| Свети Макариј Велики - Мрачната состојба на паднатиот човек |
|
|
|
а.) Адам откако ја прекршил Божјата заповед, ја послушал лукавата змија, му се предал на ѓаволот и станал сопственост негова, та во неговата душа – во ова прекрасно создание – се облеол ѓаволот. Душата станува тело на лукавата темнина, се додека во неа живее духовнататемнина. Таму живее лукавиот во својата темнина, како што и апопстолот, спомнувајќи за телото на гревот и телото на смртта говори: “Да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот“(Рим. 6,6) и уште: “Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт?“(Рим. 7,24)? Душата не е создадена од божјата природа, ниту е од природата на лукавата темнина, туку е разумно создание, исполнета со убавина, радосна и чудна. Таа е прекрасно подобие и образ Божји, а лукавството на темните страсти навлегло во неа, поради непослушноста и престапот.
1. Лукавиот кнез – царството на темнината, го заработил човекот, ја облекол душата со власта на темнината, онака како што го облекуваат човекот, за да го направат цар и да му дадат царска облека, така што од глава до пета да биде облечен како цар. Така и лукавиот кнез ја облекол душата во гревот, ја облекол целата нејзина природа; целата ја осквернил, целата ја заробил во своето царство, не оставил во неа, слободен од својата власт ни еден нејзин дел: ни помислите, ни умот, ни телото, туку ги облекол во порфирот на својата темнина. Како што за време на болеста во телото не страда само еден негов дел, туку целото е подложено на страдање: така и целата душа пострадала од немоќта на порокот и гревот. Лукавиот сета душа ја облекол во својата злоба – во гревот; на тој начин телот станало страдално и гниежливо.
3. Стариот човек го соблекол од себеси совршениот човек и ја носи облеката на царството на темнината, облеката на хулата, неверувањето, лишеноста од стравот Божји, надуеноста, гордоста, среброљубието, похотта и другите облеки од царствотона темнината – нечисти и осквернати. б.) Гледајќи ја таквата лоша состојба, Бог и ангелите го =алеле паднатиот човек. 6. Во оној ден кога паднал Адам, дошол Бог, и одејќи во рајот, го видел Адама, се исполнил со жалост и му рекол: “Имајќи толку големи благ, како можеше да го избериш злото! По таква слава, како го носиш врз себе срамот! Зошто си сега така помрачен, без никаков вид? Зошто си извалкан? По таква голема светлина каква темнина те покрила! Кога паднал Адам и умрел за Бога, Создателот зажалил по него;ангелите, сите сили, небесата, земјата, сите созданија ја оплакувале неговата смрт и неговото паѓање. Зашт сите созданија виделе дека оној што им бил даден за цар, станал робна спротивната и лукава темнина; се облекол со темнина, со темнина лукава и горчлива ја облекол својата душа и кај него се зацарил кнезот на темнината. Тој бил оној патник што бил нападнат од разбојници, покриен со рани и оставен полумртов, кога одел од Ерусалим во Јерихон. в.) Сепак правдата го подложилана праведна казна, тој е оставен како запустен дом.
7. Адам откако ја прекршил заповедта, бил истеран од рајот, и го навлекол врз себе Божјиот гнев, како што некогаш гневејќи се против Евреите, Бог го предадил Ерусалим да биде посрамен од непријателите, оние што ги мразеле, почнале да владеат над нив, па затоа таму немало ни празници ни жртви, таму, откако се прогневил на човечката душа за отстапувањето на заповедта, им ја предал на непријателите, демоните и страстите. А тие, откако ја измамиле, потполно ја уништиле, и не останало во неа и ни празник ни темјан, ни жртви кои Му ги принесувала душата на Бога; сите патишта што воделе кон Бога биле исполнети со диви ѕверови, а во неа се вгнездиле влекачите – лукавите духови. И како што домот, во кој не живее сопственикот, се исполнува со темнина, гордост, нечистотија и ѓубре, така и душата, ако Господ не владее со неа заедно со ангелите, се исполнува со гревовна темнина, со срамни страсти и со секакво понижување. г.) Како последица на гревовното паѓање, целото создание и целиот човечки род потпаднале под тиранија на духовниот непријател и на страстите.
9. Замисли некој многу богат цар, чии слуги се секогаш готови да му служат, кого го фатиле неговите непријатели и го одведиле во ропство. Штом го фатиле и одвеле, неговите великодостојници морале да појдат по него. Така и Адам бил создаден чист од Бога, за да Му служи; нему му биле дадени сите созданија, за да му служат, зашто бил поставен за господар и цар над сите созданија. Но штом се доближил до него лукавиот демон и поразговарал со него, - Адам во почетокот го примил само со својот надворешен слух, а потоа тој навлегол и во неговото срце и го опфатил целото негово суштество. На тој начин по неговото заробување, заедно со него биле заробени и сите негови созданија, кои му биле послушни и кои му служеле. Преку него смртта се зацарила над секоја душа. И поради тоа, поради неговата непослушност, се изменил Адамовиот лик, така што потоа се измениле сите луѓе и почнале да им се поклонуваат на демоните. Па почнале и земните плодови, создадени така прекрасни од Бога, да им ги принесуваат на демоните. На нивните жртвеници им принесувале леб, вино, елеј и животни. Па дури и своите синови и ќерки им ги жртвувале на демоните.
11. Откако се оддалечил од заповедта и се потчинил а гневното осудување, човекот бил заробен од гревот и како некоја бездна на горчевина, прозрачна и длабока, навлегла во него и завладеала и со најскришните пори на неговата душа. Затоа и душата и гревот што навлегол во неа ги споредуваме со огромно дрво, кое има многу гранки и корења во длабочината на земјата. Така и гревот, кој навлегол во душата, завладеал со нејзините длабочини, се претворил во навика и предубедување, та уште од детство во секого расте, се развива и го учи на она што е зло. д.) Најзабележителна последица на паѓањето во грев е големата побрканост, која владее во светот.
14. Децата од овој свет се споредуваат со пченица, истурено во решетото на овој свет и се просејува среде непостојаните помисли на овој свет, при непрестајно бранување на земните работи, желби и многу испреплетени земни поими. Сатаната ги растресува душите и со своето решето, односно со земните дела, го просејува целиот грешен човечки род. Од времето на паѓањето во грев, кога Адам ја престапил Божјата заповед и му се потчинил на лукавиот кне, кој придобил власт над него, тој со непрестајни измами и со збркани помисли ги сее синовите на овој свет и ги доведува до судири во своето земно решето. ѓ.) Сите го доживувале, но никој незнаел што е тоа зло и од каде е, сметајќи го за природна состојба.
17. Видливиот свет, од царот до сиромавиот, целиот е в о збунетост, во неуредност и во борба, а некој од нив не ја знае причинатаза тоа очигледно зло, кое е наследство од Адамовиот грев – од осилото на смртта, зашто направениот грев, како некаква сатанска духовна сила и суштина – посеал секакво зло. Тој тајно дејствува на внатрешниот човек и на умот и се бори со помисли против него. Луѓето пак, незнаат што прават, бидејќи биваат поттикнувани од некава туѓа сила, па дури и мислат дека сето тоа го прават по свое лично размислување. Но оние што Го имаат Христа во својот ум, оние што се озарени од Него – знаат како настанува сето тоа. е.) Колку и да е големо злото од гревовното паѓање, тоа не го умртвило потполно човекот; во него станале пројави на духовен живот.
20. Не велиме дека човекот потполно загинал, дека бил уништен; Тој само умрел за Бога, а живее во својата сопствена природа. Подготви: Ристо Темелков Посети:809
Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Ova pokazuva deka zetvata... |
| 21/11/08 12:47 Повеќе... |
| Од p.h. |
| Од Православен календар- Светиот Архистратиг Михаил и ... |
| Slava Ti Sveti Arhistrati... |
| 21/11/08 11:56 Повеќе... |
| Од Za mnogu godini |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| E,EJJJJ!!!!! VIDOVTE LI M... |
| 21/11/08 11:03 Повеќе... |
| Од DUCI |
| Од Православен календар- Светиот Архистратиг Михаил и ... |
| Водачи на неб... |
| 21/11/08 10:38 Повеќе... |
| Од Sonja |
| Арх. Георгиј Капсанис- ГОСПОДОВАТА МОЛИТВА |
| “А прво сме д... |
| 21/11/08 07:12 Повеќе... |
| Од Jovica |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 21/11/2008 - петок |
8 Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни; |
![]() |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе... |
![]() ...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |