Духовност
Одговори на современи проблеми
Отец Тадеј- Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење...
| Отец Тадеј- Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење... |
|
|
|
Оче Тадеј, Вие живеете духовен живот и затоа нашата овдевремена стварност можете да ја опфатите со духовен поглед. Кажете ни, Ве молам, неколку збора за невољите кои го снајдоа српскиот народ, зошто тие ни се случија и како да ги совладаме?....... Па страдаме затоа што мислите ни се зли и желбите ни се зли. Самите тоа го предизвикуваме, бидејки нема покајание кај нашиот народ. Нема покајание ни кај побожните, а да не говориме за оние кои не се побожни. Педесет години комунизмот многу големо зло направи, поголемо зло отколку 500 години под Турците. Толку (тоа зло) го одстрани народот од Бога, човеку! Па тие наши зли мисли и зли желби ја растурија хармонијата и мирот, просто ги разбиле и вродиле зли и тешки плодови. А самите сме за сето тоа виновни. Го береме плодот на своите мисли и желби.
Мора да се обнови покајанието. А тоа не е само исповед кај свештеникот, иако и тоа е потребно за слобода на човекот од злите мисли, туку покајанието е свртување кон апсолутното Добро. Значи, свртување кон Бога, бидејќи апсолутното Добро е Бог. Треба да се свртиме со срцето кон Бога и да бараме мир со Господ, да ни даде сила да бидеме добри. Заради своето добро да имаме добри мисли и добри желби. Ние тоа не го правиме и заради тоа страдаме.
Треба да се ослободиме од злото во себе. Ја имаме историјата на Израилците, Стариот Завет.. поголемиот дел е историја. Кога и да одстапил од Господ израилскиот народ, малиот филистејски народ го десеткувал и го покорувал, и многу страдал. Кога и Израилците да се покајале и обрателе кон Господ, со малку луѓе ги покорувале непријателите.
Нашите интереси многу не сопнуваат во животот. Те еден интерес и план, па друг, па трет, па четврт, па петти... И сметаме дека ништо нема да постигнеме ако не планираме, ако не размислуваме, ако не превземаме нешто. Ние навистина треба да се трудиме да работиме според совеста, но не забрзано. Бидејќи во забрзаноста не оборува непријателот. Во таа брзина, ние и не обрнуваме внимание дали ние повредуваме некоја личност или интересот на нашите ближни, дали попречуваме некого, не обрнуваме внимание на тоа, бидејќи сме зафатени со своите планови... И така низ животот ќе згрешиме кон ближните свои. А кога ќе згрешиме кон ближните свои, всушност нема да згрешиме кон личноста на човекот, туку лично кон Бога грешиме. Затоа што Бог почива тајно во секоја душа, и секаде почива. И каков е нашиот однос кон ближниот таков е и нашиот однос кон Бога. "Да не се противиш на злото" значи – да го сочуваш својот внатрешен мир
Знаеме како Господ, додека беше во тело, беше внимателен кон сите, кон секого, кон оние кои Го гонеа. Он Бог Семоќен, Чија само една мисла и збор и – се паѓа, се се руши. Но, Он ни го покажа патот како треба да се учиме да се тргаме од злото. И Господ Самиот вели: да не се противиме. Вели да не се противиме на злото, а "да не се противиш на злото" значи - да го сочуваш својот внатрешен мир. Противењето е зло, тоа сака да возврати со иста мерка, и тогаш настанува војна, и тоа е, тогаш, храна за паднатите духови на поднебесието. А кога напаѓаат, а немаат противење тогаш оружјето веднаш им паѓа и се поразени. Затоа по секоја цена да се потрудиме, со помошта Божја, постојано да го молиме: "Господи, да ми го сочуваш внатрешниот мир, да ме научиш како да бидам мирна, тивка, блага душа, како што се Анѓелите твои и Светите".
Светите Отци се молеле:
Светите Отци велат: штом станеме од спиење, веднаш нашето внимание нека биде со Господ, нашите мисли нека бидат соединети со Господ, и така, преку ден, постојано, постојано да се сеќаваме на Господ. Светите Отци се молеле: Господи, да ме избавиш од заборавот! Постојано тоа се молеле Светите Отци – за избавување од заборавот! Бидејќи ние се забораваме во предметите, во работата..забораваме дека Господ е секаде, дека е тука присутен и дека работата што ја работиме е и Негова работа. Ние се мислиме дека луѓето ни дале задача да ја завршиме и некако без воља работиме, а кога работиме без воља тогаш во нас се создава одвратност и противење. И така тече нашиот живот, од ден во ден, во противење, и така ќе остариме, веќе сме во години, а животот ни истекол во постојано противење.
- Што е најважното во духовниот живот? Тогаш што правевте?
-Кога како. Најчесто ја зимав армониката, одев во самотија и свирев. Отсекогаш ја сакав музиката, и тоа ќе ми донесеше утеха. Подготви: С. Стефановска
Посети:1007
Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Божествена Литургија во Дортмиунд (08.11. 2008) |
| OTEC PIMEN,SE RADUVAME SH... |
| 20/11/08 12:50 Повеќе... |
| Од ANASTASIJA |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| OTEC GAVRIL,SE RADUVAME S... |
| 20/11/08 12:22 Повеќе... |
| Од ANASTASIJA |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Мислам дека п... |
| 20/11/08 12:14 Повеќе... |
| Од m. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| Отец, те позна... |
| 20/11/08 09:21 Повеќе... |
| Од Орце |
| Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против або... |
| SITE,AMA SITE DA JA STAVI... |
| 20/11/08 09:12 Повеќе... |
| Од DUCI |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |