09/10 13:57 Повеќе...
Од Игор К.

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!