| Во чест на свети Георгиј Победoносец (07.05.2008) |
|
|
|
Свечени богослужби во женскиот манастир во Рајчица
А великомаченикот и овој пат излеваше обилна благодат преку своите мироточиви и исцелителни мошти. Зашто Светителот повторно ја покажа својата исцелителна моќ. Имено, потресно беше раскажувањето на еден верник од Битола, кој долго време боледувал од тешка болест на устата за која лекарите не можеле да помогнат. Овој човек со силна вера во срцето им пристапил на моштите, ги целивал и уште истиот ден бил исцелен од болеста.
Благодарни за чудото што свети Георгиј го направи, сестрите со посебно умиление ги пееја стихирите во чест на големиот Чудотворец и нивен моќен застапник пред Бога, кој ги собра од разни места и ги прими во својот дом, удостојувајќи ги да Му служат на Бога и секојдневно Му вознесуваат молитви и славословија. Прекрасно беше чувстото кога во раскошно украсениот храм, осветлен само од тивката светлина на свеќите, одекнуваа гласовите на присутните верници, бидејќи сите се придружија кон торжественото славење.
Зборувајќи за големото значење на свети Георгиј за Православието, митрополитот Дебарско-Кичевски и Плаошки г. Тимотеј, кој го збогати торжеството на празникот со своето присуство и кој чиноначалствуваше со Божествената Литургија, во својата проповед до верниците истакна дека со својата маченичка смрт, свети Георгиј стана една драгоцена и благородна жртва за доброто и напредокот на Христовата Црква и дека и денес, како што сведочи неговата света икона, им овозможува на новокрстените христијани да се спасат од злото на овој свет и да пронајдат сигурно пристаниште, засолниште, тврдина во новозаветната Црква, Црквата Православна наша.
Известуваат: сестрите од манастирот во Рајчица Посети:1010 Е-пошта
|
||||||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Божествена Литургија во Дортмиунд (08.11. 2008) |
| OTEC PIMEN,SE RADUVAME SH... |
| 20/11/08 12:50 Повеќе... |
| Од ANASTASIJA |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| OTEC GAVRIL,SE RADUVAME S... |
| 20/11/08 12:22 Повеќе... |
| Од ANASTASIJA |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Мислам дека п... |
| 20/11/08 12:14 Повеќе... |
| Од m. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| Отец, те позна... |
| 20/11/08 09:21 Повеќе... |
| Од Орце |
| Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против або... |
| SITE,AMA SITE DA JA STAVI... |
| 20/11/08 09:12 Повеќе... |
| Од DUCI |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 20/11/2008 - четврток |
Светиот маченик Јерон со дружината; |
Преподобен Лазар Галасиски; |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе... |
![]() ...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |