Skip to content
Премин Портал: Дома
ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (второ продолжение) Испечати Е-пошта

(Продолжува)

nok.poln.m.jpgСо тој печат, со тоа сведоштво на падот е обележано човековото тело. Од самото свое раѓање тоа е во непријателство, во борба против сè што го опкружува, но и со самата душа којашто живее во него. Го напаѓаат семожни стихии; на крај, истоштено од внатрешните и од надворешните борби, напаѓано од болести, притиснато со страсти, тоа паѓа на сечилото од косата на смртта, макар што е создадено бесмртно, и се распаѓа во прав.

И повторно се појавува големината на Божјиот образ! Таа се пројавува во самот човеков пад,  во начинот на којшто човекот е извлечен од падот. Бог го прима на Себе Својот образ: станал човек, и преку Себе го извлекол човекот од падот, го вратил во претходната слава, го повел кон слава неспоредливо повисока од онаа којашто му била дадена при создавањето. Праведен е Господ во Својата милост. При искупувањето Тој Својото образ го прославил повеќе одошто при создавањето: човекот самиот не го измислил падот – него го измислил паднатиот ангел, кого што, пак, го намамила во пад завидливоста, го излажало злото, прикриено со маската на доброто.

Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува.

И тука повторно се гледа каков е точно образот на  Богочовекот. Синот го прима човештвото; преку Синот сиот Бог Троица стапува во општење со човештвото. За да може да им биде пренесена на луѓето, нашата мисла се облекува во звуци: таа, нематеријална, се поврзува со материјата; со нејзино посредство во општење влегува духот, се јавува умот.


Се воплотило Словото Божјо, Божјата Вистина – Синот станал човек. Вистината се исправила, ја очистила нашата мисла; нашиот дух станал способен за заедничарење со Светиот Дух. Светиот Дух го оживеал нашиот дух, умртвен со вечната смрт. Тогаш умот стапил во познание и гледање на Отецот.

Човекот троица бидува исцелен од Бог Троица: Словото ја исцелува мислата, ја преведува од лагата, од самоизмамата, во вистина; Светиот Дух го оживотворува духот, го преведува од телесните и од духовните чувствувања во духовни чувствувања; на умот му се јавува Отецот, и умот станува ум Божји. А ние имаме ум Христов – вели апостолот (1 Коринтјаните 2:16).  

До слегувањето на Светиот Дух човекот бил духовно мртов, и затоа барал: Господи, покажи ни Го Отецот (Јован 14:8). А кога го примил Духот на посинувањето и го почувствувал своето синовство и оживеал со духот заради Бога и заради спасението, од дејството на Светиот Дух тој му се обраќа на Отецот како на оној кого што го познава, како на Отец: Ава, Оче! (Римјаните 8:15).

Во водата на крштевањето се воспоставува паднатиот образ, човекот се раѓа за вечен живот преку водата и духот. Духот, Кој отстапил од човекот при неговиот пад, отсега присуствува заедно со човекот во неговиот земен живот, и притоа преку покајание ги исцелува раните коишто гревот му ги нанесува на човекот по неговото крштевање, и така, преку покајанието, го прави спасението можно до последниот здив.

На крштевањето Духот го воспоставува и образот Божји и красотата на Божјото подобие. Таа се умножува и усовршува преку исполнувањето на евангелските заповеди. Образецот на таа красота, полнотата на таа убавина е Богочовекот, Господ наш Исус Христос.

Угледајте се на мене, како што и јас на Христа! (1 Коринтјаните 11:1), објавува апостолот и ги повикува верните во себе да го возобноват  и усовршат Божјото подобие и укажува на Светиот Образец на совршенството на новите луѓе, пресоздадени, возобновени со искупувањето. Облечете се во Господа нашиот Исуса Христа (Римјаните 13:14).

При искупувањето на својот образ – човекот, Бог Троица дал таква можност за напредување во усовршувањето на подобието што подобието преминува во нова состојба при соединувањето на образот со Изворникот – соединување на бедното создание со неговиот сесовршен Творец.

Прекрасен е, чудесен е образот Божји, тој образ од кого свети, дејствува Бог! Сенката на апостолот Петар исцелувала! Некој човек излажал пред него и наеднаш се струполил мртов, зашто излажал пред Бога! Коските на пророкот Елисеј воскреснале мртовец чие тело – поради брзањето на погребниците, исплашени пред непријателот кој наближувал – се допрело во гробот со одамна закопаните коски на духоносецот!

Најблиско подобие, соединување, човекот добива – и по добивањето го чува – така што пребива во евангелските заповеди. Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод (Јован 15:4, 5).

Христијанинот добива блажено соединување кога со чиста совест, очистен со оддалечувањето од секаков грев, со точно исполнување на евангелските заповеди, се причестува со светото тело Христво и со светата крв Негова, а воедно и со – соединето со нив – Божеството Негово. Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него (Јован 6:56).

Разумен образу Божји! Размисли: за каква слава, за какво совршенство, за какво величие те повикал и те предодредил Бог! Неспознатливата премудрост на Создателот ти овозможила од себе да го направиш тоа што сакаш да го направиш.

Разумен лику Божји! Зарем не сакаш да станеш достоен лик Божји, зарем сакаш да се обезличиш, да се претвориш во лик на ѓаволот, да се спуштиш на нивото на бесловесните?

Не залудно ги излеал Бог Своите блага, не без причина го создал чудесниот свет, не без потреба му укажал почитување на Својот образ така што пред неговото создавање се посоветувал, а кога образот веќе паднал, не го искупил туку така, без полагање сметка за тоа! За сите Свои дарови Тој бара извештај. Тој ќе суди како се употребени Неговите богати дарови, како е оценето Неговото вочовечување, како е оценета Неговата крв којашто ја пролеал за нас при нашето искупување.

Тешко, тешко на оние коишто ги пренебрегнале добрите дела на Бога, Создателот, Искупителот!

Вечниот оган, одамна запален, неизгаслив, огнената бездна подготвена за ѓаволот и за неговите ангели, ги очекува обезличените ликови Божји коишто самите себеси се направиле непотребни. Таму тие вечно ќе горат и нема да изгорат довека!

Браќа! Додека сме на земјата, додека сме во предворјето на вечноста – во овој видлив свет – да се потрудиме да ги доведеме до правилност цртите на образот Божји кого што Бог го втиснал во нашите души, да им дадеме убавина, живост и свежина на нијансите и на боите на подобието, и Бог ќе види, на страшното испитување, дека сме подготвени за влегување во Неговото вечно, блажено живеалиште, во Неговиот вечен ден, во Неговиот вечен празник и славење. 

Да се охрабриме, маловерни! Да се придвижиме, мрзливи! Човек склон кон страсти, како и ние, кој во почетокот во својата помраченост ја гонел Црквата Божја, и кој бил противник, непријател Божји, толку многу го исправил во себе, по своето обраќање, од Бога дадениот образ Божји, до таа мера го усовршил подобието, што можел смело да каже за себе: И јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене (Галатјаните 2:20).

Никој нека не се сомнева во вистинитоста на тој глас! Тој глас бил до таа мера преисполнет со сесветската вистина, до таа мера бил помаган од Светиот Дух, што на гласот на Павле мртвите воскреснувале, демони излегувале од опседнатите, демонската пророчица останувала нема, непријателите на Божјата светлина останувале без сјај во очите, незнабошците ги отфрлале своите идоли, го спознавале Христа – вистинскиот Бог, и Му се поклонувале. Амин.

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 Посети:1238


Е-пошта

  Коментари (1)
1. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 11-06-2008 03:10
greshnik nemam sto da dodadam...

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 3
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Богородичен кондак

Св. Никола - с. Љубанци
29.08.2008


Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

05/09/2008 - петок

Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски;
Светиот маченик Луп;
Свети Виктор;

Православен календар за овој месец - МПЦ

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

Поуки од светите отци


Св. Теофан Затворник, : „Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш., ....
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

Беседа


...Та токму на неа се однесуваат и евангелските зборови дека нема поголема љубов од онаа, да се даде животот свој за својот ближен. Ова се зборови излезени од устата на нашиот Спасител Исус Христос...Повеќе...

ЛЕГЕНДА ЗА НЕМАТА ЦРКВА


– „Еве молитва којашто допира до нас!“ – рече Ангелот. Ете зошто лицемерните, формалните молитви не допираат до Бога и не донесуваат плод...
Повеќе...

Епископ Климент- Китки и лулудија


...Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


...„" Не ги земај премногу на себе грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди
...“
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно