Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Православни Цркви во светот arrow Пасха на Света Гора (25.04.2008)
Пасха на Света Гора (25.04.2008) Испечати Е-пошта

Во Страсната седмица мноштво поклоници од целиот свет доаѓаат на Света Гора, каде што далеку од вревата на големите градови посилно може да се почувствува покајната атмосфера на манастирските богослужења. Целоноќните бденија, византиското пеење и тажното биење на манастирските камбани им овозможуваат на поклониците да го доживеат празникот на Христовото Воскресение на еден неповторлив начин.

На Велики Четврток светогорските монаси излегуваат и собираат цвеќе од градините и полјаните за да ги украсат плаштаницата на Христос и Неговиот крст. Велики Петок е ден на тихување, кога не се работи ништо. Манастирските богослужења започнуваат  во 1 или во 2 часот после полноќ и завршуваат до 6 часот. Со псалми и византиско пеење на Велики Петок се изнесува крстот со Рапетието, а оплакувањето се извршува на Велика Сабота од 1 до 4 часот наутро, а во 5 часот е изнесувањето на плаштаницата од храмот. Монасите и поклониците обиколуваат околу црквата и кога ќе стигнат пред централната порта на црквата сите поминуваат под плаштаницата и влегуваат во храмот, и на тој начин го изразуваат со-погребувањето со Христос. Првото воскресение на Света Гора е во 11 часот на Велика Сабота, а бдението започнува во 22 часот вечерта и завршува во 6 часот наутро во неделата на Пасха Господова. Тогаш монасите се собираат на пасхална трпеза и јадат риба, салата и црвени јајца. Низ цела Света Гора се слуша радосното биење на камбаните, коишто ја објавуваат веста за Воскресението. Празникот исто така не завршува тука. На вториот ден од Пасха во главниот манастир на Света Гора - Протатот започнува голема литија возглавена од епископот на Света Гора, кој ја носи чудотворната икона „Достојно ест“. Литијата трае 5 часа. Литии се прават во секој манастир на Атон во вториот или третиот ден на Велигден, кога се изнесуваат чудотворните икони на обителите.

Извор: Dveribg.net
Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 5
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели