логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Христос воскресна!

Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.

Повеќе...

Светите отци за Воскресението

Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.

Повеќе...


Големо Откритие во Охрид

 

Дедал пред 24 века слетал на Плаошник

Бронзена фигура на Дедал, таткото на Икар, висока 20 сантиметри, од 3 и 2 век пред новата ера, откриле археолозите на ископувањата на локалитетот Плаошник над Охрид. Ова е единствен ваков артефакт во земјава, а според првичните анализи, веројатно и во светот, објаснува археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Предметот е пронајден во земјата среде големата ранохристијанска базилика од 5 и 6 век, под мозаиците што се извадени и однесени на конзервација. Под слојот земја каде што лежела фигурината, археолозите пронашле бокалчиња и сатчиња кои припаѓаат од групата наречена македонски, односно пајонски бронзи, од 7 и 6 век п.н.е. Засега најстарите артефакти откриени на локалитетот се фрагментирана геометриска керамика, од 8 и 7 век п.н.е.

- Покрај керамиката, излезе исклучителен наод. Човекот на фигурата со двете раце е потпрен на бутните коски, а едната нога му е потпрена на вид постамент. На грбот има крилја. Тој е стар, ќелав на средината на главата, со коса околу. Тоа е Дедал, научникот, архитектот, таткото на Икар. Засега нема друга аналогија. Барав податоци и во стручната литература и на интернет. Слично, со крилја бил претставуван и Аполон, но тој секогаш има лик на млад човек - објаснува Кузман.

На локалитетот се работи на големо. Околу 330 луѓе ги покриваат сите простори под археолошкиот комплекс Плаошник. Целта на археолозите е да дојдат до податоци каде се наоѓале темелите на Светиклиментовиот универзитет. Земјиштето на локалитетот се спушта каскадно. Северно од реконструираната црква „Свети Климент“ археолозите ги пронашле најновите хоризонти на живеење - од шеесеттите години.

- Откопавме калдрми, каналчиња, куќи... Ова беше турско маало, се' уште ги паметам. Потоа луѓето се преселија во Турција, некои во градот. Интересно е за туристите да ги видат калдрмите од минатиот век - вели Кузман.

Ископувања се вршат околу црквата, која се наоѓа во огромна, трибродна ранохристијанска базилика од 5 и 6 век, која имала и крстилница и во своето време била еден од најголемите храмови на Балканот. Таму на ископувањата во претходните години археолозите пронајдоа мозаици што сега се кренати и однесени на конзервација.

- Го искористивме овој момент за да ги „фатиме“ постарите хоризонти. Почна да излегува керамика од периодот на македонскиот хеленизам, околу 3 и 2 век п.н.е и мат сликана керамика, околу пет века постара, од геометрискиот период во медитеранскиот културен круг. Наоѓаме фрагменти, нема цели садови. Слични предмети излегуваа и на ископувањата на Самуиловата крепост, во изминатите години. Тоа значи дека во тоа време тука имало развиена населба која се протегала од Самуиловата тврдина до Плаошник - објаснува археологот.

Тој вели дека многу се значајни предметите што се вбројуваат во групата македонски бронзи, од 7 и 6 век п.н.е. Археолозите пронашле бокалче и сатче, кои веројатно имале култна намена.

- Досега ги пронаоѓавме само на локалитетите во источниот дел на Македонија, каде што порано се простирала Пајонија. Македонските бронзи се типични за старомакедонската културна група. Ова покажува дека се протегала и на овие простори - категоричен е Кузман.

Археолошките ископувања на Плаошник, ги финансира Владата, во рамките на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет во Охрид“.

Научник, архитект, првиот митолошки летач

Приказната вели дека Дедал, Атињанинот, бил вешт ковач. Занаетот го научил од боговите Атина и Хефест. Дедал морал да побегне од Атина зашто го убил својот внук. Се засолнил на островот Крит и се вработил кај кралот Минос. Таму се оженил и го добил синот Икар. На кралот му правел секакви скулптури, мебел, машини, оружје, оклопи и играчки за децата од палатата. По неколку години работа од Минос побарал одмор, но кога владетелот го одбил, решил да побегне. Знаел дека е залудно да украде брод и да отплови, зашто брзите бродови на Минос веднаш ќе го стигнеле. Затоа, за себе и за Икар направил по еден пар крилја. Перјата ги споил со восок. Пред да тргнат, Дедал го предупредил синот да не лета премногу ниско за да не се намокри, ниту премногу високо поради Сонцето. Но, Икар се вивнал толку близу до Сонцето што крилјата почнале да му се одлепуваат. Почнал да паѓа и се удавил во морето. Кога морето го исфрлило неговото мртво тело, Дедал го погребал на мал остров, кој подоцна е наречен Икарија.

Весна Ивановска - Дневник

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 849
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1121
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1067
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (31.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (31.05.2019)

Светиот маченик Теодот и седум маченички девици: Текуса, Александра, Клавдија, Фаина, Ефрасија, Матрона и Јулија Теодот беше оженет и беше крчмар во Анкира во времето на Диоклецијан. Но иако беше...

Од Верскиот календар на МПЦ (30.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (30.05.2019)

  Светиот апостол Андроник     Еден од Седумдесеттемина. Роднина на Светиот апостол Павле, како што пишува самиот Павле (Рим. 16, 7), спомнувајќи ја и Света Јунија, помошничката на Андроник. Андроник беше...

Од Верскиот календар на МПЦ (29.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (29.05.2019)

Преподобен Теодор Осветен Ученик на Свети Пахомиј. Роден и воспитан како незнабожец, но како млад дојде до познание на вистинската вера, се крсти и кога чу за Свети Пахомиј, побегна...

Од Верскиот календар на МПЦ (28.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (28.05.2019)

  Преподобен Пахомиј Велики Родум Мисирец и во младоста незнабожец. Како војник учествуваше во борбата на царот Константин против Максенциј. Потоа, дознавајќи од христијаните за единиот Бог и гледајќи го...

Од Верскиот календар на МПЦ (27.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (27.05.2019)

  Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски     Свети Леонтиј е роден во Струмица, поранешен Тивериополис, од богати и благочестиви родители. На Крштението го добива името Лав. Штом научи да чита почна...

Од Верскиот календар на МПЦ (26.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.05.2019)

  Светата маченичка Гликерија Ќерка на еден гувернер на Рим. По смртта на татко ѝ осиромаши и се насели во Трајанопол во Тракија. Во времето на нечестивиот цар Антонин Гликерија беше...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.05.2019)

 Свети Епифаниј, епископ Кипарски Роден како Евреин, но кога ја виде силата на Христовата вера, се крсти заедно со сестра му Калитропија. Во неговата дваесет и шеста година се замонаши...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.05.2019)

„Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание“ (Марко 16, 15)   Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители,...

Од Верскиот календар на МПЦ (23.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.05.2019)

  Светиот апостол Симон Зилот Еден од Дванаесеттемина (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино,...

« »

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 371
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 208
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 207
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »